Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
24 март 2010
Мислења
15.325
Поени од реакции
26.270
Пак нема тоа да ти заврши работа зашо голем дел од тие што се иселени немаат лични карти туку само пасоши.

За другото, не оди така работата ние да објасниме зошто не требало, туку треба да се даде аргумент зошто ова ни е потребно од страна на предлагачите. Која е потребата за етничка припадност во лични карти? Посебно тоа што доаѓа од партија нели која што е најгласна за „граѓанско општество“.

Еве некои од проблемите што ми текнуваат зошто нели етничка припадност е право на самоопределување како ти се осеќаш во моментот. Што се случува со тие луѓе од мешани бракови, кои се осеќаат како македонци но и како срби? Што ќе се случи ако се изјаснам за србин и после година дена се осеќам како македонец? Дали треба лична карта да менувам за некој да ми верува во етничката припадност или сум веќе обележан како србин се до наредна промена на лична карта?

Тука потенцијалот за Албанците го гледам во фактот дека на терен може да ги притиснат тие климави заедници кои се „ни ваму ни таму“ како што се торбешите, потураците и слични на кои македонски им е мајчин јазик а овие на терен за поголеми придобивки (зашо да си албанец во државава е привилегија) ќе ги притиснат да се изјаснат во лични карти како Албанци, со цел да си ја зголемат бројката. Додека овие другиве христијански малцинства кои треба да ги македонизираме, ќе имаат incentive да се пишат како малцинство, зашо Македонија пред се прво се грижи за малцинствата со квоти на факултети, вработувања во администрација и слични права, па после нешо ако остане за македонците.
Треба, затоа што Република Северна Македонија е така дефинирана во Устав. Нејзината конститутивност не иде од борбата на македонскиот народ за независна држава, туку со решение на сите етникуми, притоа почитувајќи го Охридскиот рамковен договор и неговиот дух како една од врховните вредности. Оваа промена е скроз во тој дух.

Северна Македонија не е национална држава на македонскиот народ. Секое зацврстување спротивно на Преамбулата на Уставот на Северна Македонија е на штета на македонската нација. Така да, сите што мислат дека ја бранат унитарноста на Северна Македонија работат на штета на македонската нација. Затоа законот е добар.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
Според договорот со грците, не може да стои у л.к. термин македонец, додека другите 6 или 7 колку се конституонални според устав да. Е сега, како ќе се прогура ова дека нема македонци у државава а да не падне владата. Затоа што со Беса се има договор да стои у л.к.
Мора најголемиот патриот, ултра националист, револуционер и штитеник на граѓаните на РСМ да го одмота чворот. :)
Левица е тројанскиот коњ....кај и да е ќе ви се разјасни. А тоа за кого ќе гласаш си е твое, знам дека не е лесно да се даде глас за ВМРО после се ова. Она што е најбитно е што немаш избор....ако не за ВМРО онда си против....тоа е.
Гледаш како си пишал голем дел од проблемот, ВМРО а и сите знаеме дека не може да пишува македонец, дотука се е јасно, натаму е многу јасно дека за сите други етнички заедници ќе пишува што се си, само за македонците ќе пишува северџан/граѓанин на Северџистан,
ете оваа ВМРО не сака да го спречи, иако знае дека НЕ МОЖЕ ДА ИМА МАКЕДОНЕЦ НА ЛИЧНАТА КАРТА, ова го спречува Левица со 1000 амадмани.

Со пуштањето без европско знаменце, речиси сигурно биле договорени дека нема да има блокада, ама Левица и ја расипа играта, па сега Ж'миц иако знае дека не е МОЖНО да има македонец, блефира со подршка, всушност поставуваш невозможен услов.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.882
Поени од реакции
36.933
Треба, затоа што Република Северна Македонија е така дефинирана во Устав. Нејзината конститутивност не иде од борбата на македонскиот народ за независна држава, туку со решение на сите етникуми, притоа почитувајќи го Охридскиот рамковен договор и неговиот дух како една од врховните вредности. Оваа промена е скроз во тој дух.

Северна Македонија не е национална држава на македонскиот народ. Секое зацврстување спротивно на Преамбулата на Уставот на Северна Македонија е на штета на македонската нација. Така да, сите што мислат дека ја бранат унитарноста на Северна Македонија работат на штета на македонската нација. Затоа законот е добар.
Ќе ти кажев дека тоа што е на штета на Северна Македонија може да е од корист македонската нација и интересите на оваа држава и македонската нација не се поклопуваат. Ама после ми текна дека македонската нација го избра Зоран Заев за премиер, така да решив да не аргументирам.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Гледаш како си пишал голем дел од проблемот, ВМРО а и сите знаеме дека не може да пишува македонец, дотука се е јасно, натаму е многу јасно дека за сите други етнички заедници ќе пишува што се си, само за македонците ќе пишува северџан/граѓанин на Северџистан,
ете оваа ВМРО не сака да го спречи, иако знае дека НЕ МОЖЕ ДА ИМА МАКЕДОНЕЦ НА ЛИЧНАТА КАРТА, ова го спречува Левица со 1000 амадмани.

Со пуштањето без европско знаменце, речиси сигурно биле договорени дека нема да има блокада, ама Левица и ја расипа играта, па сега Ж'миц иако знае дека не е МОЖНО да има македонец, блефира со подршка, всушност поставуваш невозможен услов.
Тоа што го прави Мицковски е политичка игра....немам намера да навлегувам таму. Ни па е мудро некој да во открива планови, нели?
Левица го вади Заев од кал....Беса си бара тоа што се договориле со него. Од друга страна нема македонци дефакто овде според договорот со грците.
Нормално и одговара на ВМРО оваа ситуација, политика е во прашање....а не е чудо и да падне владава поради ова. И да имаме парламентарни заедно со локални.
Револуционерот е на страна на СДС, го имаат на тацна.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
Тоа што го прави Мицковски е политичка игра....немам намера да навлегувам таму. Ни па е мудро некој да во открива планови, нели?
Левица го вади Заев од кал....Беса си бара тоа што се договориле со него. Од друга страна нема македонци дефакто овде според договорот со грците.
Нормално и одговара на ВМРО оваа ситуација, политика е во прашање....а не е чудо и да падне владава поради ова. И да имаме парламентарни заедно со локални.
Револуционерот е на страна на СДС, го имаат на тацна.
Владата може да падне само поради друга причина, што ги спречува да му стават европско знаменце, досега така направија со еден куп закони, ако сакаат ќе го изгласаат.

Владата може да падне поради ова (да не се мислеш што било), ДУИ ќе бара да ја има подршката на СДССМ во некој општини, а БЕСА како сираче ќе мора да се согласи со тоа и да добива трошки или да падне владата и да проба да преживее уште некој изборен циклус.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Ја би се радувал да е вака...би постоеле како држава. Иначе ова со законов е финиширање на федерализација.
Автоматски споено мислење:

Владата може да падне само поради друга причина, што ги спречува да му стават европско знаменце, досега така направија со еден куп закони, ако сакаат ќе го изгласаат.

Владата може да падне поради ова (да не се мислеш што било), ДУИ ќе бара да ја има подршката на СДССМ во некој општини, а БЕСА како сираче ќе мора да се согласи со тоа и да добива трошки или да падне владата и да проба да преживее уште некој изборен циклус.
Контрадикторен е со договорот со Грција...читаш ли што пишувам?
Ова е се фори, сакам да се ебам а не сакам да ми влезе....барање на решение корен од -1 математички жаргон :)
 
Последно уредено:

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.159
Поени од реакции
5.933
Со пуштањето без европско знаменце, речиси сигурно биле договорени дека нема да има блокада, ама Левица и ја расипа играта, па сега Ж'миц иако знае дека не е МОЖНО да има македонец, блефира со подршка, всушност поставуваш невозможен услов.
Ова закониве со европско знаменце отсекогаш ми биле не јасни. Што воопшто им значи тоа? Како се одлучува кој закон ќе се носи со европско знаменце? Зошто сите закони не ги носат со европско знаменце? Ако закон донесен со европско знаменце значи дека тој ќе е во склад со законите на останатите членки на ЕУ, ваков закон би бил тотален нонсенс бидејќи во ни една држава во ЕУ не се запишува етничка припадност на лична карта...

