Косово не е држава туку е управувана област ( сеуште имаат меѓународни претставници кои можат да им поништуваат одлуки), они нивната независност ја добија како сплет на околности и поради тоа што немаат никаков етички или морален компас. Не сакам ни да влезам во работи како економија, институции, загаденост, иселување. Косово не е по ниту еден параметар држава.Што има Косово што немаме ние, па од област стана држава, а ние од држава стануваме област?
Реално правиме муабет, тоа крадел не крадел да го оставиме на страна....зошто светскиве сили би не земале како сериозни?
Што треба за да бидеме држава?
Нашата деволуција како држава се случи зошто наследниците на КМП, немаа доволно подршка кај народот за да се задржат на власт ( како во секоја друга пост комунистичка држава), зошто беа полтрони на белград 60 години кои не мрднаа со прст за Македонија па почнаа со внатрешно разединување и воспоставување на ново полтроство овој пат со Брисел и Вашингтон за да се одржат на власт. Безбедносните структури беа премногу силни внатрешно плус ги имаа албанците кои се легендарни колаборатори за комплетно да го угушат политичкиот живот во државата.
И така во Македонија 30 години секоја следна власт е се победна и победна.