Јас те сфаќам ти што сакаш да кажеш ама ти се обидуваш комплет да ја исклучиш одговорноста на Стевче.
Како прво сите тука го исклучуваме моментот дека се бара квалитетот од најдобриот Вардар 2017-19. Ама не може да си закован на последно место.
И да речеме дека си во право дека немаме десен бек ама Чупич оваа и претходната утакмица даде вкупно 12 гола. Ајде да речеме дека немаме среден бек ама Јотиќ даде 11 голови на претходните 2 утакмици. Толку ли нема еден од Гаџа, Дисингер, Шеваљевиќ па и Талевски да даде допринос со уште некој гол? Извини ама ни Растворцев нити Филип Лазаров нити Прибак не беа нешто премногу квалитетни ама имаа придонес во различни утакмици.
Извини ама тренерот е е само да ги одбере кои 7 играчи ќе играат и да чека од небо да му падне победа. Баш овие 4-ца што претходно ги набројав им фали тренер што ќе им даде потребена физичка спремност и уиграни акции каде што овие ќе имаат некаква изградена ситуација а не башибузук да пробуваме инфивидуално.
Ти можеш да го спориш квалитетот на играчите ама не можеш да мижиш кога гледаш дека единствена акција ни е бутни ја на пикер или вишак на крило.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Ти можеш да го обвиниш Алушот дека не го правел тимот, дека нема никаков авторитет, дека не смее збор да каже, ама не може вината за поразите да ја барате кај него. Не зборуваме за квалитетот на тренерот, ја лоцираме вината за поразите.
Прво, Вардар нема лоши резултати со оглед на составот и условите. Немаме ни толку лоша игра. Се прават чисти шанси, тоа што промашуваат е друга работа. Одбраната е слаба, но толку е квалитетот.
Второ, просто се чудам како да сте гледале некој друг Вардар пред да дојде Самс.
Абе Михо е бог и батина во Вардар бе, каков тренер, какви бакрачи. Прво со Михо може да донесеме лимитиран број на играчи, а во минатото бевме сведоци дека огромен број од нив си одеа без да ги подмириме долговите кон нив. Кој посериозен играч ќе ти дојде во таква ситуација? Секако дека Алушевски ги одбрал Вујин или Талески, место некои светски играчи, нафта пие. Единствено Вујо имаше некаков авторитет да донесе некој играч и оној Ѓукиќ што беше порано. Хокеарски промени имавме на поставите, не може да ги доброиме играчите кои играа во Вардар низ годините. Да не ги носеа тренерите тие играчи? Ќе ги донесе некој Собол или Резничек или она дрвоно Вукашин Рајковиќ. На мапа не ги знаеа дека играат ракомет.
Симнете се на земја дека ВАРДАР ЕДВАЈ ОПСТОИ. Се вративме во време пред Самс и привидно личиме на екипа, затоа што сега тргнавме од позиција на двократен европски шампион и се' уште може да придобиваме спонзори и некаков публицитет кај одредени играчи кои имаат квалитет, ама се вишоци во екипите. Почекајте малку, ако не се најдат финансии, за некоја година ќе гледаме на ТВ како Еурофарм ќе биде вои улога на Металург некогаш.
Добро, сериозно мислите дека Алушевски го бирал составот при Михо во екипата? И дека сериозно Алушот можел да се доведе во позиција да бира играчи? Или општо дека Вардар бил во позиција да бира играчи во моменталната ситуација? Допрва ќе гледаме како ќе не одбиваат играчи, ни заминува Чупко, Вујин ни бега СРЕД СЕЗОНА, дефинитивно ова се потези кои „ќе привлечат“ посериозни играчи во иднина. Среќа жива што Битолчани немаат никакви услови, па играчи како Мандалиниќ им се врвот што би играле во шталата, па нема од старт да ни направат предност.
Зарем може Алушевски да им пререче на Дибиров, Чупиќ или Стоилов? Во ситуацијава Чупиќ е тој што малку претерува и ја подгрева атмосферата. Ама кој ќе го обвини Чупиќ дека не го почитува тренерот? Ќе го обвиниме играчот кој ни е најдобар во моментов, игра на неприродна позиција и ни донесе две титули? Не бе брат, не Алушевски, кој сака нека бил тренер, падот на Вардар и квалитативната разлика меѓу дел од првотимците и останатите си го прави своето. Преголем е јазот, а со апетитете на публиката и неквалитетниот состав, само се фрустрираат посилните играчи и се нарушува тимската атмосфера.
ПРОБЛЕМ СЕ ПАРИТЕ, ПРОБЛЕМ Е НАГЛИОТ ПАД НА АМБИЦИИТЕ, проблем е менаџирањето на долга стаза и никаквиот план во моментов. Ќе го обвиниме Михо дека не го води правилно клубот? Па да не е он, немаше да бидеме тоа што сме, затоа зауздајте си ги амбициите прво, па ќе правиме муабет.
Чисто за потсетување.
1. Загубивме во тесен натпревар со ПИК Сегед со солидна игра во поголемиот дел од мечевите. ПИК Сегед е кандидат за Ф4 неколку сезони и е веднаш зад Веспрем во Унгарија.
2. Загубивме тесно со Киелце во Скопје, во меч во кој можевме да извадиме повеќе и за кој единствено го обвинувбам Алушевски. На гости не патосираа, КАКО И СЕКОГАШ.
3. Изигравме нерешено со Порто во Скопје, откако прими траљав гол Боре, а на гости се држевме до крај, на терен кој е тежок за игра.
4. Го прегазивме Фленсбург на домашен терен.
Тоа што сме последни е РЕАЛНОСТ во оваа група. Да зборувавме за порази од по 20 разлика, па да правиме муабет, ама реалноста е дека ние освен првата постава (која патем е некомплетна на секоја позиција), со второтиот тим сме на ранг на Нексе во најдобар случај.
Тренерот треба веднаш да се смени, ама резултатите сезонава НЕМА ДА се подобрат.
Тренерот треба да се смени и сериозно да се гради стратегија за во иднина. Ама, многу поважно, мора да се најдат и ПАРИЧКИ, затоа што откако ќе си отидат играчите кои играат на стара слава, максимум ќе ги привлечеме Тоше Ончев и Дарко Оса во екипата.