Мартеница/мартинка

Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
569
Денес е 1-ви Март, ден кој го означува доаѓањето на баба Марта а со тоа и на мартинките или мартеничките или мартениците зависи каде како ги викаат.
Овој древен обичај до пред сто години бил многу обожуван и почитуван во Македонија но сето тоа се променило откако Македонија била окупирана од Србите а подоцна завршила во Југославија. Нема потреба да објаснувам зошто но немањето таква традиција во другите југословенски држави а особено во Србија им бодело во очи на многу закоравени комунисти и србомани кои воделе политика на маргинализирање на било каква традиција или обичај кој има некаква врска со Бугарите. Но да ја оставиме политиката на страна и да кажеме нешто повеќе за оваа традиција која сепак некои луѓе во Македонија успеале да ја сочуваат.

Од зборникот на браќата Миладинови:
Дента спроти Марта сучат црвено и бело предено со цело; и утрината го клавает на децата на грло, на р'це и ноѕе за здравје. Тие се викает мартинки, и со ним в Струга сретват ластoвиците. Таја вечер пременувает местата, к'де спавале до тога, за да не ги јадат болви. Тој ден малите деца прават ластовица от дрво шикосано, и пејет по к'штите: „Ластовица идеше, Црно Море пливаше...“
Во класичниот изглед мартинката претставува засукан бел и црвен конец, најчестo волнен. Боите имаат строго определена смисла: црвено - крв, живот; бело - чистота, среќа.
Мартинките се носаат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк,а во Македонија и до здогледување на првата ластовица. Потоа се ставаат под камен и по нив се гадае, се врзуваат на гранка или пак се пуштаат по течението на реката.
Традицијата вели уште дека среќа носи таа мартинка која ти е подарена. Затоа сите си даваат мартинки (роднини и пријатели).

За потеклото на мартинката се врзуваат многу легенди но сепак преовладува мислењето дека некои од најпознатите специфични карактеристики на првомартенската обредност и особено врзување на извртени бели и црвени волнени нишки, се плод на многувековна традиција на Балканот и наведуваат на тракиско (палеобалканско) и елинско, па дури и за римско потекло. Сепак зачувувањето на оваа традиција предимно кај словенските народи во Македонија и Бугарија како и романскиот народ во Романија и Молдавија можеби насочува кон тоа дека ултимативно мартинката е тракиски обичај. Овој обичај има сличности(славењето и започнувањето во Март) со античко македонскиот фестивал наречен Ксантика по грчко-македонскиот збор за месец Март.

Еден од малкуте новинарски текстови за мартинката во Македонија.


 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Денес е 1-ви Март, ден кој го означува доаѓањето на баба Марта а со тоа и на мартинките или мартеничките или мартениците зависи каде како ги викаат.
Овој древен обичај до пред сто години бил многу обожуван и почитуван во Македонија но сето тоа се променило откако Македонија била окупирана од Србите а подоцна завршила во Југославија. Нема потреба да објаснувам зошто но немањето таква традиција во другите југословенски држави а особено во Србија им бодело во очи на многу закоравени комунисти и србомани кои воделе политика на маргинализирање на било каква традиција или обичај кој има некаква врска со Бугарите. Но да ја оставиме политиката на страна и да кажеме нешто повеќе за оваа традиција која сепак некои луѓе во Македонија успеале да ја сочуваат.

Од зборникот на браќата Миладинови:


Во класичниот изглед мартинката претставува засукан бел и црвен конец, најчестo волнен. Боите имаат строго определена смисла: црвено - крв, живот; бело - чистота, среќа.
Мартинките се носаат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк,а во Македонија и до здогледување на првата ластовица. Потоа се ставаат под камен и по нив се гадае, се врзуваат на гранка или пак се пуштаат по течението на реката.
Традицијата вели уште дека среќа носи таа мартинка која ти е подарена. Затоа сите си даваат мартинки (роднини и пријатели).

