Дечки има ли некој информации за делот од законот за заштита и благосостојба на животните
кој гласи:
Член 30
Опасни кучиња
(1) Опасни кучиња се кучиња:
- кои без причина нападнале човек и му нанеле телесни повреди или смрт;
- кои се затекнати во организирана борба на животни;
-
од одредени раси и нивни мелези кои заради нивните расни карактеристики може да представуваат опасност за луѓето и животните и
- кои на тестот на социјализација се прогласени за опасни кучиња.
(2) Кучињата кои може да представуваат опасност за луѓето и за животните се прогласуваат за опасни кучиња и се внесуваат во Регистарот на опасни кучиња кој го води Aгенцијата.
(3) Сопственикот или одговорното лице за опасно куче треба да обезбеди услови за држење на животното соодветно за расата, потребите и карактеристичното однесување, при што вклучително треба:
1) кучето да го чува во заграден простор или врзано и
2) при движење кучето да го врзе на поводник и да му стави заштитна маска.
(4) Опасните кучиња при движење треба да бидат придружувани од полнолетно лице.
(5) Сопствениците или одговорното лице за опасно куче кои ги прекршиле одредбите на ставовите (3) и (4) од овој член и одредбите утврдени во прописот од став (7) од овој член треба да поминат соодветна обука во однос на чување и одгледување опасни кучиња организирана и спроведена од страна на Агенцијата. Трошоците за спроведување на обуката се на товар на сопствениците или одговорното лице.
(6) Кучињата кои се затекнати во организирана борба со кучиња се одземаат и привремено сместуваат во прифатилиште за бездомни кучиња или на друго соодветно место заради нивна изолација, опсервација и спроведување на потребните мерки предвидени со прописите од областа на ветеринарното здравство. На кучињата им се спроведува тест за социјализација за утврдување на агресивност. Доколку се утврди дека кучето не е агресивно, по спроведување на мерките согласно прописите од областа на ветеринарното здравство, тоа се нуди за вдомување или се еутаназира во случај кога се исцрпени сите можности за вдомување но не подоцна од 30 дена сметано од денот кога е спроведен тестот за социјализација. Доколку се утврди дека кучето е агресивно, кучето се еутаназира. Трошоците направени за спроведување на овие постапки се на терет на сопствениците односно лицата кои се затекнати во организираната борба со кучиња.
(7)
Директорот на Агенцијата ги пропишува расите на кучиња кои се прогласуваат за опасни кучиња по претходно добиено мислење од Kомисијата за заштита и благосостојба на животните, начинот на спроведување и содржината на обуката за сопствениците на
опасни кучиња, начинот на спроведување на тестот за социјализација, формата и содржината на Регистарот на опасни кучиња, како и висината на трошоците за спроведената обука.
Каде да го барам регистарот за опасни кучиња и кои раси по default се сметаат за опасни?
Зошто на веб страната за храна и ветеринарство нема таков регистар
http://fva.gov.mk/mk/registri
?!?