- Член од
- 15 јуни 2013
- Мислења
- 1.776
- Поени од реакции
- 2.754
Кривична ИНБ4
и шу праиме, КАКО СЕ ПРИСЛУШКУВАНИ активистите од Бојкотирам ???Кривична ИНБ4
туку шу праиме ако ЕХФ не одрапа со КАЗНА, друштванце од СДСМ влегло ма трибини а натпревар БЕЗ публика ????Пак ќе кажам, Мукаетов е главен спонзор на репрезентацијата, не можеш на некој да му забраниш што да прави со парите. Да го организирал Мукаетов натпреварот по математика, да сфати човек.
Crown vaccine )))))Хахаххахахааах
Абе дека е поставена како што е поставена тоа е факт, ама, што правиме со случајот кога Кацарска казни 30 адвокати за непочитување на судот безврска, тоа нели е злоупотреба на моќ и аргумент за разрешување?
Во нормална земја нема потреба да се постави вакво прашање, посебно кога е очигледна ситуацијата како сега, меѓутоа во вилаетот тоа зависи од личното т.е партиско гледиште, има некој до утре ќе дрнда за како тоа едната била recidiv od rezimod или i vmro taka pravese, додека некој друг тоа ќе го врти во најмала рака кон a odgovarase li nekoj od Albancite се со цел да не се прифати одговорност. Јбг, тоа е кога треба да избираш помеѓу пет посто на целото или едно евро кај вицето, и згора на се тоа ти е прифатлив избор.Абе дека е поставена како што е поставена тоа е факт, ама, што правиме со случајот кога Кацарска казни 30 адвокати за непочитување на судот безврска, тоа нели е злоупотреба на моќ и аргумент за разрешување?
Тоа е уствари најголемиот проблем,кога чергиче за бришење чевли ке стане премиер и ке постави на позиции луѓе слични на него,вакви нус појави како оваа "судикава" што на времето пијана дрво по градов ја влечеа од мафијаши до припадници на специјалниот состав на полицијата,ке им стане полека симпатична на луѓето.Е до толку се ѓон образАбе дека е поставена како што е поставена тоа е факт, ама, што правиме со случајот кога Кацарска казни 30 адвокати за непочитување на судот безврска, тоа нели е злоупотреба на моќ и аргумент за разрешување?
На каков избор поконкретно мислиш?Каков избор имаме ?
Реферираш на квалитетот на тие што не водат. Јас те прашав каков избор имаме... На каков избор сакаш да мисламНа каков избор поконкретно мислиш?
Ти реков уште тогаш дека нема да има одзив, и мене како и тебе ми пречи куроболието на народот. За мене на пример е луксуз да терам сеир со актуелните случувања, не е дека не се согласувам дека секој вид на подбив им е заслужен и искрено ме забавува додека читам како ги пердашат по социјални мрежи и тука на форумов, јас сметам дека им е малку, да се разбереме.Реферираш на квалитетот на тие што не водат. Јас те прашав каков избор имаме... На каков избор сакаш да мислам
Но пак ќе ти кажам изборот ние си го градиме, тоа што ќе дозволиме тоа ќе ни го праат. Така да нема тука што да не е смешно.
Јас имав еден повик да се излезе на протест, непартиски пред неколку години тука на форумов. И излегував секој ден во исто време, и онака пешачам и одев до пред собрание. Таму беа секој ден едни исти 10 тина душа тогаш. Ниеден не дојде. Што останува освен да си помислам дека на народот му се допаѓа тоа што му го прават... И тоа пази, јас немам ниту егзистенцијални проблеми, ниту пак со нешто зависам од некаква влада, па дури ни од државава воопшто, ниту пак сум врзан да живеам тука.
Е сега за да не бидам циник, и не ги кревам рацете од тоа што се случува. Ќе кажам дека тука во државава ние доживуваме тешка пропаганда што преку шарените, што преку помодарството, и згора на тоа тешки притисоци со безбедносната состојба. Тепањето на рандом деца низ Скопје, воопшто не е случајна појава. Све ова се дозволува немо, највеќе заради тоа што луѓето имаат лажна надеж, дека држава се грижи за нив, тоа е оној момент што го викам варење на тивко... неосетно.
Во моментот кога ќе се изгуби секоја надеж од државата и кога никој нема да се надева дека државата ќе стори нешто за заштита на Македонските национални интереси, без разлика на тоа кој е на власт. Тогаш Македонците ќе почнат да се организираат. Организацијата нема да почне тука, туку тогаш ќе почне преку дијаспората, дека тука во едни такви услови ќе доживуваме отворена опресија. Немој да мислиш дека е некако опаднато Македонското национално ткиво, тоа е само замолчено, неорганизирано и тлее. Не е за џабе нервозата на нашите соседи која трае 30 години и повеќе. Но немој и да очекуваш и промени преку ноќ.
И тие што требаа да ги разрешат незнаат како и правилно да го направат тоа... Бидејќи ссекој ден сум по судови конкретно во Кумановскиот суд, судскиот совет само да земе извештаите да ги провери на судиите од граѓанскиот дел, односно колку брзо донесуваат пресуди, колку им се укинати и преиначени 90 посто треба врз основа на тоа да ги раазрешат... овие фатиле што казнила адвокат да ја разрешуваат, дебили.Абе дека е поставена како што е поставена тоа е факт, ама, што правиме со случајот кога Кацарска казни 30 адвокати за непочитување на судот безврска, тоа нели е злоупотреба на моќ и аргумент за разрешување?
Најголем мафијаш е овој филипче. После Мијалков, Грујо, Вице по овој редослед, следен е филипчево. И по фацијална експресија можеш да го процениш дека око не му трепнува какво дело и да направи. А збирање на пари е најпримамливо дело во здравството во МК, години и години наназад.
Работењето:
Види, јас не се сомневав дека ќе нема одзив. Кој сака и што сака нека вика, меѓутоа такво нешто како спонтано собирање на луѓе во сериозна бројка речиси и да не постои. А јас ниту сум некој релевантент фактор, ниту пак можам да служам пример на луѓето за следење. Поентата ми беше дека тука системот само со комплетен ресет може да се опраи. Што побрутален е ресетот , тоа резултатите ќе бидат поуспешни.Ти реков уште тогаш дека нема да има одзив, и мене како и тебе ми пречи куроболието на народот. За мене на пример е луксуз да терам сеир со актуелните случувања, не е дека не се согласувам дека секој вид на подбив им е заслужен и искрено ме забавува додека читам како ги пердашат по социјални мрежи и тука на форумов, јас сметам дека им е малку, да се разбереме.
Ирелевантно е тоа дали на мене и на тебе ни е смешно, важно е што мнозинството граѓани одлучило дека тоа го сака. Тоа мнозинство е поделено на две групи, едната група ги исмејава едните, а другата другите. И така се има реалити шоу и забава до бескрај. Причините зошто е тоа така сум ги објаснил многу опсежно во многу наврати. Дури и знам до кога ќе биде така, одпрвин се надевав дека не сум во право, но како иде времето се повеќе се сваќам дека тоа е неизбежно. Режимот е отуѓен, системот не е наш. Тој навидум личи дека е наш, за да го убие секој отпор. За да народот бара заштите низ институциите на тој туѓ систем, кој всушност има улога да не замајува. Се додека имаме илузија дека имаме систем позади нас, и дека тој систем се грижи за нашите национални интереси, ние нема да можеме да мрднеме напред. Затоа и тие од дијаспората ни се чудат на умот, затоа и тие во соседството иако опресирани, во моментов се поголеми чувари на Македонштината од нас самите, како што и самиот си забележал.Пред недела-две едно петсто души останаа без работа во градов. Економската слика е катастрофална, да не почнувам да зборувам за демографската, а за здравствената пак моментално сме на раб на колапс. Добар дел од народот живее на маргините кога станува збор за егзистенцијата, а воедно и е во центарот на случувањата и одлуките на оваа власт чии што многуопсежни последици паѓаат врз негов грб.
Во вакви едни околности немањето на вакцини, обидот за криминал при нивна набавка, буквалното играње со човечки животи во обид за лапање провизии и лично богатење, економските последици кои што се видливи, демографскиот инженеринг кој што се спрема и е во тек - повторно на сметка на јавното здравје... при сето ова да владее вакво куроболие пропратено со „хехенца“ за тоа колку Заев бил глуп, и тоа најмногу од луѓе кои што до вчера го доживуваа како месија, за мене е во ранг на народен мазохизам, ко да народот ужива во ова што му се прави, па му е смешно.
Секогаш кога излегол некој да биде проактивен и да покаже иницијатива да собере луѓе за легално да дејство во државава за националните интереси преку некакво движење, кое на некој начин треба да влијае врз системот и има и најмала тенденција на некакви промени внатре во него, таквото движење бива инфицирано од системот. Ова сум го кажал сто пати, прво се оди на асимилирање на движењето и претопување во едната од двете „опции“, најчесто опозициската, понатаму се оди на дискредитирање, криминализирање и на крајот ликвидација.Искрено не знам што повеќе треба да се случи за да овој народ стане проактивен и превземе иницијатива. Интересно е што македонските здруженија во Бугарија, Грција, Албанија и покрај опресиите и негирањата со кои што се соочуваат покажуваат поголема желба за одбрана на македонизмот а со тоа и на државата Македонија отколку ние овде, каде што нашите права за национално самоопределување толку лесно ги отфрливме и без отпор гледам дека веќе си легнуваме на брашното.