Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    726

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.382
Не си ме разбрал а мислам дека едноставно се изразив.
Ај вака: Во Украина се изврши државен удар. Новата власт провоцираше војна со Русија. Русија си ги заштити сопствените интереси (Крим и Донбас). Украинскиот народ никој ништо не го праша. Украинскиот народ не е крив. Дури ни претходната власт во Украина не беше крива за ситуацијава, ок надвор од неспособноста да се одбрани од државен удар.

Ако веќе бараме виновник (мислам покрај САД кој ја направија целата работа), тогаш тука главен виновник би била Русија која донекаде излезе неспремна во оваа ситуација. Освен што имале спремно сценарио за Крим, па дали гамбитот со Крим била фолбек опцијата или сама по себе цел, тоа не можеме да знаеме... Ова последново е само мое размислување на глас (на тастатура).
Те разбрав, можеби јас се изразив лошо. Јасно ми е кој ја запржи ситуацијата и како, само не ми е јасно со кој памет Украинските политичари се воделе.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Те разбрав, можеби јас се изразив лошо. Јасно ми е кој ја запржи ситуацијата и како, само не ми е јасно со кој памет Украинските политичари се воделе.
Укранските политичари се водат од сопствени интереси,митото и корупцијата царуваат.Администрација пренатрупана.Пензии најниски во Европа.Познато ти е од негде ова?После Русиве им се криви.Народот на Крим си излезе на референдум и си изгласа дека сака да биде во Руската Федерација.Сега колку толку им се подобри животниот стандарт.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.652
Поени од реакции
33.835
Те разбрав, можеби јас се изразив лошо. Јасно ми е кој ја запржи ситуацијата и како, само не ми е јасно со кој памет Украинските политичари се воделе.
Кои „украински политичари“ решавале и одлучувале нешто?

Тие што ги сменија со државен удар?
Или тие што ги поставија Нуланд, МекКејн, и син му на Бајден? :LOL:
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.382
Абе јасно ама до толку да се ненормални.....
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.425
Мислам барем ние треба да имаме разбирање за Украина, затоа што буквално е во слична ситуација како Македонија со нејзините соседи.

Сите не гледаат да не уништат или окупираат, така е и со Украина.

Маката на Украина е поголема оти една од тие држави е Русија.

Иначе истото тоа што и го прави Русија на Украина, и го прави САД на Куба. Куба може да биде одлична држава, да нема толку многу санкции од САД. Што е пострашно, санкциите во САД се силно поддржани од кубанската имиграција. Ова барем нас ни е многу позната работа.
 
Последно уредено:
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Како не им е срам системски сакале да го забранат јазикот на државата што им направи инвазија, им окупираше територија и им оддржува војна на истокот. Срамота. Требаше одма после окупацијата на Крим да земат да им го испушат еднаш во нивна чест, да се гушнат и да запеат една братска песна.
И Крим и Донбас се мање више секогаш Руски или проруски! Не знам дали си запознаен дека едно време кружеше предлог закон, за усвојување на трет официјален јазик во Украина, наречен Суржик( мешавина на руски и украински). Питање за миљон, што мислиш колкава територија на Украина би зборела на тој јазик? Ок, од јасни причини не пројде предлогот, ама колку да знаеш дека не се забранува така лесно јазик.
А за пушење, нека дојдат тука, ние имаме специјалисти за тоа, има да ги обучиме бреееј! Ете нас ни го земаа знамето , името, црквата, сега историја, празници, ние како оцрепени уште и фала им викаме!
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.313
После инвазијата на Крим отиде возот во тутуњето. Украина од руска провинција стана хард кор непријателска држава кон Русија. Ако имаа шанси да ја повратат после шарената револуција, после воената интервенција, тешко или многу долго ќе трае оправањето.
Франција и Германија од главни непријатели во 20 век, станале сојузници зачленети во воен сојуз и заеднички оформиле држава.

Ова ти е многу дневнополитичко размислување. Можеби моментално станале непријателски и навидум тебе ти изгледа дека Русија се зезнала, ама на долгорочен план, на Украина и е одстранета можноста да стане НАТО земја. Додека од друга страна изгубеното влијание на Русија сакале Украинците или неќеле, секако дека расте и се надоместува. Доволно е Русите паметно да реагираат на провокациите и да ја држат ситуацијата во Донбас под контрола. На крајот на денот, дури во Руските интереси не е Донбас да се приклучи кон Русија. Тој е врата на Руското влијание во Украина.

Многу веројатно е дека на крајот после извесен период, кога ќе спласнат страстите, Донбас ќе се приклучи повторно кон Украина и улогата на Русија ќе се врати на истото место каде што беше и каде што природно припаѓа. Пошто секогаш во минатото, кога немало антирусики шовинистички испади (попут тој на Бандерас и попут 2014) Украина секогаш кај Русија имала пријателски и привилегиран статус.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.652
Поени од реакции
33.835
На крајот на денот, дури во Руските интереси не е Донбас да се приклучи кон Русија. Тој е врата на Руското влијание во Украина.
Советите не биле глупи, кога Донбас и Крим ги приклучиле/оставиле во Украинската ССР.
Раздели и владеј е стара пракса...
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
777
Поени од реакции
383
Укранските политичари се водат од сопствени интереси,митото и корупцијата царуваат.Администрација пренатрупана.Пензии најниски во Европа.Познато ти е од негде ова?После Русиве им се криви.Народот на Крим си излезе на референдум и си изгласа дека сака да биде во Руската Федерација.Сега колку толку им се подобри животниот стандарт.
По твојава логика ако Албанците во Македонија си излезат на референдум и си изгласаат дека сакаат да бидат во Албанија тоа за тебе е ОК.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
По твојава логика ако Албанците во Македонија си излезат на референдум и си изгласаат дека сакаат да бидат во Албанија тоа за тебе е ОК.
По мојава логика Укринциве имаат корумпирани политичари кои државата ја донесоа на питачки стап.На народот освем национализам ништо друго не му понудија.Панзија во Украина ти е 150 евра.Шо се однесува до Албанците слободно нека прават Илирида под услов укинување на рамковен договор и одземање на Македонско државјанство на сите шо ќе останат во таа нивна Илирида или Албанија небитно.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.001
Поени од реакции
83.385
Советите не биле глупи, кога Донбас и Крим ги приклучиле/оставиле во Украинската ССР.
Раздели и владеј е стара пракса...
нема везе, тоа Хрушчов од други причини го направил
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Порано во Украина беше нормално да збориш на руски како јазик на комуникација. Сеа знаеш што може да ти се случи ако те слушнат како збориш Руски?
Што?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom