- Член од
- 16 јануари 2013
- Мислења
- 4.018
- Поени од реакции
- 8.344
Знам дека се зезаш ама и хајпот за Упамекано може да спласне одеднаш. Кој гарантира дека ќе се покаже подобро од Кабак? Рашфорд го растури од дриблање Упамекано, да играше во голем клуб уште ќе имаше мемиња за него.
Она што ми смета е величењето на Едвардс што се прави. Јес да човекот успева да продаде младинци кои можеби не вредат за парите, ама ме фрустрира што сме на пат да се вратиме пред пет години со вакви Рагнар Клаван трансфери.
Тоа што Клоп знае и од магаре да направи фудбалер, не треба да се користи во време кога сме со титули од првенство и лш. Особено не кога го имаш Сити како конкурент. Ионака имаме пример како два - три квалитетни играчи прават разлика. Друго е Хендерсон и Фабињо да играат средина, друго е одбрана. Затоа и овие мачни натпревари против тимови од долниот дел на табелата кога треба да крпат со Милнер кој претходни сезони играше на лев бек и младиот Џонс.
Уште кога се повреди Ван Дајк, требаше да бараат квалитетен стопер за замена, знаејќи колку Матип и Гомез се повредуваат, па на 01.01. да официјализираат трансфер и да не треба средишни играчи да се трошат во одбрана.
Мислам оваа *профит политика е убава за око, ама може повторно да донесе суша од трофеи.
*Да не се засили некој со скапите трансфери на Ван Дајк и Алисон, да не беше Кутињо, па и претходно Стерлинг и Суарез, никогаш немаше да се случат.