Многу одамна се немав накурчено од фудбал. Барем не до овој степен.
На 2-1 резултат, со играч повеќе од Порто, шансите пак беа 50-50. Во такви случаеви, нема што да зборуваме за технички работи, кој бил добар, кој бил лош. Џабе само 120 минути уште толку само цркнаа играчите на теренот.
Срамното од овој двомеч е што наликуваме на мал тим, што игра само кога гони резултат. На првиот натпревар, Порто лагано си дојде до 2-0, ние немавме создадено апсолутно ништо. И покрај тоа, веќе на 2-0 им се активира нешто во мозокот и Киеза даде еден гол за да не задржи во живот.
Сношти беше иста приказна. 0-0, ништо не играме, несигурни во одбрана, после ударот со глава на Мората, Порто имаше 2 опасни удари. Немам сила да ја пуштам акцијата што доведе до пеналот, такво ноншалантно пропуштање на средината, како успорени снимки ни влегоа, им дозволивме без никаков пресинг и притисок да си влезат во шеснаесетник. Со таков пристап, нема што да судиме дека Демирал направил пенал. Брука е како дојде до таму, од апсолутно никаква, бавна и летаргична акција.
Второто полувреме пак иста приказна, гониме резултат и веднаш создаваме шанси и притисок. Дојде 2-1 и оп, пак летаргија. Имав некое гадно чувство дека Јувентус се плаши од Порто да не прими гол, за да оди во продолженија мечот. Не знам како оваа логика им се чинеше правилна, ама ајде. Нормално е кога се плашиш да го примиш и тоа на најболен начин. Види каков слободен удар бе, по земја од далеку. Жив ѕид онака стоеше, без никаков концепт, ниту наместени, ниту ништо. Немаше играч под живиот ѕид за да спречи ваков удар и се разбира Шчежни пак не пропушти да се избламира со лоша реакција. За кур ми е против Кротоне да брани, кога во најважните моменти се глупира вака.
И повторно, на 2-2, не пропуштаме одма во следен напад трет гол.
Лион и Порто не исфрлаат за неполни 7-8 месеци.
Срам, беда и јад. Нема што повеќе да кажам.