Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Абе цел свет чекаше нов хотел покрај езеро да се напрајт за да может во Охрид да дојдет, досега не можеа!

Абе аман скри се, кантар не ти ги мерит глупостиве
За да можиш да привлечиш туристи мораш да почниш од некаде, инфраструктурно, нови луксузни хотели и различни видови на барови и сл. Мора да има различна понуда. Со твојот плиток ум не можам да разговарам џабе е све, има доста како тебе само шо плукет и све му сметат....
 
Ма изградите уште сто хотели и аеродром на сред езеро, па да трчаат туристи у бетонската џунгла.
 
За да можиш да привлечиш туристи мораш да почниш од некаде, инфраструктурно, нови луксузни хотели и различни видови на барови и сл. Мора да има различна понуда. Со твојот плиток ум не можам да разговарам џабе е све, има доста како тебе само шо плукет и све му сметат....
Многу попаметно би било постоечките што се веќе изградени да почнат да се одржаваат уместо нови да креваат.Има поише од доволно хотели по Охридското крајбрежје
 
А пример зошто да не се направит Хотел, 50м од езеро, зошто ви сметат, као демек старото парк диско и ресторанот беше нешто добро и функционално, позади парк е цело со треви и никој не обрнува внимание, а пред дискотеката таа куќата наркомани шо се собирет то е добро значит?

Имаше 1000 начини да се проработат тој простор и да се зачуват оригиналната градба.
Шо иритират во ситуацијава се неколку работи:
1.Прво и основно, во фаза дур се рушет дивоградби се дозволуват градење на нецели 50 метри од езеро
2.Се градит со истечена дозвола за градба во истиот тој период кај шо наводно се водит борба со дивоградби
3.Ќе се рушит овој објект и ќе се изградит некое чудовиште налик Парк апартмани шо се познават дури од Струга. Стариот Парк хотел беше усогласен со природата, исто и со ресторанот шо се руши
4.Како сегашниот "хотел" Парк ја помогна економијата во градов? Плацот доби дозвола за градба на хотел, на крај испаднаа апартмани. Како, зошто?
5.Дали и новиов хотел ќе си ја заградит плажата за сопствена употреба? Да те потсетам дека не е дозволено.
 
Последно уредено:
А пример зошто да не се направит Хотел, 50м од езеро, зошто ви сметат, као демек старото парк диско и ресторанот беше нешто добро и функционално, позади парк е цело со треви и никој не обрнува внимание, а пред дискотеката таа куќата наркомани шо се собирет то е добро значит?
Најмал проблем за нас охриѓани е дали ќе се гради хотел на таа локација или не, секако сме обични смртници и на никого не го интересира нашето мислење..И каква добивка има градот и Охриѓани од тој хотел?Голден/Парк се изгради, кога сакаш помини една соба не свети од стотината, као продаени на скопјани а тие скопјани штета немале време да дојдат..Горица 1ва градска плажа, сме оделе ко деца имало гужви игла да не мојш да фрлиш а сега класика, лежалки маси..Исто и со оваа плажа..На која основа така лесно се присвојува државно земјиште? Пубо ливади и ѓубрина, отколку хотели кои никогаш нема да функционираат..Мн чиста работа се овие бизниси, гледам и ден денес повеќето функционираат, без никаква добивка..Секоја им чест, сакаат луѓето да ризикуваат во животот.. :pos: :pos:
 
За да можиш да привлечиш туристи мораш да почниш од некаде, инфраструктурно, нови луксузни хотели и различни видови на барови и сл. Мора да има различна понуда. Со твојот плиток ум не можам да разговарам џабе е све, има доста како тебе само шо плукет и све му сметат....
Ова можеби има логика на некој друг меридијан... Охриѓаниве го искусија Голден бич и точно знаат за што станува збор. Не знам колку го познаваш Охрид, Горица беше една од ретките плажи кај што може и пешки да се стаса и како копиљаци сме оделе со пешкирче под рака... Дали си бил да го видиш Голден Бич, направен со идентична визија како и ова идново кај Парк?
Бетон, Бетон, невкусна гломазна зграда, wanna be монденско место со квази-летна излитена опрема.
Основата на Охрид е културно наследство, историја, езерото има приказна, луѓето не бараат монденство во Охрид ниту го очекуваат. Сакаат плажи, сакаат автентичност.
Ние класа и монденство ниту во другиот живот нема да имаме туку дај да бидеме реални и инакви (не во негативна смисла).
Преноќишта и хотели има милион, ќе разберев да имаат замисла да направат барови покрај плажа, да се уреди просторот...Ете има ново чудовиште хотел кај Биљанини извори. Нов бетон не одобрувам и не може да биде во било која смисла позитивен за градот и туризмот.
 
Понеделник ќе излезет со изјава дека бесправно било уривањето, како сол на рана, и после никој ништо. Како со години шо не прает магариња и си џутиме, така и сеа.

