Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.543
Поени од реакции
3.210
Не знам. Баш затоа сакам да видиме. И баш затоа не гледам ништо лошо во законот.
Во оваа држава сите што живеат се Македонци. Разбираш? Но внатре во државата има посебни етникуми што живеат - албанци, срби, роми. . .Aко се пишеме сите со етникум во лични карти србите - срби, албанците - албанци, ние македонците - македонци тогаш националноста ќе ја изедначиме со етникум. Разбираш?
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Не знам. Баш затоа сакам да видиме. И баш затоа не гледам ништо лошо во законот.
Значи ти би сакал да се изгласа закон, онака неповратно, со ужасни последици, за да видиш како и на кој начин ќе ни го спопикаат......
Садомазохист? Некој посебен фетиш имаш? Или онака партиски тренинг ти е само?
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Пишување на етничка припадност во пасош/лична карта не мора да има лоши последици тоа треба во секој случај (држава) индивидуално да се разгледа. Во Македонија тоа значи ослабување на македонската националност која произлегува од државјанството (секој со македонско државјанство има македонска националност). Значи се изедначува националноста со припадност на етничка заедница, така што на крај губи Македонецот и идеалот на национална држава на Македонците. До душа одамна се оддалечивме од тоа ама ова е само уште еден чекор плус. Не дека кантонизација зависи од ова ама дава дополнителен аргумент пример да креираш 2 кантони, еден на македонската заедница а еден на албанската. Другите се минорни односно не доминатни во поголема територија за да бидат кантони. Се прави подлога за таков чекор. Нека си прашаат на попис за етничка припадност ама нема потреба да влезе во пасош и лична карта. Ваква промена би требало да има придонес кој ја не го гледам. Па се поставува прашањето оти да се смени и дополнителни трошкови да се прават?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Во оваа држава сите што живеат се Македонци. Разбираш? Но внатре во државата има посебни етникуми што живеат - албанци, срби, роми. . .Aко се пишеме сите со етникум во лични карти србите - срби, албанците - албанци, ние македонците - македонци тогаш националноста ќе ја изедначиме со етникум. Разбираш?
Не, не се сите што живеат во државата Македонци. Македонец е национален, не е регионален идентитет. Албанците од Македонија НЕ СЕ Македонци. Тие се македонски Албанци.

Приказнава што ја продавате е бугарска и е милион пати полоша по македонскиот идентитет од педесет како Заев. Го прави терминот Македонец еднаков на мрсул. И јас, и Ахмети, и Али Паша, и Мустафа Кемал Ататурк сме биле Македонци. Ебаве левичарската шизофренија...
Значи ти би сакал да се изгласа закон, онака неповратно, со ужасни последици, за да видиш како и на кој начин ќе ни го спопикаат......
Садомазохист? Некој посебен фетиш имаш? Или онака партиски тренинг ти е само?
Не гледам како би имал ужасни последици. Всушност, не гледам никакви последици, не па ужасни. И цело време чекам некој да каже последица, и да дискутираме за неа. Ама еве втора страна, наместо за последиците, ви се дискутира за мене. :D
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.126
Поени од реакции
445
Не, не се сите што живеат во државата Македонци. Македонец е национален, не е регионален идентитет. Албанците од Македонија НЕ СЕ Македонци. Тие се македонски Албанци.

Приказнава што ја продавате е бугарска и е милион пати полоша по македонскиот идентитет од педесет како Заев. Го прави терминот Македонец еднаков на мрсул. И јас, и Ахмети, и Али Паша, и Мустафа Кемал Ататурк сме биле Македонци. Ебаве левичарската шизофренија...

Не гледам како би имал ужасни последици. Всушност, не гледам никакви последици, не па ужасни. И цело време чекам некој да каже последица, и да дискутираме за неа. Ама еве втора страна, наместо за последиците, ви се дискутира за мене. :D
- Се креваат тензии.
- Се знае точно колку етникуми има за да се креваат тензии.
- У случај на војна, лесно се идентификува кој каков е и може да дојде до геноциди на невино население.
- Ова е насила издејствувано од Албанските олигарси шо возат со 300 на саат со бентлита.
- Заради одржување и на така креФката влада, албанските олигарси за нив познати само причини го бараа ова.
- Македонците се намалуваат како бројка.
- Федерализација.
Ти почни дискусија ќе те подопраам јас зошто и тебе ко Мицко ништо не ти смета освен Левица.
 
Што има лошо да се знае колку точно етникуми има? Ова со случај на војна ти е многу јако. Затоа што ако не ти пишува во лична карта, нема да знаат. :pos:

Како се намалуваат Македонците како бројка? И како ова ќе ја убрза федерализацијата?

