Џонтра брат, севиља ние на наша кожа осетивме што гад екипа е се им ебам.
Од друга страна, па и Халанд игра во ултра јакиот (не) Дортмунд што е 5то место во Бундес
Да, може на крај да остане и без тие 2 гола, но табелата што ја постирав не е табела што ги има Марио Гомес, Инзаги или Дадо Пршо туку табела што ги има Кристијано Роналдо и Лео Меси на 8 од 10 позиции и Лева (лани) и Ван Нистерлој во Јунајтед (2002).
Од старт да кажам НЕ ГО СПОРЕДУВАМ НИТУ ПАК САКАМ ДА СПОРЕДАМ БИЛО КОЈ ИГРАЧ СО МЕСИ И РОНАЛДО! ТОА ШТО МЕСИ И РОНАЛДО ГО ИМААТ НАПРАВЕНО ВО НИВНИТЕ КАРИЕРИ Е ФЕНОМЕНАЛНО!
Е сеа, на таа табела доколку успее да влезе 20 годишен играч на Борусија Дортмунд е стварно огромен успех. И тоа во првата негова цела сезона во било која од топ 5 лигите. Пошто пред се, Роналдо и Меси се едни од најдобрите играчи што некогаш играле фудбал, Левандовски беше главен шпиц и голгетер во Баерн Минхен лани, а сите уште добро памтиме каква машинерија беше Баерн минатата сезона, за Ван Нистерлој во 2002 не можам да коментирам но каков тим имал Манчестер тогаш и каква класа шпиц беше Ван Нистерлој ваљда повеќето се сеќаваат.
Тука збориме за играчи којшто играле во тимови како Реал и Барса, Манчестер под САФ и Баерн Минхен. Борусија Дортмунд никогаш не била главен фаворит за титула, сите овие тимови се фудбалски институции за Борусија Дортмунд и има огромна разлика. Од друга страна на Халанд ова му е прва сериозна сезона во топ 5 лигите, иако се сложувам со вас дека сеуште има фурни леб да јаде и цела кариера е пред него, сепак ти да си најдобар стрелец во Лигата на Шампионите на 20 години, во тим како Борусија Дортмунд (која што при тоа се бори за 5то место во Бундес), да имаш 10 гола на 6 натпревари и те како е огромен успех и оправдан хајп.
Од друга гледна точка, тоа што е млад (19-20 години), прва сериозна сезона му е (во топ 5 лигите) а игра во тим којшто не е баш во форма (5место во Бундес) само му додава „тежина“ на секој постигнат гол. Пошо реално има многу позвучни и подокажани имиња од Халанд во ЛШ сезонава, има многу појаки тимови од Дортмунд сезонава. Ваљда сфаќате што ми е поентата.
Околу тоа каков генијалец е Раиола нема збор, да немаше корона може и лагано над 200 милиони цена да му напука (со оглед на другите негови клиенти и се тоа).
И да, во муабет за Халанд и било какви споредби се пуштив од кога беше спореден со Тимо Вернер.
Само се надевам дека ќе напраи добар трансфер летово и ќе биде поштеден од повреди, и на бројки а и „на око“(ЛШ) детето е перфекција!