На оваа анкета ли мислеше?
Marx the millennium's 'greatest thinker'
Инаку генерално се согласувам со постот, економистот Маркс и логичарот Расел секако дека се истакнуваат како гласни критичари и врвни филозофи во своевременото општество, но ми се чини дека тие таквите што најмногу ги презираат идеологиите всушност самите се најголемите идеолози, како Маркс со неговите безгрешни револуционерни идеи како комунизам, диктатура на пролетаријат, вечни класни борби, историски материјализам... Комунизам може да функционира само во општество каде луѓе кои се совршено добри 100% рационални роботи без емоции. Со екстра зашилени уши за поголемо разбирање. На планетата Вулкан. На Земјата малку потешко...
Исто со Расел, ок он е повеќе анти него про, ама ајде бе британскиот идеализам не чинел, првата светска војна не чинела, религијата не чинела, нуклеарните оружја не чинеле, ама превентивна нуклеарна војна чинела...
И тоа е, Маркс не би постоел без индустријализираниот робовладетелски капитализам без спреги во 19 век, Расел без империјализмот, национал-шовинизмот, сталинизмот, догматизмот. Нивниот рационален (more or less) антагонизам кон тие вознемирувачки појави ги прави големи и славни, бар јас така мислам.
Што се однесува до Сталин, баш така како што рече, тој е само чедо на традиционалниот руски православен византиски модел на политичко уредување. Четвртиот Рим. Калигула - Василиј II - Иван Грозни - Сталин. Долговековна традиција на апсолутизам, суровост и елиминација на потенцијална опозиција и било какво несогласување по секоја цена на по секој можен начин. Не може да се споредува кралство со парламентарна традиција стара 8 века каде владеат закони, со ваква Joffrey-style царевина со некое си квази-парламентче во империја пред распад и после распад, пак распад. Абе Русија има уште многу чаеви за пиење...
Има филм кој го исмева сето тоа,
The Death of Stalin, секако забранет во Русија.
Еве неколку сликички кои (се надевам) ги објаснуваат разликите во интелектуално културолошките демократски капацитети меѓу народите:
Значи на русите им требало околу 300 години и комунизам за да стигнат до британското ниво на интелектуален развој, споделување идеи, спознание за свет поголем од родното село со 6 куќи, бавење со некаква дејност различна од копање и користење изум различен од мотика.
На македонците им требало околу 350 години и комунизам. Но секој со своите традиции...