За потеклото на мартинката се врзуваат многу легенди но сепак преовладува мислењето дека некои од најпознатите специфични карактеристики на првомартенската обредност и особено врзување на извртени бели и црвени волнени нишки, се плод на многувековна традиција на Балканот и наведуваат на тракиско (палеобалканско) и елинско, па дури и за римско потекло. Сепак зачувувањето на оваа традиција предимно кај словенските народи во Македонија и Бугарија како и романскиот народ во Романија и Молдавија можеби насочува кон тоа дека ултимативно мартинката е тракиски обичај. Овој обичај има сличности(славењето и започнувањето во Март) со античко македонскиот фестивал наречен Ксантика по грчко-македонскиот збор за месец Март.

Еден од малкуте новинарски текстови за мартинката во Македонија.


Изгледа не си доволно информиран, па да те поправам.

Овај обичај е многу популарен во Македонија и не е спречуван од страна на комунистите оти е 'бугарски' туку од страна на Црквата која што го смета за пагански обичај.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.339
Поени од реакции
10.210
Ова не е македонски обичај!
Јас израснав со мартинка:)
Чиста Скопјанка сум и растев значи со тој македонски обичај, но и другиве соседи исто го одбележуваа тој ден душо...а кадаиф не е македонски рецепт:P
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
еве баш сега ги видов децава со мартинки на рацете, секоја година ги прават. На први април ги обесуваат на некое дрво. Обично родно дрво.

Јас имам 50 години и за овај обичај се сеќавам од кога памтам за себе т.е. 4-5 години. Обично баба ми ни плетеше. Иначе баба ми толку ги мразеше бугарите што не сакаше да ме крстат Борис. Така да ако бил бугарски обичај ни под точка разно немаше да ми плети мартинки.
 
Последно уредено од модератор:

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.177
Поени од реакции
13.798
Темава не смее да се исполитизира! Ако имате да кажете нешто за мартинките бујрум
Мене баба ми секогаш ми подаруваше мартинки
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.558
imagesер.jpg brojanica-5.jpg 28534220_10210707529914347_1690653901_n-450x655.jpg Martinka.jpg

Став на МПЦ-ОА за мартинките :

цитирам:
,,...Секоја година, ова време, се среќаваме со истиот проблем – дали да се става и носи мартинка или не. Не е проблем самата мартинка, туку односот кон неа.

Значи, ако мартинката се носи неколку денови или една недела, дали како негување на стара традиција, дали како мода, дали во чест на нашите предци, дали како заедничко балканско културно наследство, дали заради забава или од некоја друга причина, тогаш не е во спротивност на Црковното учење.

Но, ако носењето мартинка стане суеверен и магиски, а со тоа и демонски обичај, тогаш таквото поведение не е во согласност со учењето на Црквата. Секако, секој е слободен да го послуша, или не, учењето на Црквата, и е одговорен за одлуките што ги носи.


Како носењето мартинка станува суеверие? Ако луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сѐ до доаѓањето на пролетта и ластовичките (или штрковите), и сѐ додека не расцути првото дрво; и ако, според истото погрешно верување, на крај мора да ги закачат на некое дрво и да си пожелаат добро здравје и среќа, со некаква вера дека желбите преку тој ритуал ќе им се исполнат, тогаш таквото верување, како и ритуал, немаат никаква врска со православната вера, туку се обично суеверие.

Вадењето на мартинката предвреме се смета за несреќа, и затоа луѓето ја чуваат со страв. Стравот е најголем показател дека во нешто е вмешан демонот. Како може од носењето или неносењето на нешто на себе да ни зависи животот и среќата, па макар било тоа и крст, а не мартинка? И крстот е, пред сѐ, внатрешен однос со Бог, а не само надворешен знак.

Ние, христијаните, носиме на рака или во рака бројаничка. Истото што е изложено за мартинката важи и за бројаницата за молитви. Бројаницата се носи за полесно да се концентрираме на молитвата, а не дека е нешто црковно и, како такво, самото по себе ни носи среќа. И носењето на бројаницата, исто така, може да биде суеверен чин.

Затоа, ако некој на својата рака или на својата облека закачи мартинка или бројаница со некаква вера дека тоа, самото по себе, ќе му донесе здравје и среќа, треба да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни.

Не може истовремено да веруваме и во Бог и во магичноста на мартинката или бројаницата. Верата и суеверието немаат ништо заедничко, исто како што и Бог нема ништо заедничко со ѓаволот. А на двајца господари не можеме да им служиме: или ќе Му служиме на Бог или на ѓаволот – па секој слободно нека избере кому ќе му служи. И секое друго суеверие, спротивно на православната вера, не е од Бог, колку и да е тоа народен обичај.

Христијанската среќа и здравје извираат од личната заедница со Бог, а не од безлично, магично, фобично и душегубно суеверие – кое е најпогодно за развој на душевни (ментални) болести...,,, затворен цитат.

martinka-qq.jpg 1456859532240361363.jpg

... мартинката се нарекува „mărţişor“ во Романија и Молдавија и таму мартинки носаат само жените, додека во Србија, Бугарија и кај нас во Македонија ги носат сите.

400,223,true,mid13782293.news.jpg B_AI3yfUoAE2z9I.jpg

... различно толкување, различно мислење, сепак ќе кажам дека треба да се радуваме на пролетта, на препород на природата, да не мислиме ниту правиме некому зло и Господ ќе не' благослови, макар носеле или неноселе мартинка!
 
Последно уредено:
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
569
Добро но зошто другите мои коментари беа избришани? Не може сите да бидеме со исти мислења и сфаќања а разноликоста на мислења е добра за општеството. Не мора да ја сакам МПЦ ниту да ги прифаќам нивните сфаќања.
И каде тоа мартинката во Србија ја носеле сите? Србите ниту имале ниту пак практикуваат таков обичај. Обично оние кои го имаат овој обичај таму се или етнички Власи или етнички Бугари...
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.177
Поени од реакции
13.798
Добро но зошто другите мои коментари беа избришани? Не може сите да бидеме со исти мислења и сфаќања а разноликоста на мислења е добра за општеството. Не мора да ја сакам МПЦ ниту да ги прифаќам нивните сфаќања.
И каде тоа мартинката во Србија ја носеле сите? Србите ниту имале ниту пак практикуваат таков обичај. Обично оние кои го имаат овој обичај таму се или етнички Власи или етнички Бугари...
Беше избришано се што според мене беше провоцирање или пак одговор на провоцирање. Одиме понатаму или ќе се бришиме? :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.558
Етнологот Томе Крстевски вели, цитат:

,,.... Старите Македонци имале високо ниво на духовност, имале свои верувања и култови, но еден од најразвиените им бил култот кон Ксантика. Ниеден народ нема празник стар 3.000 години, што се задржал до ден денешен. Македонскиот народ има празник кој е наречен „Ксантика" се слави на почетокот на пролетта од 1 до 31 март.

Зборот „Ксантика" означува светлина, виделина т.е. божица на цвеќињата, на љубовта и убавината. Според едно предание во Ксантија бил заљубен македонскиот бог Македон, таа му била прва и чиста љубов. Но откако злите сили ја претвориле Ксантија во цвет, Македон секоја пролет ја барал својата љубов на сите ливади и полиња, покрај сите бистри потоци и реки, во сите градини во својата земја Македонија.
Потрагата на Македон по Ксантија била секоја година која траела 30 дена, а за тоа време Македонците го прославувале празникот (простувајќи и посакувајќи исполнување на желбите). Во чест на оваа необична и несреќна љубов на Македон и божицата Ксантија, Македонците првиот месец на пролетта го нарекле Ксант, а пролетниот празник Ксантика... ,, затворен цитат.

 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.177
Поени од реакции
13.798
Прегледај го приврзокот 286245 Прегледај го приврзокот 286256 Прегледај го приврзокот 286246 Прегледај го приврзокот 286255

Став на МПЦ-ОА за мартинките :

цитирам:
,,...Секоја година, ова време, се среќаваме со истиот проблем – дали да се става и носи мартинка или не. Не е проблем самата мартинка, туку односот кон неа.

