Osiguritelnite kompanii mnogu ne se zamaraat so kilometri i te prasuvaat samo kolku ke pominis vo slednite 12 meseci, ne prasuvaat momentalna kilometraza, se dodeka ne dojde red da treba da ti isplatat steta e togas ke te zaebat jako ako imas povekje od toa sho e deklarirano, a ke proverat lesno po posleden tehnicki(ako e postara kola). Jas prijavuvav mnogu pomalku od toa sho realno vozev, ali poslednite 3 godini bidejki ja koristam i za sluzbeni patuvanja, prijavuvam se regularno i imam i biznis osiguranje vkluceno.
Ne znam kako e vo Svedska so lizing ali vo Anglija ima mnogu sto se vozat na lizing ko sluzbena kola i ovie sekoi 3 godini se menuvaat(osven ako rabotis u bentley kaj sho se menuvaat na sekoi 4 meseci, zavisno na koja pozicija si). Istive odat na licitacija i se kupuvaat na golemo, t.e ako firmata prodava 50, gi zimaat site 50 naednas.
Primer site ovlasteni servisi tuka imaat nekolku vozila koi ti gi davaat na koristenje dodeka tvoeto se servisira i sekoj gi vozi ko lud i posle odat na prodazba. Pred nekolku godini mi se javija da ja zamenat kolata koja mi bese dadena na koristenje bidejki ja prodale.
Кога се јавувас за да купиш полиса не се замараат ама ако треба да ти исплатат штета има се детално да проверат, и да на нови коли е потешко (ама пак има увид на тоа колку ти биле претходните полиси) само што можеш да калкулираш една година да си на 10к другата на 30к км оди нека докажат додека не почнеш да одиш секоја година на технички. Јас сега за сега стално пријавувам 15к ама реално и толку поминувам. Колата ми е за пазарење и викенд бегство од град, до работа сум пешки 20 мин ми е.
Тука тие што се на лизинг ги продаваат поединечно и има различни категории зашто лизингот некој го зимаат на 1/2/3 години и се можеш да најдеш нормално прво ти ја нудат на тебе што си го користел лизингот да ја откупиш ако сакаш пред да ја пуштат на продажба. А заменските возила секогаш се оние што ги користат како тест возила и веројатно ја прават истата шема како кај тебе.
Џабе друже објаснуваш, уште македонче верува дека колите имаат по 160 до 190 к. километра...сеа гледам не им иде толку продажба, од 190 к стандард шо беше пред корона, сега на 170 к почнаа да ги враќаат...
Знам луѓе што имаат лично донесено кола од Германија и се имаат за..ано јако, само пусто не сакаат да признаат.
Друг тип на луѓе купил некој крш со 500 000 км, (на километража 190 000) и по цел ден се фалат никаков дефект на колата турај, вози...а возат цели 3000 км годишно, југо да купеле за толку ќе тера без проблем.
1. Не ти го спорам твоето познавање за коли, искрено според постовите и тоа што го даваш како совети си ми еден од порелевантните членови иако кратко ја следам темава
2. И никој не спори дека колите што завршуваат во мкд не се враќани јасно ми е тоа како ден, ама темава со објаснувањето ја затерав зашто ликот пиша (барем јас така го разбрав) дека сакал сам да иде да си бара возило а не да го купи од плац што има разлика така може да го провери повеќе и да знае точно што купил, а кога одиш сам да го бараш па уште и ако имаш познавање од локалните регулативи и како можеш да ги провериш барем тие основни правила е многу полесно да земеш пристојна кола
И не секаде на запад возат толку многу, реално шведска просекот им е околу 15к годишно, едно горат на осигурување, друго влезовите во град и излезите се наплаќаат, а реално тие што живеат надвор од град имаат супер конекции најчесто со возови па нема потреба од кола.
Еве кај мене во тим имам двајца швеѓани кои живеат на 35-40км од Гетеборг двајцата идат со воз од кај нив до работа имаат помалку од 45 мин патување не само возот него после и автобус точно до биро збориме, а со кола како што постојано нешто се средува од улици тука редовно има застои плус цело време форсаат таа политика да се користи јавен превоз па бенефити па ова па она
За разлика од тука од познаници германија е друга приказна таму и до вц со кола идат затоа и билдаат толкави километражи