- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.365
- Поени од реакции
- 26.413
Продуктот, неговата зрелост и неговиот квалитет е сопственост на тимот. Така било секогаш, така ќе биде секогаш. Секако дека е корисно во тимот да има што повеќе специјалности. Ама доколку ги нема, работата се приоретизира, од самиот тим, и се работи тоа што е најприоритетно, во рамки на можностите на луѓето.Не може да се споредува технологијата пред 15 години со ова денес. Од експанзија на бизнисите до напредокот на технологиите, има разлика во секој поглед. Не верувам дека пред 15 години секојдневен деплој на продукција било стандард.
Не се согласувам со некои работи во твојот пост. Да, има основни работи кои треба да се знаат. ИТ сметам дека е крајната граница кај шо завршува одговорноста е на девелоперот. Се над тоа, посебно во големи системи со микросервиси, не треба да ме интересира. Е2Е тестови треба да си куца дедициран QA. Не ме интересира што прави сервисот над мене, сакам да знам само шо ми дава како инпут и шо се очекува од мене.
За инфраструктура, едно е да сетираш докер локално, друго е да ја спремиш цела околина на сервер. Како бекендаши цело време тупиме за апстракции, од друга страна од нас се очекува да знаеме конкретни детали за секој чекор од процесот на развивање продукт. На фронт не ги интересира шо база користиш или во кој јазик е искуцан сервисот, му треба само ендпоинт. На бизнис аналистот па ич не го занима со која технологија се занимаваш. На девопс тимот не го интересира бизнис логиката на сервисите. На архитектот не го занима конкретна имплементација во некој сервис. Ама од тебе како бекендаш се очекува:
- да одиш на бизнис состаноци и да ја знаеш бизнис логиката
- да куцаш код кој ќе ја извршува таа бизнис логика
- да знаеш да ја сетираш и менаџираш цела инфраструктура
- да се грижиш за цел циклус на QA
- активно да учествуваш во креирање на архитектурата
- да знаеш да искуцаш и фронт
Порано ако сакаше пример queue, им пишуваш на девопс, сетираат на околина и ти го користиш. Сеа имаш Terraform/Ansible, буквално во описот им стои Infrastructure as a code. Сеа и овој дел е твој за менаџирање, девопс се тука за big picture. Најважниот аспект од работата на бекендаш, според мене имплементацијата на бизнис логиката, е скроз запоставен со ваков начин на организација.
Од друга страна, треба време за било кој да знае успешно да ги извршува сите овие фази. Секоја нова технологија има концепти кои се специфични за истата. Ако сетирам инфраструктура на GCP, сакам да знам која команда што прави. Не на слепо да куцам од некој туторијал на Медиум. Сакам да прочитам за имплементацијата на тоа што го сетирам, да го сетирам според мои потреби. Утре ако имам проблем, да знам да го средам.Ова, заедно со фактот дека на 6 месеци имаш некоја нова технологија која станува buzz word и нормално, сакаш да ја имплементираш, плус експанзијата на бизнис домејнот ( ретко кој менаџира само еден сервис, посебно па сеа со микросервисите, еден домен може да има и 20 сервиси ) ја прави оваа позиција премногу широка. Ова е мое мислење.
На пример, ако стабилизација од аспект на квалитет е повредна за продуктот од развивање на нова функционалност, тогаш цел тим ќе биде вклучен во подобрување на неговиот квалитет. Без разлика на титулите на луѓето. Не може да имаме продукт во кој што имаме 50 багови со секој рилис, од кој половина се reappearing, и да речеме QA има да си го автоматизира тестирањето сам, овие 5 девелопери ќе развиваат нови функционалности. Здравиот разум не дозволува.