@ob1 имаат ли добри информации овие за Реал Мадрид?
Му истекува договорот со Реал летово, а можеби е точна информацијата бидејќи ќе го планираат како десен бек почесто.
Немаат они ексклузивни информации, туку се портал за Реал Мадрид кој споделува информации, во самиот твит има дека информацијава им е превземна од шпанскиот весник АС, кој некогаш знае да биде релевантен некогаш не.
Во врска со Лукас Васкез, можно е да има вистина бидејќи не можат да се договорат за продолжување на договорот.
99% ќе си отиде бидејќи бара повисока плата + некои нови 3 или 4 години продолжување.
Реал веќе има обезбедено замена за него, доколку си отиде, ќе си го вратат Де Фрутос од Леванте.
За Баерн не знам искрено, ова е прва вест што ја читам кај што ги спомнуваат Васкез и Баерн во иста реченица.
За бек ап десен бек можеби би бил добар, ама не очекувај премногу, едноставно човекот не е десен бек.
Цела сезона ја изигра на десен бек поради повреди на Карвахал и иако прикажа добри партии (со него на десен бек ги тепаа Барса, Интер и Атлетико ако не се лажам) тоа се должеше повеќе на мотив и колективна одбрана.
Често остава простор, фаќан е надвор од позиција, неколку пати не коштал голови и се тоа поради тоа што не е десен бек.