офтопик: А Кубанците, пак ќе ти кажам - не ги жали. Тие подобро живеат од нас овде. Не е сѐ во материјални работи како аута и слично. Немаат куповна моќ за увозни производи, но домашните им се евтини. Не е дека ние овде „процветавме„ затоа што имаме поевтин интернет од Кубанците. Таму си живеат со повеќе дружење, како кај нас некогаш (минус внатрешните проблеми кои ни се режирани од „драгите пријатели и сојузници“, Американците). Во Куба нема многу (или ич) криминал, здравството им функционира, нема корупција, итн... Што ако немаат евтин интернет, што ќе им е? За полесно да им исперат мозок со модерни заглупувања како културен марксизам, ЛГБТ и промовирање муслиманска имиграција?
Интернетот не е главен виновник, туку само катализатор на модерните заглупувања од типот на културниот марксизам, сексуалните растројства и увозот на имигранти - без разлика на нивната етничка, религиска, расна или било каква позадина.
Историски главниот виновник за сите експерименти кои резултирале фатално за цивилизираните народи, бил, е` и ќе остане човечката игнорантност.
Се` започнува од домашното воспитување и образованието, Македонците на пример не се дома воспитани и образовани за да бараат настава на македонски јазик во Германија, Италија, Австрија, Швајцарија, Франција, Белгија, Холандија и други држави во кои емигрираат, ниту се воспитани и образовани за да бараат македонско знаме да се вее врз општинските згради, македонскиот јазик да се говори во Парламент, на Македонците да им се дава приоритет при вработување исклучиво и само поради нивното потекло и поради нивната националност, ниту па се воспитани и образовани да ги прифаќаат туѓите идеи од типот на културниот марксизам, сексуалните растројства и увозот на имигранти како нешто нормално и здраво за општеството.
Кристално истото важи и за останатите цивилизирани народи низ светот, се разбира со исклучок на тие во кои активно се применува индоктринација на младината во училиштата и во јавноста за да прифаќаат самоубиствени идеи од типот на културниот марксизам, сексуалните растројства и неконтролираниот и нерегулираниот увоз на имигранти.
Но човечката игнорантност потекнува од уште една негативна карактеристика на Македонците и на останатите цивилизрани народи низ светот - недостатокот од домашно воспитување и образование кое ќе ги потсетува дека одбраната и иднината на државата и на нацијата секогаш зависи и ќе зависи само од нив и од нивните постапки, бидејќи моментот кога ќе очекуваат државата да биде нивен слуга е моментот кога игнорантноста настапува на сцена, а со игнорантноста доаѓаат и самоубиствените процеси кои водат кон пропаста на една нација.
Народ кој молчи додека му менуваат знаме, па потоа преамбула во Устав, па потоа граници на општините, па потоа име на држава, па историја и јазик, па Бог знае уште кои други самоубиствени процеси понатаму, е` народ кој не е воспитан и образован да го брани наследството кое го стекнал здраво за готово од своите предци, а кои го платиле со сопствената крв и со сопствените животи, а на таков игнорантски народ не му се пишува ништо убаво ниту во блиската, ниту во далечната иднина.
Кристално истото важи и за народите кои молчат додека младината им ја индоктринираат со самоубиствените идеи од типот на културниот марксизам, сексуалните растројства и неконтролираниот и нерегулираниот увоз на имигранти, на игнорантски народ кој дозволува докажано непродуктивни и самоубиствени идеи и начини на размислување во сопственото општество исто така не му се пишува ништо убаво ниту во блиската, ниту во далечната иднина.
Во целата оваа ситуација Интернетот е само катализатор, а не одлучувачки фактор. Да не би бил Интернетот, има и други подзастарени - но подеднакво ефикасни и ефективни - извори на информации кои можат да послужат за ширење на самоубиствените идеи.
Во 1970-те години во Иран беше забрането во медиумите да се пишува за Рухола Хомеини, неговите книги беа забранети за печатење, издавање и продажба, но затоа аудио касетите завршија добра работа како алтернативни извори на информации - лесни за копирање и дистрибуција помеѓу луѓето, и на крајот послужија како добар катализатор за Иранската Исламистичка Револуција.
Денес има многу повеќе извори на информации кои функционираат независно од Интернетот и класичните медиуми, уште полесни за копирање и дистрибуција, проблемот секако дека лежи и во изворот на информацијата, и во содржината на самата информација, но главниот фактор кој придонесува за пропаста на една нација и на една држава е игнорантниот однос на луѓето кон информацијата која или ја сфаќаат премногу сериозно, или воопшто не ја сфаќаат сериозно без да ги земат во предвид можните последици од истата информација.
Коренот на проблемот секогаш е во домот и во семејството, родителите кои сакаат да имаат повеќе слободно време за себеси отколку за своите деца од кои ќе бидат надживеани - таков е природниот процес, секако дека има исклучоци - еден ден ќе се најдат во ситуација да немаат слобода, а нема да имаат ниту време и средства за да се изборат за истата слобода која ја стекнале здраво за готово од своите предци, а ја изгубиле поради сопствената игнорантност бидејќи имале некои побитни работи во времето кога нивното општество почнало да скршнува кон самоубиствен правец.