Bojan Van Buuren
Колектор
- Член од
- 11 април 2008
- Мислења
- 8.394
- Поени од реакции
- 12.058
Затоа реков, околностите се погодија да се такви поради односите со Бугарија па затоа сите се дигнаа. Ветото е мислам најмал проблем, толку вета сме имале до сеа што нормално ни стана, чудно ќе ни дојдеше ако стварно почневме преговори. Најголемиот проблем е тоа што Бугарите ти викаат дека не постоиш како народ, дека си заблуден Бугарин, уште неосвестен. Баш ради таквата ситуација на сите им смета државјанството на Васил.И што ако има бугарско државјанство?
Абе има ли нормален во оваа држава?
Нели е ова расизам?
Цел народ се крена на нозе бидејќи во спотот имало знаме кое наликувало на бугарското?
Па после уште толку заради изјава на момчето дека баба му била Бугарка...
Алооо бродот ви тоне...
Ова излегува дека Бугарија била во право што опнала вето.
Тука ај искрено да прашам, дали истите овие расизам и омраза ќе беа излеани од народов бившо југословенски доколку немаше вето од Бугарија?
Ама искрен одговор сакам...
Да беше ова пред 5-6 години, никој немаше да се замара колку државјанства има момчето и дали некое од тие државјанства е бугарско.
И ваљда не веруваш дека сме имале секогаш некоја омраза према Бугарите, зошто ако беше така луѓено во Елешец ќе си седнеа со пуканките покрај плажа и ќе гледаа како се дават Бугарите од Илинден... мислам стварно е глупо да кажуваш дека Бугарите биле во право коа викаат дека историски ги мразиме...
П.С. страшно креативен и интересен си кога пишуваш „народов бившо југословенски“, еве у интелектуален транс ме фрли...