Бентлија, олигарси, крефки влади не ме интересираат. Тоа ќе дискутираш со останати експерти во внатрепартиска дебата.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592

Треба да се прегледа точно предлогот, но несомнено со самото тоа што го предлагаат ова Аљбанците имаат некоја сепаратистичка намера. Не сум прочитал во детали, но сигурно дека не го предлагаат за бабино здравје.
Што мислиш ти која им е намерата?
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.126
Поени од реакции
445
Што има лошо да се знае колку точно етникуми има? Ова со случај на војна ти е многу јако. Затоа што ако не ти пишува во лична карта, нема да знаат. :pos:
Да речеме пак ве збацаат демократите да прајте чистка како во 2001, ако нема етникуми некој и ќе преживее.

До таму сте ојдени да очи нејќете да си видите, а останатите страдаат поради тоа.

Има сите шо живеете у Македонија да бидете еднакви и да се сакате иначе голи оток.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Секаде на патни исправи стои националноста/nationality во наш случај Македонска. Без оглед на етничка припадност. Со пишување етничка припадност се ослабува националноста значи еден чекор плус од деградирање на Македонија како национална држава на Македонците. Све е на то кинисато денационализација на државата. Кој губи? Македонецот, нормално. На крај од приказната националност во државата може да бидат не само македонска, туку сите други. Кои други држави го практицираат ова?
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.126
Поени од реакции
445
Ова ич не е добро за Албанците, а им се сервира како добро за нив.
У случај на чистка некој би преживеал ако се каже турчин.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Треба да се прегледа точно предлогот, но несомнено со самото тоа што го предлагаат ова Аљбанците имаат некоја сепаратистичка намера. Не сум прочитал во детали, но сигурно дека не го предлагаат за бабино здравје.
Што мислиш ти која им е намерата?
Внатреалбански судир е. Идејава прво дојде од Груевски во 2011та, како долгорочно решение што би овозможило растеретени пописи. ДУИ беа силно против. Ама сега немаат толку широк маневарски простор.

Процентот на Албанци во книгата на државјанства е понизок отколку на пописи. А лични карти се издаваат од таа база. Анти-ДУИ албанските партии го сакаат ова затоа што мислат дека ќе добијат бројки со кои може да покажат дека ДУИ не прави ништо за нив.
Да речеме пак ве збацаат демократите да прајте чистка како во 2001, ако нема етникуми некој и ќе преживее.

До таму сте ојдени да очи нејќете да си видите, а останатите страдаат поради тоа.

Има сите шо живеете у Македонија да бидете еднакви и да се сакате иначе голи оток.
Готово, ако ти кажа, етникумите веднаш ќе ги снема. Не е проблем, сите ќе сме еднакви и ќе се сакаме.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Интересно е тоа што скоро 200 сте кликнале дека ќе гласате за Левица и еден (1) Вмровец ве мота. Може и дел делите идентичен став, ама никој не влегува да дебатира.

Личната карта треба да го докажува идентитетот, државјанството и живеалиштето на лицето.
Зошто е битно да се потенцира етничката припадност? Етничката припадност со сила се тера да биде пресуден критериум за добивање одредени права, меѓу кои е и добивањето на работно место (покрај политичката). Зошто во таа насока да продолжи да се турка државата, кога со таа рецепта она што може и вреди со оди од оваа држава!?
Крајно непотребно е да биде вметната во личната карта, не гледам еден единствен добар аргумент/причина зошто таа би стоела таму. За пребројување треба да имаме попис, како секоја друга држава.

Борат... не знам што да ти кажам. Таксативно ставаш набројуванки кои некогаш немаат допир со елементарната логика и/или здравиот разум. :oops:
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.126
Поени од реакции
445
Готово, ако ти кажа, етникумите веднаш ќе ги снема. Не е проблем, сите ќе сме еднакви и ќе се сакаме.
Сите вие за Левица сте граѓани на Република Македонија и сите сте еднакви.
Ќе служите војска. Таму маренда ќе делите а после војска и пријателство.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Сите вие за Левица сте граѓани на Република Македонија и сите сте еднакви.
Ќе служите војска. Таму маренда ќе делите а после војска и пријателство.
Прво не бев убеден дали си бот или вистински поддржувач. Ама во последно време се повеќе на автохтоните неосендвичи ми личиш. Сирот Димитар, со кого си фатил работа...
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Внатреалбански судир е. Идејава прво дојде од Груевски во 2011та, како долгорочно решение што би овозможило растеретени пописи. ДУИ беа силно против. Ама сега немаат толку широк маневарски простор.

Процентот на Албанци во книгата на државјанства е понизок отколку на пописи. А лични карти се издаваат од таа база. Анти-ДУИ албанските партии го сакаат ова затоа што мислат дека ќе добијат бројки со кои може да покажат дека ДУИ не прави ништо за нив.

Готово, ако ти кажа, етникумите веднаш ќе ги снема. Не е проблем, сите ќе сме еднакви и ќе се сакаме.
Значи поентата на АА им е процентот на Албанци на кои им се издадени лични карти да биде помал од процентот на Албанци на попис? Не ми се верува искрено да си пукаат во колено, сепак не се поглупи од нас.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom