Не брате Македонецу, немам воопшто намера да релативизирам, прикривам или незнам што, нечие зло, грдост, нечовештина, демонизам..., во случајов албанската темна страна, напротив!!!! , само го разобличувам со реално расудување и пристап со цел дека има потенцијал човештвото за трансформација на злото во креативни и творечки дејствија, та затоа ги парафразирам нашине комити ,, елате браќа и сестри, мили комшии..., под бајракот на Слободата да го победиме злото...“ итн. итн. итн.
Наспроти Македонскиот етос и повик за соживот со сите, сосе Албанците, како израз на длабок и промислен Ум, ова твое убедување што сакаш аргументирано да го афирмираш преку албанските девијации... е израз на немоќ, слабост, некреативност..., во кој несвесно запаѓаме само заради афективна реакција на силен притисок.
Ова што го збориш за Албанците, како и они за нас, закрвавено до коска, истото, се разбира со неспоредливо поголема моќ го правеше Хитлер со Евреите, видовме како сето тоа заврши...
Фашизмот чучи во сите нас, како најлесно средство–мотив оправдание за елиминација на другиот, затоа што е лош нетреба да постои, бидејќи го загрозува нашето постоење.
Ќе повторам, сево ова е израз на немоќ и девалвирање на човечкиот капацитет и потенцијал, пред се зборувам како Македонец за Македонскиот капацитет, кој го етаблираа нашите дејци со мачеништво и не задолжија да го култивираме до крајот на векот минлив, за Вечноста. А тоа брате мој вреди и го победува сето светско зло, та дошло преку Албанците, Американците..., пред се' би рекол од нас самите, оттаму и самокритичноста и расудувањето во тој Дух.
Биди здрав и жив, нема предавање, па кој како сака нека чини.
Македонец