ГЕОРГИЕСКИ ЌЕ ЈА ПОСЛУША ВЛАДАТА, ГРАДЕЊЕТО КАЈ „ПАРК“ ЌЕ СОПРЕ ДОДЕКА НЕ СЕ ВИДИ ДАЛИ ОДОБРЕНИЕТО ЗА ГРАДБА Е ВАЖЕЧКО

:sekcza::zver::sekcza:
 
Охрид, 1 април 2021

Првпат по завршување на корона кризата на реновираниот аеродром Св. Апостол Павле слетаа првите холандски туристи.Домашните туристи првпат после подолго време со автобуси преку автопатот Кичево - Охрид се упатија кон нашиот бисер и во голем број ја преплавија новата Автобуска станица.
По пристигнувањето и краток шопинг во Охрид Мол се упатија кон Пештани, Љубаништа или Трпејца по новиот експресен пат.
Холандските туристи после вечерата ( во најголем број сместени во новиот хотел Парк на Булевар Абас Емин, веднаш до централната катна гаража) се упатија на релаксирање во новоотворениот затворен базен.За утрешниот ден програмата предвидува патување со бродот Пловдив до Поградец, соседна Албанија или истата тура со велосипед по новата патека околу Охридското Езеро.
Денешните слики даваат позитивна атмосфера за враќање на туризмот во Охрид, што секако ќе даде поголем допринос во екомонскиот развој.
 
Ова можеби има логика на некој друг меридијан... Охриѓаниве го искусија Голден бич и точно знаат за што станува збор. Не знам колку го познаваш Охрид, Горица беше една од ретките плажи кај што може и пешки да се стаса и како копиљаци сме оделе со пешкирче под рака... Дали си бил да го видиш Голден Бич, направен со идентична визија како и ова идново кај Парк?
Бетон, Бетон, невкусна гломазна зграда, wanna be монденско место со квази-летна излитена опрема.
Основата на Охрид е културно наследство, историја, езерото има приказна, луѓето не бараат монденство во Охрид ниту го очекуваат. Сакаат плажи, сакаат автентичност.
Ние класа и монденство ниту во другиот живот нема да имаме туку дај да бидеме реални и инакви (не во негативна смисла).
Преноќишта и хотели има милион, ќе разберев да имаат замисла да направат барови покрај плажа, да се уреди просторот...Ете има ново чудовиште хотел кај Биљанини извори. Нов бетон не одобрувам и не може да биде во било која смисла позитивен за градот и туризмот.
Се согласувам со твоето мислење, освен во делот дека на плажите треба да се направат барови. Според мене никакви барови не се потребни. Природни плажи, онакви какви шо се создадени од Господ, доволно е само да се одржуваат и чистат, да се ужива во недопрената природа, да се ужива во звукот од бранчињата и штурците...Баровите претпоставуваат остварување на профит, заградување на најубавите делови од плажата, поставување на маси, столици, лежалки, бетони и бекатони, а со тоа и недостапност на плажата за широките народни маси, иако плажата и според нашиот Устав е добро во општа употреба. Наместо музиката од штурчињата, бучава од басови и турбо фолк завивање, наместо луѓе да уживаат во прекрасната природа, сонцето и езерото, дотерани луѓе со кило пудра и високи потпетици и златни ланци, луѓе дојдени да бидат видени и да видат на кои воопшто не им е гајле за природните убавини на Охрид. Наместо природните мириси од вегетацијата (каде зимзелени дрва, каде капини, а порано и диви јаболчиња и трендафили), мириси од наргилињата што се пушат и на хемикалиите од пена забавите. За мене незаменливо е чувството летно време кога ке излезам од езеро да легнам на топлите камчиња на плажа, макар и некое да ме набива, да видам луѓе и насмеани дечиња кои уживаат во плажата и природата...Средена и чиста плажа не претпоставува и барови и "урбанизација и модернизација" на истата, а пари може да се заработат и на други начини (секако парите од "приватните" плажи завршуваат во чебот на неколку моќници, а на штета на Охрид и Охриѓани).
 
И ohridnews.com почнаа со бришење коментари.А ги сметав за поозбилен медиум.Среќна нова 49'та.
Грујо врати се ќе испаднит работава :sick:
 
Сосема се сложувам ама зборуваме за приватен имот... Како станал приватен е друго прашање. Сите ние сакаме убава недопрена природа ама колку е реално на 10 минути пешки од Охрид да добиеш нешто такво?
Муабетот ми беше пошто е веќе „доделена“ на некого, барем со усул да биде. Музиката е пак сосема друг проблем. Никад не ми било јасно на кој му текнало да организира нпр жива музика со појачало на Потпеш? Па тој треба да се притвори.
Треба да има некаков концепт, треба да се има усул.
 
Од Тамаро дан го имет земено да го работат?:pos:
Зш каков турбофолк рокат по маркетине, то на седми канал Ѕвезде Гранда не се најџвит.
Ко сме веќе кај нив, како имет фатено со поминати рокој шиткање производи во последно време (и Миса и други ама не толку апла) чудо глушецон од Кам да не е кај нив.Или мојт имат пребегано.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom