Не заебавајте, прелош му е срспкиот за да мислиме дека е србин.
Па уште и никот, деда трајко 

 хахахах така де, чика миле. 

Сигурно е блокиран член па ајде наместо МКД ќе се пишува српски. Но мене не ми пречи, напротив.
Се поттикна убава дискусија и тоа допринесе Стрелец да објаснува околу равенките и слично што е пост кој треба да оди во букмаркс.
Такви корисни постови има се' помалку и помалку. Затоа и го почитувам човекот, има знаење.
Останатото дневно препукување кинез вс јапонец не го ни перцепирам т.е. не е значајно од едноставна причина, скоро секоја клима во добро изолиран простор ќе даде резултати.
Која повеќе, која помалку. Знаеме сите дека е колку пари толку музика отсекогаш работата во однос на квалитет, но исто знаеме дека и во денешно време има толку многу диверзитет на модели и техниката граби напред секој ден што илузорно е да има расправии за тоа кој „производител“ е подобар.
Според мене, наместо тоа треба да има дискусии кој модел од кој производител во какви просторни услови какви резултати дава. Крај краева треба да се стопли човек, а дали и колку ќе плати за истото не зависи секогаш од купената клима бидејќи е клима не аладинова ламба која исполнува желби.
Во однос на кинезот кој го имам јас, Haier Tundra Green 5.5kw AS50TDDHRA-CL/1U50MEEFRA  користена во 35м2 неизолиран простор во куќа + внатрешни скали кон втор спрат и на втор спрат во поголем дел од времето отворена врата кон уште една соба (што дополнително допринесува за енергетски загуби). Вратата горе се затвораше само при големите минуси.
Потрошувачка за 120 дена (од 6 ноември наваму) и користење по 12часа на ден на вакви температури (од 10 наутро до кај 10 навечер) + 24/7 користење при минусните температури од -10 до -20 (што оваа зима за среќа ги имаше цели 20 дена и толку) сум ПРЕЗАДОВОЛЕН.
1569kw/h потрошени за 4 најстудени месеци во зима.
Сметките за струја:
- ноември 4200 ден
- декември 4800 ден
- јануари 4800 ден
- февруари 4100 ден
Бојлер на струја, протечно болјерче во кујна, перална, сушара, електричен шпорет + климата. Комплетно на струја се одвива живеењето таму.
Просекот е нешто над 13kw/h дневно заради загубите на просторот, така да првенствено пред да лупниме 1000 евреи за клима треба да видиме дали можеме со тие пари да изолираме простор па следна година да се потрошиме за квалитетна клима.
п.с. димензиите на ѕидовите од сликата на дневниот боравак не се точни, претставени се само колку да се види распоредот и каде е поставен клима уредот.