Филери на усни

  • Креатор на темата Креатор на темата Edna_Dama
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 март 2021
Мислења
37
Поени од реакции
22
Возраст
35
Дали некоја има ставено филери на усни или хујалурон за зголемување и форма?
Каде и колку чини,колку долго трае ефектот? Споделете искуства и препораки.
 
Еден кубик чини околу 100-150 евра, на некои места низ Скопје може и 200 евра.
Ефектот обично е 6-9 месеци, зависи од филерот.
 
Избришани 2 мислења кои имаа цел да ја уништат темата. Ако не сакате да водите нормална дискусија на тема која не е сеирџиска, воздржете се од пишување.
 
Цените се движат околу 6000-6500 денари за 0,5 мл, а за 1 мл од 11 000- 12 000 денари. Туку најдобронамерен совет,батали филери и такви глупости. Размисли си уште еднаш добро, пред да се одлучиш на ваков потег. Реално за мене ова е само непотребно фрлање на пари.
 
Грозно е кај тие што претеруваат, 1 кубик (мл) распореден рамномерно низ двете усни, односно по 0.5 мл во секоја усна изгледа многу убаво, посебно кај тие што имаат помали усни.

По ставањето се јавува оток и трае околу 1 недела (дава ефект на многу големи усни), меѓутоа кога поминува отокот си легнува убаво. Пак ке кажам, се што е повеќе од 1 мл е претерано и според мене.
 
Не знам не можам да зборам од лично искуство. Бившата ставаше, само не знам колку пати. Од таму знам за цените. А што убаво чупе беше пред да стави, сега личи на Ибрахим Ругова.
 
Многу мои колешки, пријателки, употребуваат филери. Купуваат една ампула заеднички и си ја делат....претежно ставаат на брчките околу устата и на челото.
Искрено и јас би сакала да пробам, но гледајќи ги како на секои три четири месеци се боцкаат повторно, оти толку им трае ефектот..хммм..не, ќе си бидам ваква природна :toe:
Инаку, да..се познава дека имаат филери, ботокси, лифтинзи...делува пластично, усните им се како оса да ги каснала, а од профил кога ќе ги гледаш, како патки се:lolzz:
Но, женска манија, само за да биде привлечна и убава и ку* ке обеси на врат:lolzz:ако треба.
Ѓаволска работа;)
 
Каде ја купуваат ампулата?
 
Инаку внимателно со купување на ампули од неовластени дистрибутери. Веќе ако се одлучува некој на ваков потег нека го направи тоа кај лица специјалисти во оваа област. Од каде знаете каква течност има во ампулите од неовластени дистрибутери? Имам гледано документарни филмови за измами во Бразил со вакви ампули при што личности добиле тумори на лицето.
 
Еден филер е 100 евра, а веројатно се наплаќа и за апликација на истиот. Млади сестричиња од пластична хирургија се убија од ставање филери, зимаат две по 50 евра и си полнат. Млади, убави девојки, станаа деформирани од филерите, се извитоперија во лицата.
 
Како што кажа админот ако немате аргументи нема потреба да фаќате сеир и ставате смешни лајкови. Може некој има крива усна па сака да ја порамни само едната страна,а некој може има мала усна па сака да ја потполни. Размислете малку пред да ставите било каква реакција или мислење.
 
Ако некој мој коментар те навредил или сметаш дека со него сум имал намера да те навредам, слободно пријави го на админот и нека го избрише. Јас се извинувам доколку е така. Се што напишав е добронамерно.
 
Не е за твоето,некој погоре ми стави смешно смајли и немаше потреба од тоа. Ова е форум место да си помагаме си одмагаме.
 
Никогаш не ми текнало за пластика, ама изненадена сум од цениве и од времетраењето на ефектот. Цела недела да си отечен, за после пет месеци пак пари да даваш и да поминуваш низ истото?
Не знам ни кај нас како ги прават и колку се стручни пластичарите, овие познативе фаци што се гледа дека ставиле, сите имаат исти усни, а пак ептен грдо е она дупче на сред уста што го имаат и кога устата им е затворена. Не изгледа добро ич.

Ако ви е само за тренд, почна пред некоја година, ќе трае уште некоја и ќе помине, нешто ново ќе излезе, така што размислете пред да се одлучите колку уствари ви е битно. Ако стварно сакате да корегирате нешто, обавезно гледајте каде одите и кому давате да ви шприца ствари во вас.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom