Има ли некаква врска тоа што надворешната единица од Fujitsu е полесна - 25кг ?
Мислам, дали тоа може да се смета за " маана " во практична примена?
Не е за 25kg полесна туку тежи 25kg, а е' полесна за 6kg.
За 25m2, на таа изолација буквално може да се купи било што од овие три.
Другите два модели имаат греачи на тацна, бадијала се греачите на тацна.
Јас да сум на таа квадратура и таа изолација би купил клима до 25.000 и не би се замарал бидејќи и онака сите имаат 3 години гаранција. Зошто да ја преплатиш? ШТО и да ставиш во однос на греење нема небо-земја да биди разликата (бидејќи имаш добро изолиран простор).
Tosot-ot e pojaka od entri modelot na Fujisu.
Во што освен во 680m3 издув vs 630m3 на фуџицу?
Во другите карактеристики е за нијанса послаба - кога зборуваме исклучиво за греење.
Е сега има тука на темава задоволни од тосот доста луѓе + ако му менува тосот има wifi контрола која фуџицуто ја нема (барем не е наведено дека има), тоа е веќе техникалија која ако му е потребна може да ја искористи.
НО, тоа се нијанси. Нема воопшто да осети ЗНАЧИТЕЛНА разлика кога зборуваме за греење било која од овие три да ги одбери.
Јас би одбрал клима без греач на тацна, сепак не сме Норвешка или Финска.
Ќе си го извади лулето на надворешната и му е гајле што понатаму.
Исто, би бирал клима која
има повеќе брзини (степени) на издув, за да може да има комоција (мада и тоа е ствар на навика, но користи во преоден период кога климата треба да дува со помал капацитет).
Hicence, на пример, веднаш би ја отфрлил од овие три.