ИТ фирми и пракси во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StaticStupid
  • Време на започнување Време на започнување
Ова ти е доказ дека ниедна академија не е на ниво. Тие треба да претставуваат место за преквалификација и да произведат комплетен кадар по нејзиното завршување. По правило треба да има и комплетно оценување: теоретски + практично за тие технологии.
Е маката е што овие се чист бизнис, а пак овие кои упорно плаќаат на ваквите се во најчесто мрзи без дисциплина да седнат сами дома.

Програмирање не се учи во 3 часови неделно туку со посветеност месеци/години во секој слободен момент, плус не само што не се учи туку е и професија во која нема работно време од 8 до 17h. Еве во моментов уште работам, чекам да завршат скриптите и да продолжам барем уште 3 часови, од 8 сабајлево имам мрднато 30 мин од стол и тоа не е еднаш неделно туку повеќе од пола седмица. Гратис, легнуваш да спиеш и го сонуваш проблемот на кој си ја траскал главата цел ден.
Е голем дел од дечките не се спремни на таква посветеност, самото одење да му лупниш 2000 евра во академија за да ти раскаже видео кое го има на udemy/freecodecamp/youtube е уште еден показател колку таа личност е спремна да си ја чука главата за да реши одреден проблем.

Најтрагичното е што голем дел од тие лица одат во академиите оти не се задоволни од моменталните работни места/професии (најчесто ради финансиски дел), ем ќе останат без тие 2-3к евра, ем никогаш нема да почнат да работат во ИТ свет.

Најпопуларното грешно мислење на денешницата. И во сојуз на програмери често гледам совети земи учи на udemy, не оди на академија. Јас не познавам човек што од udemy научил да програмира. Од друга страна знам луѓе, а верувам дека и сите знаете луѓе што завршиле некоја академија и смениле кариера. Тука дел заслуга имаат и парите што ги плаќаат, кога си дал толку пари ќе седнеш и ќе учиш. Ама верувам и фидбекот што го добиваат луѓето од луѓето што предаваат на самите академии. Познавам неколку такви луѓе што предаваат на разни академии и знам дека се врвни професионалци.
Од 100 луѓе, можеби 20 ќе сменат кариера (ја лупам бројкава) што и те како е успех за самите луѓе. Исто е и со ФИНКИ, од 1000 луѓе, 200 ќе работат ко софтверски инженери. Друг голем плус што јас лично го гледам кај ваквите академии е што работат на дигитално описменување на целокупното население. Не мора сите луѓе што се запишале да станат програмери или дизајнери или било што. Ама битно е што сите луѓе ќе научат понешто за компјутери, за програмирање, за маркетинг, за дизајн. Тие луѓе имаат другари, ќе имаат деца на кои што можат да им пренесат барем дел од наученото. Евентуално, ќе излеземе од дигиталната неписменост во која моментално живееме, кога 30% од населението ќе знае што е HTML, што е CSS, што е сервер, што е browser, што е Photoshop, што е дигитален маркетинг и што и да се учи друго не знам.
 
Јас ги имам чешлано буквално сите проекти на секој кандидат што му дошол на интервју. За жал, од 100 пријавени, дали 5 имаат направено нешто свое. Ако има 100 со проекти како референца, ќе трае месец дена процесот, не е тоа проблем.
Ако станува збор за работно место да. Но ако станува збор за пракса, за луѓе без работно искуство на кои сите проекти им се од фаукултет/курс мислам дека е губење на време. За мене најефективен е следниот пристап:
1. Филтрирање на CV - да се исфрлат тие што немаат никакви квалификации, или пишале "zdr" во mail-от :D
2. Онлајн рунда - Кандидатите решаваат задачки на систем како hackerank. Задачите се на најосновно ниво, fizz buzz style. Овој степ филтрира 50-60% од кандидатите.
3. 1 на 1 интервјуа со кандидатите што ја поминале онлајн рундата
 
Што се никакви квалификации? Некој што би учел онлајн веројатно би немал ни факултет ни курс.
 
Најпопуларното грешно мислење на денешницата. И во сојуз на програмери често гледам совети земи учи на udemy, не оди на академија. Јас не познавам човек што од udemy научил да програмира. Од друга страна знам луѓе, а верувам дека и сите знаете луѓе што завршиле некоја академија и смениле кариера. Тука дел заслуга имаат и парите што ги плаќаат, кога си дал толку пари ќе седнеш и ќе учиш. Ама верувам и фидбекот што го добиваат луѓето од луѓето што предаваат на самите академии. Познавам неколку такви луѓе што предаваат на разни академии и знам дека се врвни професионалци.
Од 100 луѓе, можеби 20 ќе сменат кариера (ја лупам бројкава) што и те како е успех за самите луѓе. Исто е и со ФИНКИ, од 1000 луѓе, 200 ќе работат ко софтверски инженери. Друг голем плус што јас лично го гледам кај ваквите академии е што работат на дигитално описменување на целокупното население. Не мора сите луѓе што се запишале да станат програмери или дизајнери или било што. Ама битно е што сите луѓе ќе научат понешто за компјутери, за програмирање, за маркетинг, за дизајн. Тие луѓе имаат другари, ќе имаат деца на кои што можат да им пренесат барем дел од наученото. Евентуално, ќе излеземе од дигиталната неписменост во која моментално живееме, кога 30% од населението ќе знае што е HTML, што е CSS, што е сервер, што е browser, што е Photoshop, што е дигитален маркетинг и што и да се учи друго не знам.
Еве јас не сум бил во академија па со години работам во овој сектор, двајца колеги во претходната фирма исто беа самоуки (php едниот, дб администратор другиот).
Не зборувам само за јудеми туку и за цели буткемпови (freecodecamp, the odin project) и книги.
2000 евра за да знае што е html, css не ми изгледаат логични, али ајде, не зборувам повеќе да ви ги бркам муштериите ;)
 
Последно уредено:
А како да си го оцениш нивото? Дали си за пракса дали си јуниор. По кои критериуми. По работно искуство? Тоа неам и затоа барам пракса а колкаво ми е нивото сварно незнам
 
Најпопуларното грешно мислење на денешницата. И во сојуз на програмери често гледам совети земи учи на udemy, не оди на академија. Јас не познавам човек што од udemy научил да програмира. Од друга страна знам луѓе, а верувам дека и сите знаете луѓе што завршиле некоја академија и смениле кариера. Тука дел заслуга имаат и парите што ги плаќаат, кога си дал толку пари ќе седнеш и ќе учиш. Ама верувам и фидбекот што го добиваат луѓето од луѓето што предаваат на самите академии. Познавам неколку такви луѓе што предаваат на разни академии и знам дека се врвни професионалци.
Од 100 луѓе, можеби 20 ќе сменат кариера (ја лупам бројкава) што и те како е успех за самите луѓе. Исто е и со ФИНКИ, од 1000 луѓе, 200 ќе работат ко софтверски инженери. Друг голем плус што јас лично го гледам кај ваквите академии е што работат на дигитално описменување на целокупното население. Не мора сите луѓе што се запишале да станат програмери или дизајнери или било што. Ама битно е што сите луѓе ќе научат понешто за компјутери, за програмирање, за маркетинг, за дизајн. Тие луѓе имаат другари, ќе имаат деца на кои што можат да им пренесат барем дел од наученото. Евентуално, ќе излеземе од дигиталната неписменост во која моментално живееме, кога 30% од населението ќе знае што е HTML, што е CSS, што е сервер, што е browser, што е Photoshop, што е дигитален маркетинг и што и да се учи друго не знам.

Другар дај бе не треси глупости. Најди ми една академија која ќе креира поквалитетен node курс од нула до да те оспособи да работиш на проект од ова? 50 саата code examples и работа на различни типови на проекти кои варираат од стандарден веб сајт кој враќа хтмл од бекенд до комуникација со надворешни апиња, креирање на твое апи, креирање на real time апликација со помош на веб сокети итн. Е да побарување е да знаеш јаваскрипт. Има луѓе кои глумат дека ги интересира нешто па плаќаат грдни пари по курсеви, ако стварно те интересира имаш тони материјал на нет.
 
Ниту имам време ниту интерес да бранам академии или udemy или финки или било што. Го пишав мојот став, тоа е.
 
Така де, еве во една година како се станува data scientist во академија:
105-724x1024.png

1616498674157.png
Само 1 до 2 технологии од овие е малку време да се совладаат доволно во рок од 1 година, особено не во Data Science што е далеку покомплексна од останатите сегменти, за математика и статистика да не правиме муабет, само за нив треба повеќе од 1 година.

Рандом лик што ќе дојде во академијата во таа една година ќе совлада: SQl и Data Warehouse, Power BI, Advanced Excel, анализа на податоци, Python+Machine Learning и згора на се big data :lolzz:
 
Ова ти е доказ дека ниедна академија не е на ниво. Тие треба да претставуваат место за преквалификација и да произведат комплетен кадар по нејзиното завршување. По правило треба да има и комплетно оценување: теоретски + практично за тие технологии.
Е маката е што овие се чист бизнис, а пак овие кои упорно плаќаат на ваквите се во најчесто мрзи без дисциплина да седнат сами дома.

Програмирање не се учи во 3 часови неделно туку со посветеност месеци/години во секој слободен момент, плус не само што не се учи туку е и професија во која нема работно време од 8 до 17h. Еве во моментов уште работам, чекам да завршат скриптите и да продолжам барем уште 3 часови, од 8 сабајлево имам мрднато 30 мин од стол и тоа не е еднаш неделно туку повеќе од пола седмица. Гратис, легнуваш да спиеш и го сонуваш проблемот на кој си ја траскал главата цел ден.
Е голем дел од дечките не се спремни на таква посветеност, самото одење да му лупниш 2000 евра во академија за да ти раскаже видео кое го има на udemy/freecodecamp/youtube е уште еден показател колку таа личност е спремна да си ја чука главата за да реши одреден проблем.

Најтрагичното е што голем дел од тие лица одат во академиите оти не се задоволни од моменталните работни места/професии (најчесто ради финансиски дел), ем ќе останат без тие 2-3к евра, ем никогаш нема да почнат да работат во ИТ свет.
Глупости, знам милион дисциплинирани деца, што завршија факултети од дефицитарни струки, ама касно им текна дека таму нема пари. Сега си работат ИТ.
 
Јас не познавам човек што од udemy научил да програмира.
Јас познавам преку 150 што од плуралсајт и удеми научиле да програмираат и да станат подобри програмери.
Ако станува збор за работно место да. Но ако станува збор за пракса, за луѓе без работно искуство на кои сите проекти им се од фаукултет/курс мислам дека е губење на време. За мене најефективен е следниот пристап:
1. Филтрирање на CV - да се исфрлат тие што немаат никакви квалификации, или пишале "zdr" во mail-от :D
2. Онлајн рунда - Кандидатите решаваат задачки на систем како hackerank. Задачите се на најосновно ниво, fizz buzz style. Овој степ филтрира 50-60% од кандидатите.
3. 1 на 1 интервјуа со кандидатите што ја поминале онлајн рундата
Грејџуејт програма, каде што аплицираат луѓе без работно искуство. Апсолутно не е губење време. И секако дека процесот вклучува и задача, и тестови, и интервју. Ама што повеќе теми за муабет има, тоа полесно иде интервјуто. А секој направен проект, е тема за муабет.
 
Глупости, знам милион дисциплинирани деца, што завршија факултети од дефицитарни струки, ама касно им текна дека таму нема пари. Сега си работат ИТ.
Со чест на овие исклучоци, ама во академии за преквалификација одат и ликови што завршиле: правен, социологии, педагошка, филозофски...луѓе кои за време на студирање имаат користено максимум пдф/ворд, а математика последно виделе во средно.

Браво за нив, не викам дека нема да има исклучоци кои со помош на академијата нема да влезат во ИТ, ама далеку од тоа дека сите што ќе земат пусулче од таму ќе работат во оваа област, прашање дали 30% навистина ќе се бават со ИТ.
Истите ако седнат од дома на онлајн курсеви ќе сфатат дека не се за во ИТ за без пари (ќе потрошат само време), а вака ќе останат и без 2-3к евра и пак ќе си работат тоа што работеле претходно.
 
Што се никакви квалификации? Некој што би учел онлајн веројатно би немал ни факултет ни курс.
Работите што си ги научил онлајн можеш да ги ставиш во CV-то. Дали си учел од книги/туторијали онлајн, си поминал курс на Udemy или имаш диплома од Brainster не ми прави многу разлика.
Ова го мислев повеќе во смисла луѓе кои си пуштаат рандом CV-а на сите огласи што ќе ги видат, а си немаат допирна точка со работите што ги бараш. На пример, ако дадам оглас за пракса за web development и кажам дека барам основни познавања од C#, очекувам кандидатот да имал некаков допир со јазикот, или барем со јазик кој е многу близок со него. Ако пишува дека завршил машински и единствениот допир со програмриање му бил на изборен предмет во прва година, каде што работел во C, најверојатно нема потреба од интервју.
 
Кога се испраќа е-маил за пракса, CV-то пожелно е да биде на македонски или англиски ?
Бидејќи голем број од огласите се на англиски, не знам на кој јазик да го напишам е-маилот и CV-то
 
Ако огласот е на англиски пиши го и CV-то/мејлот на англиски. Особено ако станува збор за странска компанија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom