Здраво, Имам 15 години и главата на пенисот ми е сеуште затворена што да правам и како да ја повлечам кожичката?
Не сум доктор, ама ајде да споделам мое искуство може ќе ти е од корист. На иста возраст го имав истиот проблем - фимоза. Бев на уролог, ми рече, цитирам - сунет момак. Одма закажа термин, ми рече после Август, сега е лето не се прават операции. Супер.
Тој турски збор беше клучен за да сватам дека не сакам такво нешто. Она што го направив тој период беше: истражување, истражување, истражување. Прочитав 100ци искуства од мажи со истиот проблем на интернет. Англискиот уште тогаш ми беше јака страна и читав и многу извештаи на доктори од САД. Тука го најдов решението.
Во една студија foreskin stretching објавена од еден доктор од САД (голем противник на сунетот од 1000 причини) имаше опишано техники за растегнување на кожата од пенисот околу главата. Ако ти е целосно собрана како мало конусно тврдо врвче околу главата, треба да почниш со масирање со палецот и показалецот, тоа ќе почни да и ја враќа еластичноста, земи ја со палецот и показалецот и влечија - не наназад за да ја отскрие главата на курот, туку нанапред влечија. Во таа почетна состојба тоа ќе ја растегни подобро, држи ја со палецот и показалецот од двете раце на двете страни и растегнувај напред, лево и десно - оваа кожа околу главата е екстремно растеглива, така кажа и докторот во студијата иако јас со мојата состојба бев скептичен. Потоа, штом ќе гледаш дека се разлабавува, почни да ја повлекуваш наназад за да почне да се отскрива главата - по малце.
Важно - не треба да бидиш насилен кон себе, не треба да чуствуваш болка.
Најважно - немој со сила да ја носиш назад зад главата, ќе ти се пикни под неа и уште еднаш нема да ја извадиш, ќе треба одма да одиш на болница - ќе си направиш многу поголем проблем. Затоа трпение.
Еве јас ќе ти кажам што правев - кога видов дека се расширува и можев да ја видам цртава од којa мочаме (нека кажат докторите овде латински термин за тој врв од главата), бев многу среќен, кожата беше лабава и искрено можев да пробам да ја влечам назад и да ја отскрие цела глава. Ама само заради
огромното предупредување од докторот во студијава, не го правев тоа. Одев и ја отскривав само до пола главата и веднаш ја враќав напред.
За некои 6 месеци, можев да го отскријам целосно.
Значи ќе ти повторам,
полека, во ниеден момент
не чувствувај болка, болката нека ти биди сигнал дека не влечиш правилно и дека треба да бидиш помек и повнимателен со себе. Користи лубрикант, на база на вода, не маслен.
Јас не користев, туку во купатило кога се туширав користев сапун и од пената се разлабавува. Плус се мија, кога ќе почниш да го отскриваш полека полека ќе видиш смегма која се насобрала со времето, оваа кожичка над главата лачи смегма и ја покрива главата.
Може да ти биде и залепен од оваа смегма, таа полека се мија како што ќе ја отскриваш главата. Моето искуство беше сапун и пена под туш, мислам дека тоа ти е најдобра опција. Ако не, тогаш оди во аптека и купи лубрикант. Ама ти кажав под туш полека се мија и избегнуваш можност од инфекција.
Никако повлекување со сила - ова нека ти биди најважно од цел овај долг пост. Кога таа ќе се прошири доволно - сама ќе ја отскрива главата, ти само ќе повлечиш до пола од главата и како што ќе ти расти при ерекција - таа сама ќе ја отскрива главата, до толку ќе се рашири.
Нека ова искуство не биди товар. Туку период во кој се запознаваш себе. Јас го памтам како време во кое си посветив внимание и сам си решив проблем за кој докторот (уролог кој беше често пијан) имаше друга алтернатива.
Ти посакувам се најдобро и да го решиш овај проблем. Знам како се чуствуваш, има тука и многу срам и не сакаш да зборуваш со твоите за тоа (зборувам за тоа јас како се чуствував), затоа што веќе растиш во зрел маж и не е баш исто како кога си дете. Ако имаш тип на родители со кои можиш да зборуваш, со кои имаш блиска врска, тоа е супер.
Ако имаш уште прашања пиши или овде или во порака. Мене документот со чекор по чекор фазите на растегнување ми беше во стариот компјутер. Ако се потрудам би можел да го најдам, имаше и слики тие многу помагаат за како треба правилно да го растегнуваш, но јас ти ги објаснив погоре.
Ву-ху! Ама е долг постов.