Блам држава

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
И што ако има бугарско државјанство?
Абе има ли нормален во оваа држава?
Нели е ова расизам?
Цел народ се крена на нозе бидејќи во спотот имало знаме кое наликувало на бугарското?
Па после уште толку заради изјава на момчето дека баба му била Бугарка...
Алооо бродот ви тоне...
Ова излегува дека Бугарија била во право што опнала вето.

Тука ај искрено да прашам, дали истите овие расизам и омраза ќе беа излеани од народов бившо југословенски доколку немаше вето од Бугарија?

Ама искрен одговор сакам...
Затоа реков, околностите се погодија да се такви поради односите со Бугарија па затоа сите се дигнаа. Ветото е мислам најмал проблем, толку вета сме имале до сеа што нормално ни стана, чудно ќе ни дојдеше ако стварно почневме преговори. Најголемиот проблем е тоа што Бугарите ти викаат дека не постоиш како народ, дека си заблуден Бугарин, уште неосвестен. Баш ради таквата ситуација на сите им смета државјанството на Васил.

Да беше ова пред 5-6 години, никој немаше да се замара колку државјанства има момчето и дали некое од тие државјанства е бугарско.
И ваљда не веруваш дека сме имале секогаш некоја омраза према Бугарите, зошто ако беше така луѓено во Елешец ќе си седнеа со пуканките покрај плажа и ќе гледаа како се дават Бугарите од Илинден... мислам стварно е глупо да кажуваш дека Бугарите биле во право коа викаат дека историски ги мразиме...

П.С. страшно креативен и интересен си кога пишуваш „народов бившо југословенски“, еве у интелектуален транс ме фрли...
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
569
Нормално дека немаше да има и нема потреба да релативизираш. Ајде следно прашај дали Хитлер ќе беше лош да не беше Втора Светска Војна те молам.

Аман веќе со тие релативизирања. Баш поради тоа што со Бугарите газиме по тенок лед човек треба да биде ултра претпазлив пред да дава онакви изјави.

Сега да искочи некој да каже дека има Шведски пасош никому ништо. Ако утре Шведска ни објави војна и истиот човек истото го каже, ќе биде убиен. Тоа е тоа.
Човече абе ајде доста глума. Каква ревалатизација кога овде со години има нескриен расизам и омраза кон се што е бугарско.

Каква војна какви глупости. Ветото е рамно на војна ли? Дека има несогласувања со Бугарија има како што имаше и со Грција и тоа се решава на државно ниво а не со расизам и омраза. И Грција ни опна и вето и разно разни препреки па немаше толку омраза и расизам кај народот а во Битола и Гевгелија имаш разно разни бизниси и фирми кој користат грчка азбука и грчки назив на фирмите.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
И што ако има бугарско државјанство?
Абе има ли нормален во оваа држава?
Нели е ова расизам?
Цел народ се крена на нозе бидејќи во спотот имало знаме кое наликувало на бугарското?
Па после уште толку заради изјава на момчето дека баба му била Бугарка...
Алооо бродот ви тоне...
Ова излегува дека Бугарија била во право што опнала вето.

Тука ај искрено да прашам, дали истите овие расизам и омраза ќе беа излеани од народов бившо југословенски доколку немаше вето од Бугарија?

Ама искрен одговор сакам...
Како бе, баба му е Бугарка, кога баба му е од село Игралиште кое е на 7 км од границата со Македонија, во Пиринска Македонија?
Па речиси 80% од семејствата коишто живеат на 20 км од границата имаат некој предок во некаква врска со Пиринска Македонија.
Повеќето од оние што добиваат пасош го добиваат на основа на статистиката на К'нчов, а не на некаков реален доказ за бугарски корени.
Дај престанете со тој петарда-патриотизам.
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
569
Па нели тој самиот изјавил дека баба му е Бугарка? Веројатно тој подобро знае што е баба му отколку ти или јас...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Батали дипломатски речник бе.
Ваков текст може да напише само продаден газ или глуптар.

Ја мислам дека се работи за второто, оти ги има сите потребни состојки. Претерана самодоверба, навредлив речник и опинок - елитизам. Кај нарачаните текстови го нема ова. Тоа се ПР потези и обично не вреѓаат народ. Нема вака изразено прво лице еднина кај авторот, го нема тоа „видете колку сум прогресивен“, шо прости идиоти не можат да си помогнат, а да не го акцентираат.

Пази го ова:
„Самото тоа што толку народ се насанка на ова дело е само доказ за примитивноста на македонското население, за луѓе кои очигледно во животот не ни стапнале во галеријата Даут-пашин амам. Веројатно и не ни знаат да ја најдат каде е, па освен со помош на Google Maps би се загубиле низ градот барајќи ја.“

Или ова:
„За Васил, среќен настап на Евровизија, јас секако нема да гледам бидејќи со тој циркус одамна расчистив. Гледав Санремо, одличен музички фестивал, а циркузијада во боја не ми треба.“

Ова е авторско дело на мутле некое. Мутлињата секогаш вака пристапуваат оти сакаат да бидат препознаени како умни, начитани, интелектуалци... ама оти патат од imposter syndrome и се свесни дека се мутлиња, компензираат мегаломански и ете го резултатот.

Порталот на кајгана смрди одамна. Текстовите се или превземени од МИА или се клипчиња од Cinema Sins и Football Daily, со текст „poglednete go klipcevo“.
Па види со колкава гордост пишува дека одел во тоа отоманскиот чир. Ако за нешто се криви комунистите од аспект на средување на Скопје е тоа што не го искористиле земјотресот за да наредат динамит на се потурско, туку и реконструирале тоа што се рушило.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.410
Поени од реакции
9.038
Човече абе ајде доста глума. Каква ревалатизација кога овде со години има нескриен расизам и омраза кон се што е бугарско.

Каква војна какви глупости. Ветото е рамно на војна ли? Дека има несогласувања со Бугарија има како што имаше и со Грција и тоа се решава на државно ниво а не со расизам и омраза. И Грција ни опна и вето и разно разни препреки па немаше толку омраза и расизам кај народот а во Битола и Гевгелија имаш разно разни бизниси и фирми кој користат грчка азбука и грчки назив на фирмите.
според тебе што е ветото ?
Ебати решавањето на проблеми на државно ниво со уцени од ваков тип.
 
Член од
14 јули 2017
Мислења
662
Поени од реакции
1.344
Човече абе ајде доста глума. Каква ревалатизација кога овде со години има нескриен расизам и омраза кон се што е бугарско.

Каква војна какви глупости. Ветото е рамно на војна ли? Дека има несогласувања со Бугарија има како што имаше и со Грција и тоа се решава на државно ниво а не со расизам и омраза. И Грција ни опна и вето и разно разни препреки па немаше толку омраза и расизам кај народот а во Битола и Гевгелија имаш разно разни бизниси и фирми кој користат грчка азбука и грчки назив на фирмите.
Абе, првен, расизам е да мразиш некој кој е различна раса од твојта, на пример, белец мразе црнец, црнец мразе белец итн итн.

Друго, Грција никогаш, барем владата нивна не излезе со став признајте дека сте со грчки корени, додека Бугарија ти негира национален идентитет, ти вика дека ти си со бугарски корен, поточно сме биле бугари, па кога сме станале дел од Југославија, поради нивното влијание тука сме а изгубиле таа бугарска свест и според мене тука е главниот проблем. Ветото кој го ебе, мене ме боле баш курот ако беше само за ветото, ама мене ме нервира шо ми негират идентитет. Сите македонски национални херои кој биле во ВМРО и се бореле за самостојна независна држава Македонија, ги прикажуват како бугари.

Грција излезе со став само, да се откажиме од тоа античка македонија, александар македонски итн итн, шо и така е реално, ни сме словени сме се населиле на виа простори кога биле миграциите, а и не дека и Грците се стварно Грци од тиа период, и они се мешани до немај каде, туку ае нека оде. Кога сме кај Грците единствено нешто мене шо ми сметаше шо го смениа името.
 
малку офф топик, Грците не ти го сменаа името, поранешните србомани, денешни бугарофили ти го сменаа името.
 
Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.405
Ветото е рамно на војна ли? Дека има несогласувања со Бугарија има како што имаше и со Грција и тоа се решава на државно ниво а не со расизам и омраза. И Грција ни опна и вето и разно разни препреки па немаше толку омраза
бугар, кога зборуваш за Македонците и бугарите немој да употребуваш множина. Ние сме различен ентитет. Уште не ве исплеска Вашингтон или сеуште не е допрена веста до вас што се случува зад затворени врати и колку јако ќе ви се струполи владата ви, ем комитска ем бугарска. Не ја бладај многу Грција бетер да не си направиш.
Планов е потпишан во Вашингтон.
Mini Schengen
The plans for the area were declared on 10 October 2019 in Novi Sad. Two more meetings were held, one in Ohrid on 11 November 2019 and the other in Durrës on 12 December 2019. These countries declared that they will form a unified market of 14 million people by the end of 2020.
 
Последно уредено:
Член од
14 јули 2017
Мислења
662
Поени од реакции
1.344
малку офф топик, Грците не ти го сменаа името, поранешните србомани, денешни бугарофили ти го сменаа името.
Е да, и ти си во право. СДС на Нашата Земја го смени, ама иницијатори за тоа беа Грците. Не дека немаше виа да усерат нешто виа и да не бараа само за да влеват у ЕУ, ама тоа е што е, се надеваме на подобра иднина, ама како шо оде работата....
 
Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.405
Овде ќе испратам апел и официално да ги игнорираме бугарите на темава. Темата е блам држава и зборуваме за Македонија. Бламажите на источниот сосед се way too much и за наши стандарди.
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
569
Абе, првен, расизам е да мразиш некој кој е различна раса од твојта, на пример, белец мразе црнец, црнец мразе белец итн итн.

Друго, Грција никогаш, барем владата нивна не излезе со став признајте дека сте со грчки корени, додека Бугарија ти негира национален идентитет, ти вика дека ти си со бугарски корен, поточно сме биле бугари, па кога сме станале дел од Југославија, поради нивното влијание тука сме а изгубиле таа бугарска свест и според мене тука е главниот проблем. Ветото кој го ебе, мене ме боле баш курот ако беше само за ветото, ама мене ме нервира шо ми негират идентитет. Сите македонски национални херои кој биле во ВМРО и се бореле за самостојна независна држава Македонија, ги прикажуват како бугари.

Грција излезе со став само, да се откажиме од тоа античка македонија, александар македонски итн итн, шо и така е реално, ни сме словени сме се населиле на виа простори кога биле миграциите, а и не дека и Грците се стварно Грци од тиа период, и они се мешани до немај каде, туку ае нека оде. Кога сме кај Грците единствено нешто мене шо ми сметаше шо го смениа името.
Тебе те нервира тоа што Бугарите ти велат дека имаш бугарски корени. А за негирање на идентитетот, тоа горе доле сите ти го негираат. И Србите со самото не признавање на црквата индиректно ти го негираат идентитетот. За Грците па воопшто муабет да не правиме. Всушност ЕУ исто така ти го негира идентитетот а со самото тоа и сите нејзини членки. Со самате изјави решете си ги проблемите со Грција и Бугарија па влез во ЕУ директно ти велат дека како Македонци нема влез во ЕУ. Значи сега сме Северна Македонија и граѓани на Северна Македонија.

А другите работи во поглед на историјата и јазикот допрва ќе треба да ги решаваме доколку сакаме да влеземе. Значи како што влезе малко по малко и на крајот до јајца го начукаа(додуша со Албанските барања уште влегува ама ќе влезе цел на крај) така и со проблемот со Бугарија ќе биде.

Значи горе доле никој ни те признава бидејќи да беше само до Бугарија и Грција тешко дека ќе се натртеше нашата државичка.
 
Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.405
^ Пријавен за говор на омраза и користење вулгарен речник.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.770
Поени од реакции
39.781
Кажа дека баба му е родена во тоа селото што денес се наоѓа во Бугарија, но тоа не значи дека баба му по националност е Бугарка. Но, затоа што Бугарија е толку развиена и цивилизирана земја, со Европски вредности, за разлика од Фиром, они не дозволуваат и не признаваат Македонско малцинство во Бугарија, па на тој начин сите што се родени на таа територија се по националност Бугари. Прави Европски вредности негува таа држава, каде што се забранува основно човеково право.

Да се вратиме пак на темата:

Затоа што ништо не е поурбано и покомуњарски од локален музички предизвик на социјалните мрежи за време на пандемија. Ќе им шибнеме полициски час поради тоа што сме неспособни да се справиме со пандемијата и да нарачаме едни вакцини, а во исто време ќе им покажеме колку сме кул затоа што ги слушаме Суперхикс. #скопскокрило #самоурбано #57цаподгтц #дедомиелаженборецнаНОБмусредиТрајчекомшијата #5тагенерацијачленовинаКПЈ
 
Kajgana Shop

На врв Bottom