Во врска со објектот, многу пати го имам гледано однадвор и навистина изгледа убаво, дури подобро и од МИК кој е гигант во МК во тој дел.Не знам само каде си нашол поевтина српска чајна пошо сите се барем за 10-15% поскапи, а во Србија се уште поскапи и од тоа, па баш ме чуди зошто не извезуваме ние во Србија наместо тие во Македонија. Не знам за вкусот, ама претпоставувам дека квалитетот на ПКБ е подобар пошо конкурентите Екстра Меин, Гроздановски, Косиљак.. произведуваат од погони среде стамбени зони што личат на издивоградени урбани чиреви. Еве нпр. како изгледа Екстра Меин, главниот домашен конкурент:
Прегледај го приврзокот 287829
Гледајќи го погонот, скроз не ме чуди што пред 5-6 години наводно беше пронајдена листерија во нивните производи, а уште поинтересно е што нема никакви вести за судска разрешница на случајот, такашто можеби е дебело подмачкано за тоа да се заташка. Во споредба со овие прчварници, објектот на Пекабеско е како Версај, па ме чуди зошто неговата слика не се користи многу помасовно во рекламирањето. Ете, чисто и ова да се има предвид кога во маркет се фаќа за нечиј сувомесен производ...
За поефтините српски ги има многу, еве конкретно на Петкович (Парачин) е најмалку на иста цена, а најчесто на акција во маркети со 30% поефтина. И искрено можам да кажам дека е многу подобра.
Екстра меин и ред други такви не конзумирам воопшто, но за Косиљак можам да кажам дека имаат одредени производи со добар квалитет. Златиборац и Пекабеско се различна класа во голем дел од сувомеснатите (говорам за поквалитетните, освен за пршут кој не сум го пробал на Пекабеско)
Да не навлегуваме во детали за производите, поентата ми беше дека квалитетот е нешто на кое треба константно да се работи, и секако маркетингот и квалитетната дистрибуција.
Мене ми нема логика Пекабеско да испраќа две или три возила во ист ден, во ист временски период за соседни градови (пример Радовиш и Струмица). Формирање на регионални центри и подобро искористување на ресурси е уште еден дел за поголема добивка.