Македонска берза

Член од
3 ноември 2020
Мислења
9
Поени од реакции
9
Автоматски споено мислење:
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
310
Поени од реакции
490
Што ја прави пресметката на приходите, а не на нето добивката. Секој систем каков и да е, ќе има трошоци, за вработени, за систем, за евиденција, за обезбедување, за регулатор, ... Нека ја земе како основ нето - добивката. Нека ја земе и претходната година, не само последната, кога имаше огромно флуктуации и кога приносот на обврзниците ширум светот се блиску на 0, што претставува примарна инвестициска класа на пензиските фондови.

Друго нека земи да направи компаративна анализа, во делот на приходи и трошоци и ефикасност во работењето ако сите средства би оделе во ПИОМ и колку од тие средства ќе се оплодат и ќе останат кај идните пензионери.

Вака напишано е како и секогаш извадено од контекст.
Да имаш 3,15% принос во година кога NASDAQ и S&P500 срушија рекорди треба стварно да си дудук.
И стварно не ја гледам причината од управување на фондовите кога управувачите на истите не можат да го overperform-аат S&P500 веќе со години ако не и со децении.
Поправи ме ако грешам ама јас мислам дека ниеден фонд кај нас не бил подобар на годишно ниво од SP500 во последниве 10 години.
Ако ова е точно те молам кажи ми што менаџираат/управуваат дотичните таму?

п.с. Те молам без коментари од типот не исто лично портфолио и фонд да менаџираш. Јас не зборам за лично портфолио, СП500 имаш ликвидност колку сакаш, фондовите во Америка инвестираат во SP500.
Прашањето ми е дали ќе беше подобро во 2010 година да ги пукнеше фондот парите во СП500 без менаџирање или еве од друга страна ги менаџираат 10 години, испумпааа еден куп пари и накрај резултатот е помал принос од СП500.
Само во плати, бонуси и провизии до сега сигурно фондот ќе беше побогат за едно 20-тина милиони ако не и повеќе.
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
Се слагам, парите месечно, збирно да се насочат и во УС берзи и во ЕУ берзи, без никакво менаџирање. Кој е ризикот? Да отиде у курац цел свет? Па ако отиде у курац цел свет, и со било какво менаџирање на средствата нема спас.
 
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635
EPS​
ROA​
ROE​
P/E​
Book​
KMB
850,85​
1,46%​
13,85%​
8,58​
6141,64​
NLB
1995,49​
1,77%​
12,71%​
9,23​
15704,79​
STB
112,10​
1,85%​
11,28%​
10,21​
994,08​
TTK
99,83​
1,02%​
8,10%​
13,56​
1231,70​
OHB
102,62​
0,14%​
1,24%​
43,68​
8298,68​
SBT
208,31​
0,74%​
5,51%​
13,87​
3777,84​
UNI
684,62​
1,57%​
13,05%​
3,51​
5244,29​
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Се слагам, парите месечно, збирно да се насочат и во УС берзи и во ЕУ берзи, без никакво менаџирање. Кој е ризикот? Да отиде у курац цел свет? Па ако отиде у курац цел свет, и со било какво менаџирање на средствата нема спас.
Фала Богу, токму тоа и јас го зборам цело време како решение на проблемот со вториот столб: 60-70% од придонесите да идат за исплата на пензии (они и вака идат, само крлеживе од вториот столб и од банките го собираат кајмакот преку провизии и камати), а со 30-40% да се купуваат индекси.

За ваквото решение буквално не е потребен ниеден вработен, па можат моментално да се избркаат од работа тие 200+ вработени, агенти, регулатори или слични паразити што 15 години им ја цицаат крвта на идните македонски пензионери. Вака ем би се заштедиле околу 100 миљони евра што досега им биле исплатени како провизии, ем преку подобро управување би имало уште за околу 100 милиони евра повредно акциско портфолио. Првите 100 миљони евра ќе биле употребени за поголеми пензии на сегашните пензионери, а вторите 100 миљони за поголеми пензии на идните пензионери. Поради ова е потребно што побргу да се расформира вториот столб - таа тенија во желудникот на македонската економија!
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Не очекував ништо друго освен ваква весела математика од тебе.
Не се сомневам дека е весела за сите 200+ крлежи што имаат директна финансиска корист од овој дисфункционален систем на втор пензиски столб, ама е црна и траорна за 800.000 вработени што 15 години за тоа го плаќаат цехот.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Каков модел би бил најприменлив функционален и поефикасен во МКД?
Во груби црти ова напишано подолу. Кој политичар со доволно визија тоа ќе го спроведе, ќе доживее во својот животен век да види како наместо во џебовите на паразитите од вториот столб, барем пола милијарда евра ќе завршат во џебовите на македонските пензионери.

Колку следам политика, ВМРО има волја вториот столб да го укине. Овие другиве се најобична неспособна и корумпирана багра без никаква визија и стратегија што дошла на власт едино заради мито, рекет и тендери.

Фала Богу, токму тоа и јас го зборам цело време како решение на проблемот со вториот столб: 60-70% од придонесите да идат за исплата на пензии (они и вака идат, само крлеживе од вториот столб и од банките го собираат кајмакот преку провизии и камати), а со 30-40% да се купуваат индекси.

За ваквото решение буквално не е потребен ниеден вработен, па можат моментално да се избркаат од работа тие 200+ вработени, агенти, регулатори или слични паразити што 15 години им ја цицаат крвта на идните македонски пензионери. Вака ем би се заштедиле околу 100 миљони евра што досега им биле исплатени како провизии, ем преку подобро управување би имало уште за околу 100 милиони евра повредно акциско портфолио. Првите 100 миљони евра ќе биле употребени за поголеми пензии на сегашните пензионери, а вторите 100 миљони за поголеми пензии на идните пензионери. Поради ова е потребно што побргу да се расформира вториот столб - таа тенија во желудникот на македонската економија!
 
Член од
21 август 2017
Мислења
159
Поени од реакции
133
Интересни податоци за банките објави денес еден портал.Интересен е за подлабока анализа, јас немам доволно време сега, понатаму ако нема никој да се пријави за анализа би направил јас.

Следната информација вчера и денес кои се поврзани се однесува на КМБ.

Моите скромни познавања не се толку големи како вашите, ама се пријавувам пак со мое предвидување дека акцијата ќе оди некаде над 8200 колку што беше максималната цена некогаш до сега, значи предвидувам нов максимум во следните две недели.
 
Член од
23 февруари 2019
Мислења
310
Поени од реакции
312
...ама се пријавувам пак со мое предвидување дека акцијата ќе оди некаде над 8200 колку што беше максималната цена некогаш до сега, значи предвидувам нов максимум во следните две недели.
И јас сум сигурен. Можеби не за 2 недели но пикот ќе биде повисок.
 

Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714
zpko ke mora da objavat koj kupi >5% denes ili zaedno so blokot od pred nekoj den 10% od kombinatot so 50% discount od momentalnata pazarna cena.
ne veruvam deka ke bidat firmi ili licnosti poznati za javnosta. Ama garant se bilo spored zakonot :)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
zpko ke mora da objavat koj kupi >5% denes ili zaedno so blokot od pred nekoj den 10% od kombinatot so 50% discount od momentalnata pazarna cena.
ne veruvam deka ke bidat firmi ili licnosti poznati za javnosta. Ama garant se bilo spored zakonot :)
Се реализираа ли најавените продажби на објекти и компании?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom