Покачување од 5-10% во пракса и не е покачување, тоа е само едно усогласување со инфлацијата и покачените цени, ако годишно не го добиеш тоа покачување значи земаш помалку во однос на претходната година. Членот погоре напиша дека за 5 години од 9.800 стигнал на 16.800, што во пракса значи дека тој сега зема иста плата како и пред 5 години оти за 5 години таа разлика во цифрите е изедена од покачените трошоци.... Во реалноста, кај нас, за вистинско покачување од 5-10% тоа треба да биде изразено со цифрите 15-20%. И покачувањето во проценти е многу релативна работа. На пример покачување од 10% на плата од 60.000 ден. е 6.000 ден. а на 15.000 ден. е 1.500 ден..... Има една анегдота од времето на самоуправувањето, во фабрика, на работнички совет било ставено прашањето за покачување на платите и требало да се реши дали покачувањето да биде линеарно или процентуално... претставниците на работниците едногласно гласале за процентуално (на сите по 20%) оти појма намале што е тоа линеарно, така тие што земале поголеми плати добиле и поголемо покачување а работниците останале со прстот во уста....