Мислам веќе подолг период луѓето користат боци дома. Што е океј до негде, зашто има некој по неколку месеци им треба кислород. Сигурно има друг параметар што го гледаат дали си критичен, зашто вчера примија човек што го знам а не е толку критичен.
Имал солидни врски
Инаку, претходниве месеци примаа и понекритични случаи, ама пак се враќамењ на оној момент каде што се примаат само најкритичните и оние со врски.
Гнасен вирус излезе, ни јас не очекував дека толку долго ќе коси. Од страна на братучед ми, починаа тетката и тетинот на жена му, кумата на братучед ми, братучед на тетин ми и жената на братучед на тетин ми. Сите воглавно постари луѓе. Али тоа се 5 души човече... Едната жена беше во Систина за некои сосема други проблеми, закачи корона таму, за 5 дена умре. Фамилијата на другар се исто сите позитивни, откако отишле во посета на роднина во Систина, која се оперирала за друго.
Во моментов се позитивни тетин ми и жената на братучед ми, со средна клиничка слика. Стандардно, матичната не можат да ја добијат, оставени сами да се лекуваат.
На работа, позитивни се мајката и таткото на колега. И двајцата со лоши наоди, а нема место да ги примат во болница во нивниот град. Од сабајле ги ставаат на кислородна маска, па ги пуштаат дома. Кога се враќаат сабајлето, имаат сатурација 90, со пневмонија во не толку развиена фаза.
За жал, минатава недела почина и таткото на мој другар, после 25 дена во болница. Самите носеа озон, ремдесивир, а човекот ги прими сите можни терапии. Но, болеста напредна одма, за недела дена имаше масивна пневмонија на двете белодробни крила. На крајот им рекоа дека и нервниот систем му бил погоден, а ослабел цели 30-тина килограми. Ден пред да почине, им пратија листа со органска храна која треба да ја набават. Претходно добиваа инфо на секои 2-3 дена, а беа примени со најблиски врски. Жалосно. И он и братучед му за еден месец си отидоа од корона.
Периодов имав итна потреба да примам вакцина поради повреда, која можам да ја примам само на инфективно.
Одам во делот кој не е за ковид пациенти, освен чуварот и една жена на шалтер, нема никој. Ми вика жената никаде не можеш да ја примиш вакцината освен тука, ама нема доктори, сите се во изолација. Ако се симне некој од ковид центарот, ќе му кажам да те прими. И така чекав 2 часа додека не дојде еден од браќата и не почна да врти телефони, затоа што имаше иста мака ко мене. Се смилува некој доктор и завршивме работа. Надвор редици од роднини, оставаат јадење во ходникот за пациентите. Брдо од тоалетни води, пижами, хартија, јадење итн.