Некое објаснување?
 
D

Deleted member 12196

Гостин

Закон со европско знаменце значи дека временски дискусијата е ограничена (вкупно, не поединечно) па опозицијата не може да го блокира со илјадници амандмани.
Дали ќе биде со знаменце или не одлучува власта, па (за жал) често се злоупотребува.
Македонија и сè е можно.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Крмов го слушав во неколку одвоени видеа од 24 вести. Ги мачка на леб оние копучишта пратени да изработат. Многу ми е жал што порано не се дрзнуваа елоквентни луѓе да излезат и да им се спротистават на хиените.

Парламентот го памтам уште од времето кога се осамостои оваа несреќна земја и сум се изнагледал првокласни опортунистички гомнари кои со тоа брзопрофитерство ништо не оставија читаво. Шиптaрите истата песна ја пеат цело време и само наивен човек може да очекува од нивна страна разум, ама нашиот блок е гнојот. Дпне и сдс се расадник на срање кадар.
Штета е што Левица немаат многу ресурси. Искрено би сакал да им се наебат уште на локалниве избори...во Скопје ако не освојат градоначалничко место, барем да имаат сериозен број советници.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
Ова закониве со европско знаменце отсекогаш ми биле не јасни. Што воопшто им значи тоа? Како се одлучува кој закон ќе се носи со европско знаменце? Зошто сите закони не ги носат со европско знаменце? Ако закон донесен со европско знаменце значи дека тој ќе е во склад со законите на останатите членки на ЕУ, ваков закон би бил тотален нонсенс бидејќи во ни една држава во ЕУ не се запишува етничка припадност на лична карта...

Некое објаснување?
Закон со европско знаменце значи дека временски дискусијата е ограничена (вкупно, не поединечно) па опозицијата не може да го блокира со илјадници амандмани.
Дали ќе биде со знаменце или не одлучува власта, па (за жал) често се злоупотребува.
Македонија и сè е можно.
Не одлучува власта (поточно кај нас одлучува),
тие законите со европско знаменце се прават според европска регулатива, значи тој закон е препишан според европските закони на прост јазик, секогаш на почетокот на законот ги има наведено европските закони според кој се носи нашиот закон и има ограничено траење, нели за да се убрза влегувањето во ЕУ.

Кај нас за да се оневозможи блокирање се става европско знаменце, а нема никаде наведено кој се тие европски регулативи (оти непостојат), па практички го злоупотребуваат тоа „европско знаменце“.

Најпознатите закони кај кој се злоупотреби е законот за обвинителство, законот за попис имаше уште неколку ама не ми текнува сега, за време на ВМРО не се сеќавам да имало ваква злоупотреба.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.159
Поени од реакции
5.933
Значи во превод, ако власта сака да донесе некој закон без да ја боли курот што другите мислат за законот, може да му стави европско знаменце и да си го истера? Без разлика дали е оправдано или не?

Максимум фиром... :facepalm:
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Значи во превод, ако власта сака да донесе некој закон без да ја боли курот што другите мислат за законот, може да му стави европско знаменце и да си го истера? Без разлика дали е оправдано или не?

Максимум фиром... :facepalm:
Баш така прават.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.342
Поени од реакции
21.700
Значи во превод, ако власта сака да донесе некој закон без да ја боли курот што другите мислат за законот, може да му стави европско знаменце и да си го истера? Без разлика дали е оправдано или не?

Максимум фиром... :facepalm:
Двојазичноста така ја изгласаа. 32,000 амандмани имаше доставено опозицијата, овие фино-лепо му ставија европско знаменце, амандманите во канта, и си го изгласаа законот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom