Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Може некој да ми даде совет каде да се обратам сега во пандемијата, мислам дека имам симптоми на мултиплекс склероза?
Каде сакаш отиди на приватно, напрај една магнетна резонанца за да дознаеш дека немаш и да ти се тргне од глава.
Јави се прво и закажи термин.
Неуромедика/Мегамед.
 
Благодарам, мислев да не треба да барам некој друг тип на доктор.

Да барам директно магнетна или само преглед кај невролог?
 
Со оглед на тоа што си кажа дека си хипохондрик, ја би одел директно магнетна.
Ама може и преглед ќе ти напраат, не знам како иде. Јави се, прашај.
 
Може некој да ми даде совет каде да се обратам сега во пандемијата, мислам дека имам симптоми на мултиплекс склероза?
Има смисла да отидам пример директно кај невролог во Неуромедика?
а со што заклучи дека имаш токму мултиплекс склероза?
еве јас ќе ти кажам дека немаш проблем со голтање на храна што е еден од симптомите на мултиплекс склероза, дополнително што си мушко претежно женски пол оболува од мултиплекс склероза,
 
Не заклучив, само паничам и сакам да ми биде мирна главата.
Можеш да ми дадеш совет каде да се обратам?
 
... никаде нема да се обратиш, тоа е мое мислење,
треба да се обратиш ,,до самиот себе,, и до девојката ако има сила да ти ги отргне негативните мисли, самиот ако не решиш до кого?
еве дружи се со анон членот пиши низ форумов твои искуства од животот низ теми, тука си анонимец, нека излезе стравот, лошите мисли од тебе, ти имаш една мала криза ,,страв за себеси,, поради притисокот на околината врз тебе, ти си здрав, не смееш да си увртиш дека имаш ,,некоја страшна скриена болест,, дали знае мајка ти за твојата моментална стресна состојба? разговарај со неа кажи си го проблемот тебе ти треба подршка во разговор дека си здрав прав и ако во моментот си несигурен со некои симптоми биди сигурен дека сите имаме такви појави и се справуваме самите затоа што тоа се нормални симптоми во ова стресно време,
 
Зошто мислиш дека имаш мултиплекс!? Мислам дека треба да побараш стручна помош, не се согласувам баш со доктор Википедија во целост. Сите луѓе имаат одреден степен на толеранција. Не се коцкај барем со онаа на твојата девојка.

Претпоставувам дека имаш историја на вакви претпоставки, дали би можел да споделиш нешто повеќе околу тоа? Дали барем една ти се има остварено?
 
Последно уредено:

Јасно ми е дека веќе неколку пати паничам за ништо. Пишав и во друга тема дека сум свесен за тоа и дека би сакал да пробам и со психолог.

Сепак не знам како да се изборам со тоа. Моите се супер, но никогаш не сум бил доволно близок со нив, а веќе се и постари и си имаат доволно нивни проблеми. Девојка ми ми е огромна поддршка и разговарам со неа, но како што спомна @Dumbledore страв ми е и дека и нејзината толеранција ќе ја надминам.

Најтешко ми е што од една страна си викам "не претерувај, знаеш дека не ти е ништо", но во исто време нешто ми вика "а што ако баш сега е нешто, а ти ќе го изигнорираш!?" Како колку повеќе да се трудам да се убедам дека џабе паничам, толку повеќе чувствувам страв и вина(?) дека ќе изигнорирам нешто што во иднина ќе биде само многу полошо. И тоа ме враќа на почеток.

Значи сумирано, свесен сум дека имам проблем со беспотребно паничење. Не сум како некои кои не можат да го прифатат тоа и се убедени дека навистина им е нешто. Само не можам да најдам начин да се изборам со проблемот.
 
Имам тригер фингер кој два дена неможам да го одглавам, порано функционираше со притискање околу зглобот под прстот. Сакам да пробам со синедол маст локално да намачкам, ама конзумирам и Пароксетин (SSRI антидепресив) и флутиказон за алергија? Смеам и дали би помогнал синедолот? Или некој друг предлог? Недела е, не сакам да ја замарам матичната.
 
Magnesium malate/citrate
B1
Pyridoxal 5 phosphate
Niacinamide
Alpha lipoic acid
Methylcobalamin
 
Јасно ми е дека веќе неколку пати паничам за ништо. Пишав и во друга тема дека сум свесен за тоа и дека би сакал да пробам и со психолог.

Сепак не знам како да се изборам со тоа. Моите се супер, но никогаш не сум бил доволно близок со нив, а веќе се и постари и си имаат доволно нивни проблеми. Девојка ми ми е огромна поддршка и разговарам со неа, но како што спомна @Dumbledore страв ми е и дека и нејзината толеранција ќе ја надминам.

Најтешко ми е што од една страна си викам "не претерувај, знаеш дека не ти е ништо", но во исто време нешто ми вика "а што ако баш сега е нешто, а ти ќе го изигнорираш!?" Како колку повеќе да се трудам да се убедам дека џабе паничам, толку повеќе чувствувам страв и вина(?) дека ќе изигнорирам нешто што во иднина ќе биде само многу полошо. И тоа ме враќа на почеток.

Значи сумирано, свесен сум дека имам проблем со беспотребно паничење. Не сум како некои кои не можат да го прифатат тоа и се убедени дека навистина им е нешто. Само не можам да најдам начин да се изборам со проблемот.
И јас имав хипохондрични напади летово. Пробав и самиот со психолог, и не успеа. Откако ќе направиш одредени анализи (не препорачувам целосно да ги занемариш симптомите, добро е да се слуша организмот ама не и Google за дијагнози), ако не пројде директно на психијатар. Препишуваат антидепресиви. Јас се оправив после тоа. Ако најдеш логично објаснување за симптомите и тоа ми помогна.

Magnesium malate/citrate
B1
Pyridoxal 5 phosphate
Niacinamide
Alpha lipoic acid
Methylcobalamin
Магнезиум директ користам скоро секој ден, понекогаш и b-complex од крка, црните таблети. Да земам дупла доза Б-комплекс?
 
И јас имав хипохондрични напади летово. Пробав и самиот со психолог, и не успеа. Откако ќе направиш одредени анализи (не препорачувам целосно да ги занемариш симптомите, добро е да се слуша организмот ама не и Google за дијагнози), ако не пројде директно на психијатар. Препишуваат антидепресиви. Јас се оправив после тоа. Ако најдеш логично објаснување за симптомите и тоа ми помогна.

Магнезиум директ користам скоро секој ден, понекогаш и b-complex од крка, црните таблети. Да земам дупла доза Б-комплекс?

Тие од крка повеќе проблеми ќе ти направат него што ќе помогнат.

Дај слика од состав на магнезиум директ и на б комплексот.
 
Еве:
4a6287dc5724cbd1aeb70267b6e40aa3.jpg
10fee4d7196df1cdf86c2ed21ec03e53.jpg

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
 
Тие од крка повеќе проблеми ќе ти направат него што ќе помогнат.

Дај слика од состав на магнезиум директ и на б комплексот.
Прво викаш проблеми ќе му направат, а тек после бараш да ти даде слика од составот :rolleyes:
 
Состав веќе знам, него пробувам да сфатам колку мг на ден внесувал заедно со магнезиумот. И тој има б витамини ако не се лажам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom