Вориорс беа комплетен шампионски тим
пред Дурант да дојде таму.
Да не спомнувам и дека тоа беше пред кинењето на ахиловата тетива и другите повреди. Добар опоравак направи, ама да се каже дека е незапирлив е... Претерување.
Што се тиче дефанзивни шеми, јас на пример не пропуштам кога Торонто игра против добри тимови - најмногу заради дефанзивните шеми на Ник Нурс. Не дека Торонто се најдобриот дефанзивен тим во лигата (не се), туку затоа што нивниот тренер има добра визија за дефанзивни стратегии против поединечните тимови во лигата (друга работа е колку тимот има персонал за егезекуција на плановите). Досега некако или не ги извади џокерите или јас не можам да растумачам ништо посебно, ама ги победија Нетс (во комплетен состав) и од таа утакмица една работа што ми упадна во очи беше огромната разлика во транзициски поени (контри).
Имаат Нетс доволно слабости за добар тим (и добар тренер) да може да ги победат во серија од 7. Впрочем ќе видиме, еден од нас мора да е во право.
Тоа и јас го реков, ама не само за Лејкерс (пошто не е тоа тоа кога се победува против некомплетни екипи) туку и за сите други тимови (некои се повеќе склони кон повреди, а некои тимови практично немаа одмор после ланската сезона, но и заради кошарката и заради муабетите (на пример „спорноста“ на тоа дека Мајами лани ќе изгубеше и да немаа повредени играчи).
Нема тим во НБА на кој би им фалел АД па без него би дошле во финале.
Ги имаме правено овие муабети во однос на Ник Нурс и во однос на Френк Вогел, овај вториот сепак е ниво подолу... така да „дури да се сети“ какво прилагодување треба... отиде натпреварот.
Лани покрај Леброн го имаше и Рондо кои на терен се беспрекорни во делегирање на задачи, годинава останува само на Леброн и за да има тимот успех мора да се исполнат два услови:
- Леброн да игра 40 минути.
- Ад да не е повреден.
Доколку едно од овие две не е случај тогаш ќе имаат проблем против тимови како Нетс, еве Торонто, Клиперс, Денвер, па дури и ваков Голден Стејт со Дрејмонд на терен кој не го мирисаш до толку, комплетен Мајами, Јута и Фила, па дури и комплетен Портланд (што не е пошто Нуркич фрли патики за цела сезона). Тоа е така затоа што тие екипи имаат систем или ако немаат систем имаат функционално дуо (или трио) кое може да те изгази.
Така да, единствено нешто од што ќе зависи добар плејоф на тој што ќе брка титула е здравствената состојба, другото горе долу го видовме, сепак скоро пола сезона е при крај, во принцип нема да има преголеми изненадувања (иако да се надеваме дека ќе има, ради драж во играта).
Во однос на Дјурант, не да е незапирлив туку е СТРАШЕН.
После онаква повреда да се вратиш и да играш на начин на кој што игра тој е нешто неверојатно.
Тогаш, во функционален систем со ГСВ успеваше да го „затвори“ Леброн. Сега, ако е паметен да не го силува секој натпревар со минутажа до крај на сезона и ако одмара одредени натпревари, ќе има прилика во ПО да излези од истокот (ако ги помини Фила/Милвоки) и да одигра одлична одбрана против Леброн па да земи уште еден прстен.
На Нетси им е доволно да се 3-4 на истокот и тоа можат да го постигнат со 2 суперстари во игра, не мора да ги троши сите тројца на терен освен кога ќе воигрува нешто. И онака нема публика, нема предности на домашен терен и слични работи не им менува каде се на табелата.
Од друга страна, ќе биди чудо Бруклин да трејда за уште еден центар, иако тоа им е насушно потребно (не знам што би правеле под кош без уште еден big man), а исто така ќе биде чудо некојa екипа да може да излези на крај со триглиот змеј.
За жал или за среќа едноставно пресилен е нивниот напад и нема начин кога се сите 3 на терен да изиграш ефективна одбрана која во 7 натпревари ќе ги спречи да добијат 4 и да се пласираат во следна рунда - бидејќи не е само 3 играчи па ајде ќе ги затвориме... Херис секогаш е расположен да го збрца од тројка, а диџеј да куца како луд (кога можеше Харден да направи играч од Капела, тогаш ништо нема да го спречи да фрла топки до Џордан и повторно на терен да го гледаме истиот Џордан од Lob City и времето кога играше со Крис Пол).
Во ПО ќе навивам за ГСВ, секако и Њујорк доколку се пласира (а на сосема добар пат е да го направи тоа), другите тимови само сакам да ги гледам комплетни и да има добар баскет... па нека победи подобриот (без плачење кај судии, пошто секој ПО мора да дојде некој судија и да направи пиздарии - тешко на тој тим што ќе го налепи).