- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.325
- Поени од реакции
- 26.270
Треба, затоа што Република Северна Македонија е така дефинирана во Устав. Нејзината конститутивност не иде од борбата на македонскиот народ за независна држава, туку со решение на сите етникуми, притоа почитувајќи го Охридскиот рамковен договор и неговиот дух како една од врховните вредности. Оваа промена е скроз во тој дух.Пак нема тоа да ти заврши работа зашо голем дел од тие што се иселени немаат лични карти туку само пасоши.
За другото, не оди така работата ние да објасниме зошто не требало, туку треба да се даде аргумент зошто ова ни е потребно од страна на предлагачите. Која е потребата за етничка припадност во лични карти? Посебно тоа што доаѓа од партија нели која што е најгласна за „граѓанско општество“.
Еве некои од проблемите што ми текнуваат зошто нели етничка припадност е право на самоопределување како ти се осеќаш во моментот. Што се случува со тие луѓе од мешани бракови, кои се осеќаат како македонци но и како срби? Што ќе се случи ако се изјаснам за србин и после година дена се осеќам како македонец? Дали треба лична карта да менувам за некој да ми верува во етничката припадност или сум веќе обележан како србин се до наредна промена на лична карта?
Тука потенцијалот за Албанците го гледам во фактот дека на терен може да ги притиснат тие климави заедници кои се „ни ваму ни таму“ како што се торбешите, потураците и слични на кои македонски им е мајчин јазик а овие на терен за поголеми придобивки (зашо да си албанец во државава е привилегија) ќе ги притиснат да се изјаснат во лични карти како Албанци, со цел да си ја зголемат бројката. Додека овие другиве христијански малцинства кои треба да ги македонизираме, ќе имаат incentive да се пишат како малцинство, зашо Македонија пред се прво се грижи за малцинствата со квоти на факултети, вработувања во администрација и слични права, па после нешо ако остане за македонците.
Северна Македонија не е национална држава на македонскиот народ. Секое зацврстување спротивно на Преамбулата на Уставот на Северна Македонија е на штета на македонската нација. Така да, сите што мислат дека ја бранат унитарноста на Северна Македонија работат на штета на македонската нација. Затоа законот е добар.