Некој да знае од каде можам да ја купам или порачам кремата? скоро во сите аптеки ја немаат достапна, мислам
@bijons имаше коментирано во врска со истата крема
Прегледај го приврзокот 284172
...кај нас не се регистрирани било кои форми на лек кои содржат podophyllin (ги има во соседните држави), едноставно примената е осетлива, затоа што не се ставаат на било која брадавица (има над 150 типови), брадавицата треба да биде прегледана од соодветен специјалист, а и самото аплицирање бара стручност, затоа што делува на начин на хемиско остранување на површината на брадавицата, но ако дојде до допир со нормалната кожа може да дојде до силна иритација и комплицирање на самата околина од брадавицата, а и самиот подофилин се применува внимателно највише три пати неделно не повеќе од три недели, така да и да исчезне брадавицата не значи дека нема повторно да се појави во близина на старата брадавица понекогаш е подобро да се остават така, а да се делува на имунитетот чиј пад е причина за активирање на ХПвирус што веќе го имаме во себе,
...кај нас има некои други хербални препарати кои се препорачани за брадавици, а и габични промени, не знам колку се ефикасни, ама составот не покажува ништо страшно да се проба,
цитирам :
,,.. REDERMA FORTE растителниот мелем против вирусните брадавици е 100 отсто природен производ. Не содржи ниту една синтетичка супстанца, a во неговиот состав влегуваат растенија од природата на нашиот регион, меѓу кои: дивизма, ајдучка трева, кантарион, невен, боквица, руса, магарешки трн, коњско опавче, црвен кантарион, камилица, коприва, бозел, прополис, масло од рузмарин, масло од лаванда, масло од еукалиптус.
REDÉRMA FORTE растителниот мелем против вирусни брадавици трајно ги отстранува вирусните брадавици и кондиломите. Се препорачува за следниве индикации:
- Папиломи (кондиломи) – вирусни брадавици на кожата и слузокожата предизвикани од хуманиот папилома вирус (Human papillomavirus, HPV). Папиломите (кондиломите) се инфективно заболување, затоа што се пренесуваат со контакт на две површини на кожата и/или слузокожата, од кои едната е инфицирана.
Некои папиломи, во зависност од HPV кој ги предизвикал, можат да се претворат во малигни тумори.
- Габични заболувања на кожата – посебно меѓу прстите на нозете, на кожата од главата и на стомакот
Благодарение на посебно избраната комбинација од споменатите растенија со салицилна киселина и со колофониумска смола, брадавиците омекнуваат и на тој начин се овозможува нивно полесно отстранување.
Oвој растителен препарат:
- Ги суши вирусните брадавици,
- Го спречува нивното повторно појавување,
- Ја зголемува способноста на организмот да се бори со вирусот,
- Ја намалува болката која се јавува при воспалението,
- Не остава лузни на местото каде што биле брадавиците.
REDÉRMA растителниот мелем се нанесува во тенок слој, повеќе пати во текот на денот, a задолжително пред спиење, и тоа со пластична шпатула на исчистена и исушена брадавица или на местото каде се јавило габичното заболување...,,
П.С.
... НО, поради содржината на салицилна киселина и колофониум кои знаат да ја „изгризат“ кожата, затоа внимателно и со овој препарат!