Која би било причината што Хром не може да ми отвори одредена страна кога сум поврзан на домашното Wi-Fi, а ја отвора кога ќе се поврзан на интернет од мобилниот со хотспот? Се работи за Webmail Roundcube, значи e-mail client.
До вчера немав никаков проблем, вчера требаше со друг мејл да се логирам и ја промашив лозинката неколку пати, и после тоа престана комплетно да ми го отвара линкот.
Пробав со базични работи како рестарт на пц, рутер, модем, пробав и со други пребарувачи, пробав и со друг лаптоп, исто... Не отвара со Wi-Fi, a отвара со hotspot.

Не сакав да чепкам proxys, DNS, IPS, firewall бидејќи не се разбирам, а како што прочитав нешто на нет, можно е до тоа да е. Што може да се направи?