Значи, ако мартинката се носи неколку денови или една недела, дали како негување на стара традиција, дали како мода, дали во чест на нашите предци, дали како заедничко балканско културно наследство, дали заради забава или од некоја друга причина, тогаш не е во спротивност на Црковното учење.

Но, ако носењето мартинка стане суеверен и магиски, а со тоа и демонски обичај, тогаш таквото поведение не е во согласност со учењето на Црквата. Секако, секој е слободен да го послуша, или не, учењето на Црквата, и е одговорен за одлуките што ги носи.


Како носењето мартинка станува суеверие? Ако луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сѐ до доаѓањето на пролетта и ластовичките (или штрковите), и сѐ додека не расцути првото дрво; и ако, според истото погрешно верување, на крај мора да ги закачат на некое дрво и да си пожелаат добро здравје и среќа, со некаква вера дека желбите преку тој ритуал ќе им се исполнат, тогаш таквото верување, како и ритуал, немаат никаква врска со православната вера, туку се обично суеверие.

Вадењето на мартинката предвреме се смета за несреќа, и затоа луѓето ја чуваат со страв. Стравот е најголем показател дека во нешто е вмешан демонот. Како може од носењето или неносењето на нешто на себе да ни зависи животот и среќата, па макар било тоа и крст, а не мартинка? И крстот е, пред сѐ, внатрешен однос со Бог, а не само надворешен знак.

Ние, христијаните, носиме на рака или во рака бројаничка. Истото што е изложено за мартинката важи и за бројаницата за молитви. Бројаницата се носи за полесно да се концентрираме на молитвата, а не дека е нешто црковно и, како такво, самото по себе ни носи среќа. И носењето на бројаницата, исто така, може да биде суеверен чин.

Затоа, ако некој на својата рака или на својата облека закачи мартинка или бројаница со некаква вера дека тоа, самото по себе, ќе му донесе здравје и среќа, треба да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни.

Не може истовремено да веруваме и во Бог и во магичноста на мартинката или бројаницата. Верата и суеверието немаат ништо заедничко, исто како што и Бог нема ништо заедничко со ѓаволот. А на двајца господари не можеме да им служиме: или ќе Му служиме на Бог или на ѓаволот – па секој слободно нека избере кому ќе му служи. И секое друго суеверие, спротивно на православната вера, не е од Бог, колку и да е тоа народен обичај.

Христијанската среќа и здравје извираат од личната заедница со Бог, а не од безлично, магично, фобично и душегубно суеверие – кое е најпогодно за развој на душевни (ментални) болести...,,, затворен цитат.

Прегледај го приврзокот 286243 Прегледај го приврзокот 286244

... мартинката се нарекува „mărţişor“ во Романија и Молдавија и таму мартинки носаат само жените, додека во Србија, Бугарија и кај нас во Македонија ги носат сите.

Прегледај го приврзокот 286247 Прегледај го приврзокот 286254

... различно толкување, различно мислење, сепак ќе кажам дека треба да се радуваме на пролетта, на препород на природата, да не мислиме ниту правиме некому зло и Господ ќе не' благослови, макар носеле или неноселе мартинка!
Едно време црквата и за јогата викаше дека е откажување од Господ :rolleyes:
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Едно време црквата и за јогата викаше дека е откажување од Господ :rolleyes:
omg, сериозно?
Кој грешник сум значи. Меѓу другите работи. :D

Мене мајка ми вчера ме потсети за ова, али нити знам кај има да се купат, ни иам црвен конец дома. Здравје догодина.
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.177
Поени од реакции
13.798
omg, сериозно?
Кој грешник сум значи. Меѓу другите работи. :D

Мене мајка ми вчера ме потсети за ова, али нити знам кај има да се купат, ни иам црвен конец дома. Здравје догодина.
Црвена и бела волна, јас ќе ја правам утре, можда, ако ми текне :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom