Оваа сезона тимот се состави набрзина без многу размислувања,таква беше ситуацијата тогаш и немаше многу избор.
Така да оваа сезона единствена цел ќе ни биде титула во домашно првенство,во ЛШ и Сеха само нека се воигруваат играчите,апсолутно нема ништо да ни промени ако ја поминеме групата,само ќе служиме за билдање статистика на останатите екипи.
Следна сезона ако сакаме некој посериозен успех мора прво тренер да се донесе,се гледа дека Стевче е изгубен на поголемиот дел од натпреварите,немаме никаква игра и што е најлошо со поголем дел од играчите не е баш во најдобри односи и нема некој авторитет,за тајмаутите да не зборам.
Од играчиве поголемиот дел немаат квалитет за ЛШ посебно бековите,освен Јотиќ се друго треба да лета,може и Шеваљевиќ да се проба и да биде играч за ротација.
Десните бекови најлаби во тимот цела сезона,не дека не знаевме што не чека ама ова ги помина сите граници,Вујин катастрофален на сите натпревари,поминато му е времето и треба да си се повлече,другите двајца Векиќ и Јагуриновски незнам зошто ги плаќаат,апсолутно никаква корист немаме од нив.
Гаџа исто ги троши кредитите,од него очекував да игра многу подобро од ова,го пратев во Нексе и Загреб многу подобар беше,незнам што му се случи во Вардар.
Талески,Мишевски,Карапалевски и Димитриоски тотално непотребни,во екипата служат само да пополнат ростер,првиов се бламира се повеќе од натпревар во натпревар,а за останативе тројца незнам како им одговара да бидат само резерви и цела година да подаваат пешкири,штета што млади играчи се задоволуваат со таква улога.
Валчак треба да се проба повеќе во напад и да видиме што може да понуди,ако се покаже може да остане,ако не нема потреба да го држиме и да правиме дефанзивец од него.
Другите можат да останат и со некоку засилувања да ја подобрат ситуацијата,ќе видиме во наредниот период според трансферите што ќе ги правиме какви се амбициите на клубот за следната сезона.
Јасно е дека ќе бидеме далеку од врвот или некаков Финал 4,сепак мислам дека може далеку подобри играчи да се донесат и да се скоцка добра екипа со моменталниов буџет.