Бандера од ЕВН на сред влез во двор и нејзина дислокација

Член од
16 декември 2012
Мислења
2.743
Поени од реакции
7.257
Постапката е следнава: се прави проект за далновод и потоа се заверува во општина. Меѓутоа, во општината се нагласува дека на секоја точка, каде ќе има столб, компанијата сама треба да си ги реши имотните односи со сопствениците. Тогаш Дистрибуција почнува со насилнички настапи, со закани и, луѓе најчесто попуштаат. На сличен начин од Дистрибуција се однесуваат и за бандери и за трафостаници.
Секаде каде ќе видите дека далновод проаѓа над објект, има незаконитост.
Зборот ми е дека со нив човек тешко може цивилизирано да си ги реши проблемите, верувајќи во институции.
 
interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.440
Поени од реакции
3.698
Сакаш да кажеш дека никаде не може да се изгради далновод? Ниту пат, ниту пруга?
Јас мислам дека далноводот спаѓа во категорија која не можеме да ја стопираме. Издаваат решение и градат. Се разбира, со обештетување. Ниската мрежа можеме да ја стопираме, ако не ми се допаѓа комшијата преку мој имот не ќе постави линија.
Неможе на приватен имот далновод да се изгради, тоа само кај нас го гледаме и никаде друго во Европа.

5 години сум работел во Италија, знам дека таму ни на крај памет нема да му падне на некој да си игради нешто на твое место, неможе ни државата а не па некоја приватна фирма, со глупо објаснување кака тоа погоре "повисоко добро".

Нема повисоко добро, туку има договор со лицете кое е сопственик на парцелата, ако тој се согласи за некој надоместок тогаш океј, ако не, нема градба на таа парцела, ќе си бараш друго чаре, затоа што си мулти-милионска компанија, секогаш мора да имаш алтернатива за твоите проекти како да ги реализираш, ако треба и на марс ќе си градиш далновод, или поставиш бандери.

Само кај нас се случува приватна компанија како што е ЕВН, да се иживлава на простиот народ.

Ние сме први на комшијата да му покажеме заби, и да не му дозволиме приклучок, но кога се работи за ЕВН, сите чутиме како пички, јас те разбирам тебе многу добро, тоа е менталитетот, треба да помине некое време да се смени овој менталитет, можеби нашите деца ќе бидат подобри.
 
D

Deleted member 12196

Гостин

Не знам како е во Европа, ама кај нас далноводот е јавен интерес и може да се изгради на приватен имот.
Пишуваш паушално, од своја гледна (замислена) точка, ама законски е одредено дека јавен пат, железничка инфраструктура, далновод, нафтовод, продуктовод, гасовод, топловод, водовод, канализација, телекомуникациски водови итн. потпаѓаат под категоријата јавен интерес.
Баш ме интересира како ќе спроведеш далновод до некое село ако жителите на претходното село не дозволуваат преку нивното село да поминува.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.430
Поени од реакции
16.738

Можеш да се натегаш со месеци со нив ама на крај секако ќе ти земат дел од твоето имање.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.391

Работите не се црно и бело. Не е дека нема други рути ЕВН од кај да го пушти тој далновод, туку ќе треба да даде поише пари. Никој нема да остане без струја, ни драчево ни селото. Ако толку им се свиѓа таа траса, треба да му дадат повисока понуда а не да се вадат за некакво општо добро.
Али да такви ни се законите, мислам имаше случаи каде земјишта беа одземани зашто државата реши да гради пат. Ова со евн е уште потрагично зашто е приватна фирма.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Како ве читам дека сте против, се чудам дали струја и асфалтирани патишта ви требаат воопшто? :D
Шала на страна, ама јас на темава се информирав пред 2 години кога наследив имот на планина, и еден бетонски далновод има на моја парцела. И јас мислев прво дека од ЕВН ќе имам право да барам годишен надомест, ама не бил отака. Имотот го користеше чичко ми, и веќе му платиле еднократен надомест, и тоа е.
Меѓу документите најдов дека чичко ми бил повикуван на суд за одземање на дел од имот каде денес има асфалтиран пат, за што денес ми е драго дека патот постои.

Пред два месеца ми се јавија да прашаат дали давам дозвола земјен пат да пробијат кај мојата шума, и веднаш се согласив, и сум среќна што со возило ќе може да појдам до мојата шума. Не плаќаат за земјен пат, само ако е асфалтиран. А летоска со син ми и човек платен со џи-пи-ес и координати бевме до шумата, низ недојдија, покрај мечкини дувла ... одевме нагоре низ непрооден терен едно саат време, од пролет ќе можам со возило до таму...
 
Член од
2 март 2016
Мислења
507
Поени од реакции
510

Ако е направена експропијација врз дел од земјиштето тогаш даваат еднократен износ според пазарни цени за тие м2 кои се предмет на експропијација.
Доколку нема експропијација и тие така на ,,диво" си ставиле бандери, тогаш или треба да плаќаат месечен надомест за закуп на дел од земјиштето или по барање на сопственикот да ја дислоцираат бандерата и да му надоместат надомест на штета на сопственикот доколку со бандерата му е сторена штета.
Правото на сопственост е уставно загарантирано право, и не може ни државата а камоли ЕВН туку така да си прават што сакаат, дури и во постапка за експропијација не е еднoставно да се одземе нечие земјиште. :)
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Можеш да се натегаш со месеци со нив ама на крај секако ќе ти земат дел од твоето имање.
Ако се брзаат нема натегање. Ти издаваат решение на кое имаш право на жалба, но жалбата не го запира извршувањето. Можеш потоа да се натегаш околу обештетувањето.
Работите не се црно и бело. Не е дека нема други рути ЕВН од кај да го пушти тој далновод, туку ќе треба да даде поише пари. Никој нема да остане без струја, ни драчево ни селото. Ако толку им се свиѓа таа траса, треба да му дадат повисока понуда а не да се вадат за некакво општо добро.
Али да такви ни се законите, мислам имаше случаи каде земјишта беа одземани зашто државата реши да гради пат. Ова со евн е уште потрагично зашто е приватна фирма.
Ако решат ќе направат нов далновод и никој не може да ги спречи. Имаат и други рути, ама и таму некој ќе оспорува. Ќе ја изберат најкратката (или најефтината). А за да платат повеќе, нема да платат. Не знам кој врши процена, но не може некој да бара нереална цена.
Како ве читам дека сте против, се чудам дали струја и асфалтирани патишта ви требаат воопшто? :D
Шала на страна, ама јас на темава се информирав пред 2 години кога наследив имот на планина, и еден бетонски далновод има на моја парцела. И јас мислев прво дека од ЕВН ќе имам право да барам годишен надомест, ама не бил отака. Имотот го користеше чичко ми, и веќе му платиле еднократен надомест, и тоа е.
Меѓу документите најдов дека чичко ми бил повикуван на суд за одземање на дел од имот каде денес има асфалтиран пат, за што денес ми е драго дека патот постои.

Пред два месеца ми се јавија да прашаат дали давам дозвола земјен пат да пробијат кај мојата шума, и веднаш се согласив, и сум среќна што со возило ќе може да појдам до мојата шума. Не плаќаат за земјен пат, само ако е асфалтиран. А летоска со син ми и човек платен со џи-пи-ес и координати бевме до шумата, низ недојдија, покрај мечкини дувла ... одевме нагоре низ непрооден терен едно саат време, од пролет ќе можам со возило до таму...
И за земјен пат треба да платат. Тој пат повеќе не е во твое владение. Друга работа е што тој пат ти одговара и тебе, па даваш дозвола. Инаку за тој пат можеш да ги оспориш и тешко дека ќе успеат да го направат. Не ќе може да го категоризираат како јавен интерес.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Ако е направена експропијација врз дел од земјиштето тогаш даваат еднократен износ според пазарни цени за тие м2 кои се предмет на експропијација.
Доколку нема експропијација и тие така на ,,диво" си ставиле бандери, тогаш или треба да плаќаат месечен надомест за закуп на дел од земјиштето или по барање на сопственикот да ја дислоцираат бандерата и да му надоместат надомест на штета на сопственикот доколку со бандерата му е сторена штета.
Правото на сопственост е уставно загарантирано право, и не може ни државата а камоли ЕВН туку така да си прават што сакаат, дури и во постапка за експропијација не е еднoставно да се одземе нечие земјиште. :)
Цела парцела е на мое име, не стои ЕВН или некој друг како сопственик на делот каде е далноводот. И не плаќаат месечно, дефинитивно, еднаш само. Прашано.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Ако е направена експропијација врз дел од земјиштето тогаш даваат еднократен износ според пазарни цени за тие м2 кои се предмет на експропијација.
Доколку нема експропијација и тие така на ,,диво" си ставиле бандери, тогаш или треба да плаќаат месечен надомест за закуп на дел од земјиштето или по барање на сопственикот да ја дислоцираат бандерата и да му надоместат надомест на штета на сопственикот доколку со бандерата му е сторена штета.
Правото на сопственост е уставно загарантирано право, и не може ни државата а камоли ЕВН туку така да си прават што сакаат, дури и во постапка за експропијација не е еднoставно да се одземе нечие земјиште. :)
Законот за експропријација не кажува така. Бандерата не ќе ја дислоцираат, бидејќи своевремено никој не оспорувал веќе стекнале право на службеност. Прашање е дали сега може да се издејствува некое обештетување.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.743
Поени од реакции
7.257
Само кај нас далновод минува над дом. Тоа е небезбедно и опасно по здравје. Дали можеби ЕВН тоа и во Австрија го прави? Некој, во претходните коментари праша дали е опасно да имаш трафостаница во дворот. Секако, има опасност од пожар, од зрачење, влијае на нервниот систем со бучењето.
Да се вратиме на темата, да сте вие, ако не сте дале согласност да ви проаѓа струја над глава, дали би се помириле со вишите интереси и цели на ЕВН?
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
И за земјен пат треба да платат. Тој пат повеќе не е во твое владение.
Делот од патот што ќе минува низ моја парцела, останува да биде мој. Рекоа дека само ак осе асфалтира некогаш, тогаш ќе прават експропријација. Јас можам да поставам огради, на пример (пасиште се води делот до шумата каде ќе е патот). Општината ќе помине со механизација да го израмни, ќе ги исече дрвцата што израснале на тој дел каде ќе е пат, ама тие (дрвцата) остануваат во моја сопственост да си ги земам. :)
Автоматски споено мислење:

Само кај нас далновод минува над дом. Тоа е небезбедно и опасно по здравје. Дали можеби ЕВН тоа и во Австрија го прави? Некој, во претходните коментари праша дали е опасно да имаш трафостаница во дворот. Секако, има опасност од пожар, од зрачење, влијае на нервниот систем со бучењето.
Да се вратиме на темата, да сте вие, ако не сте дале согласност да ви проаѓа струја над глава, дали би се помириле со вишите интереси и цели на ЕВН?
Се разбира дека не е безбедно, и дека не би се помириле ако не ни одговара, работата е што често прво е поставен далновод и жици, а сопствениците отпосле изградиле нешто под нив :(
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
Само кај нас далновод минува над дом. Тоа е небезбедно и опасно по здравје. Дали можеби ЕВН тоа и во Австрија го прави? Некој, во претходните коментари праша дали е опасно да имаш трафостаница во дворот. Секако, има опасност од пожар, од зрачење, влијае на нервниот систем со бучењето.
Да се вратиме на темата, да сте вие, ако не сте дале согласност да ви проаѓа струја над глава, дали би се помириле со вишите интереси и цели на ЕВН?
Знам дека човек ги оспори бидејќи далноводот беше трасиран баш над негова викендица. Ги натера (уште во време на изградба) да го повлечат 20-30 метри подалеку.
Автоматски споено мислење:

Делот од патот што ќе минува низ моја парцела, останува да биде мој. Јас можам да поставам огради (пасиште се води делот до шумата каде ќе е патот). Општината ќе помине со механизација да го израмни, ќе ги исече дрвцата што израснале на тој дел каде ќе е пат, ама тие остануваат во моја сопственост да си ги земам. :)
Ако можеш да го оградиш, тоа не е пат. Утре можеш да засееш житарици на него.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Ако можеш да го оградиш, тоа не е пат. Утре можеш да засееш житарици на него.
Така иде зборот со оградувањето, дека си останува да биде мој имот (сè освен шума смееш да оградиш).
Патот ќе поврзува стар манастир високо на планината со населено место. Колку ќе е фреквентен, не знам, ама според мене, убаво е што ќе постои. :)
Автоматски споено мислење:

И не додадов, мојата шума и пасиштето се граничат со државно земјиште (како остров среде државно земјиште сум таму), така што голем дел од патот низ планината ќе е на државно земјиште
 
Kajgana Shop

На врв Bottom