Вакцини на BioNTech-Pfizer и Moderna против САРС-Ко2

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Некако не ми е видлива работава во Израел, а и во други земји кој предничат со вакцинација. Веќе 3 месец од кога почнаа со вакцинација, не гледам никаква корелација меѓу бројките и степенот на вакцинација, туку само регуларен бран како и во сите останати држави.
да..графиконот воопшто не се разликува од друга обична земја(освен нас)....и почнувам да размислувам на глас дека вирусов во цел свет си се однесува без обзир на околностите и условите...секаде скоро исто. како да зависи од некои други фактори

ПС.не сум антиваксер...и прв би се вакцинирал и тоа јавно
 
... заборувам за наше вакцинирање во МКД, дали мојот родител може да се вакцинира со АЗ вакцината во МКД или треба да иде во Италија таму истата вакцина нема нус ефекти?
За тоа дали може да се вакцинира твојот родител ќе треба да разговарате со лекар. Со матичниот и со лекарот кој ќе биде одговорен за време на администрацијата на вакцината (кај шо сум јас најчесто е тоа епидемиологот).

Што се однесува до вакцината и нуспојавите од истата, исто ќе биде и овде како во Италија. Нема потреба да ги малтретираш родителите да се возат без потреба.
 
тоа е само за Астра Зенека, а каде е Спутник, Фајзер? Имаат ли тие вакцини некои ограничувања? Доста бладате со тие ваши антиваксерски муабети, се знаело у титово време кој не сака да се вакцинира, у ќорка. Така ви треба.

Рон, дете мило..во Титово време немаше сакам или не сакам, никој ништо не те прашува, ниту па ние сме се распрашувале со што ќе не вакцинираат, за состав, дејство идр.како сега што дискутираме, ко да сме некои експерти, епидемиолози научници...
Сега сакаш да се вакцинираш ама нема вакцини, нема мој термин..
..а што знаеш па ти за времето на Тито, најдов јас на кој да му објаснувам:facepalm:
 
Кажи му, кажи му.
За време на Титота ни корона немаше, не смееше да има. Ако случајно имаше, ќе си заминеше како што дошла.
Златно време Титоо...
 
да..графиконот воопшто не се разликува од друга обична земја(освен нас)....и почнувам да размислувам на глас дека вирусов во цел свет си се однесува без обзир на околностите и условите...секаде скоро исто. како да зависи од некои други фактори

ПС.не сум антиваксер...и прв би се вакцинирал и тоа јавно
Да и ја не мислев за антивакс, воопшто не се плашам од нуспојавите. Само сум скептичен за ефикасноста што ја рекламираат. На толку вакцинирани очекував да има експоненцијален пад, а не ова што го гледам на графиците.
Автоматски споено мислење:

Мисламм дека неколкупати се кажа дека вскциниве не се за да не се разболиш, него ако се разболиш, да немаш тешка клиничка слика, барем јас така сфатив.
Не, рекламирани беа 95 посто против симтоми, 100 проценти против тешки счучаи. Ама и да не е така, и смртните случаи не им се намалуваат.
 
Последно уредено:
Да и ја не мислев за антивакс, воопшто не се плашам од нуспојавите. Само сум скептичен за ефикасноста што ја рекламираат. На толку вакцинирани очекував да има експоненцијален пад, а не ова што го гледам на графиците.
Автоматски споено мислење:

Не, рекламирани беа 95 посто против симтоми, 100 проценти против тешки счучаи. Ама и да не е така, и смртните случаи не им се намалуваат.
Пад не може да има дур не се "стигне" до прагот на групен имунитет. Вредноста од 40% вакцинирани е некаде на пола пат од прагот. Ако породолжат со ова темпо, некаде почетокот на летово евреите би биле таму.
 
,Кој е процентот на тој праг од групен имунитет?
Мислам дека неможе да се дојде до таков резултат, со оглед дека малолетни особи не се вакцинираат, група на постари од 65..потоа повторно реинфекции, други мутации...штом една вакцина не те штити цела година и можеш да заразуваш други луѓе :toe:
 
Пад не може да има дур не се "стигне" до прагот на групен имунитет. Вредноста од 40% вакцинирани е некаде на пола пат од прагот. Ако породолжат со ова темпо, некаде почетокот на летово евреите би биле таму.
Ама не идат со ова темпо, ко што читав им успорува вакцинацијата. Плус голем процент се деца.
Како и да друг ми е муабетот, не треба одреден праг за да почне да се намалува. Имаат 40 посто фул вакцинирани и дел прележани, значи голем дел од синџирот на пренос е прекинат и треба да има драстичен пад на заболени. Кај нив падот е ист како типични бранови во други држави. Друга работа тие 40 посто се најкритичните граѓани, многу мал број од умрените се деца или млади луѓе и истите се дел од тие 60 посто невакцинирани. И пак гледај го графикот на умрени, пропорционален е со бројот на заразени а по секоја логока треба да е драстично помал од периодот кога старите не беа вакцинирани. Значи не да биде разлика x2 туку многу повеќе, зашто и смртноста кај младите и старите е многу различна.А и бројот на критични случаи е ист подолг период. Се надевам ме разбра на што мислам:)
 
Рон, дете мило..во Титово време немаше сакам или не сакам, никој ништо не те прашува, ниту па ние сме се распрашувале со што ќе не вакцинираат, за состав, дејство идр.како сега што дискутираме, ко да сме некои експерти, епидемиолози научници...
Сега сакаш да се вакцинираш ама нема вакцини, нема мој термин..
..а што знаеш па ти за времето на Тито, најдов јас на кој да му објаснувам:facepalm:

вие научници, не ме смеј.:icon_lol: Со што народ сум опкружен значи. Тоа пред кооперација муабетот ве опишува, македонче експерт за све.
 
Извини, мислев дека си и ти македонче:P
Читај убаво, не туку прескокнувај зборови, оти сите научници ти се гледаат:icon_lol:
 
затоа имаме антиваксери, болести кои што мислевме дека се истребени ни се враќаат. Зошто ојле дојле прочитал на интернет некои вистини од дудинка.мк и решава да не се вакцинира.
 
За тоа дали може да се вакцинира твојот родител ќе треба да разговарате со лекар. Со матичниот и со лекарот кој ќе биде одговорен за време на администрацијата на вакцината (кај шо сум јас најчесто е тоа епидемиологот).
Што се однесува до вакцината и нуспојавите од истата, исто ќе биде и овде како во Италија. Нема потреба да ги малтретираш родителите да се возат без потреба.
...матични не се толку едуцирани за епидемии, нив ги сметам само како можност за насока за понатамошна специјалистички консултативни здравствени услуги, дијагностизирање и препишувачи на лекарства и ништо повеќе,
...според мене, на прво место би го поставила мислењето на имунолог пред епидемиолог во врска со вакцинирање, што за жал кај нас ретко ги има што се занимаваат со адултна популација, не сметајќи ги педијатрите имунолози кои не се спремни за давање мислење за вакцинирањето на возрасните и све што е поврзано со нивниот имунитет,
П.С.
...дали си имал можност да разговараш онака стручно со некој наш епидемиолог?
 
Ама не идат со ова темпо, ко што читав им успорува вакцинацијата. Плус голем процент се деца.
Како и да друг ми е муабетот, не треба одреден праг за да почне да се намалува. Имаат 40 посто фул вакцинирани и дел прележани, значи голем дел од синџирот на пренос е прекинат и треба да има драстичен пад на заболени. Кај нив падот е ист како типични бранови во други држави. Друга работа тие 40 посто се најкритичните граѓани, многу мал број од умрените се деца или млади луѓе и истите се дел од тие 60 посто невакцинирани. И пак гледај го графикот на умрени, пропорционален е со бројот на заразени а по секоја логока треба да е драстично помал од периодот кога старите не беа вакцинирани. Значи не да биде разлика x2 туку многу повеќе, зашто и смртноста кај младите и старите е многу различна.А и бројот на критични случаи е ист подолг период. Се надевам ме разбра на што мислам:)
Бројот на починати е зависен од бројот на заразени(плус уште некои ствари кои ќе ги скокнеме тука) од пред 4-6 недели. Денешните бројќи би биле одраз од крајот на јануари- почеток на февруари. Во тој период покриеноста им беше уште помала.

Во моментов во Израел односот на заразени лица над 50 години е ~11% наспроти 25% пред вакцинацијата ( реално може и да е ефект од други фактори), шо дава одредена надеж.

Реално, за неколку месеци ќе имаме подобра слика.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom