.......
Кое е вашето мислење за Џордан Питерсон?
Побуден од една наша кратка преписка каде беа спомнати Роган и Шапиро, сакав да изнесам мислење дека е клучно Питерсон да се разгледа и како дел од групата
Д Интелекшуал Дарк Веб.
Поголем дел се дискредитирани академици исто како Питерсон, пред се со ниска емоционална интелигенција бидејќи паднале на нагонот да се искажат, исто како Питерсон, што резултирало со академска суспензија.
Но сепак интелигентни да во својата група инволвираат и хомоеректус како Роган, конзервативец како Шапиро со изразени догматско јудео вредности, и така обезбедуваат поширока публика со кросовери и меѓусебни гостувања во сопствените пткасти.
Овој тип на групирање иако концептуално е креација на УСА, скоро до совршенство го доразви Јужна Кореја со многу пофокусирана стратегија, ставајќи го КПопот на светска сцена, со своите Бој Грл бендови БТС и БлекПинк.
Слични обиди имаше и Дарко Димитров со М2, но за разлика од глобалната стратегија на Ј.Кореа, неговите обиди за успех беа осудени на пропаст поради географскиот и јазичен лимит.
Да се вратам на Питерсон, неговите "учења" се еклектичко поврзување на нештата, Ниче, Јунг, Фројд, Достоевски, Антика, Религија, синтетизирани во пакет за самопомош со што постанува Бренд, околу неговата личност се создава идолопоклонсво, тој успева брендот да го пумпа, надоградува но се до моментот на крах, што го обелоденува неговиот најголем Бул Шит - тој сам на себе не може да си помогне а не па на друг, и под голем знак прашалник се става целото негово учење.
Неговиот јак пад несомнено предизвикува шоквејв и во групата со што се заклинкува нејзиниот кредибилитет.
Мора да се спомне Сем Харис, кој површно го гледа ќе помисли дека е член на оваа група, но се работи за човек со исклучителна емоционална интелигенција кој одржува лабава врска со гореспоменатите, ги "предизвикува" на дуели, полни сали, си го фура поткастот, медитејшн апот и со својата конзистентност мислам дека прави фин кеш.
Доколку имате амбиции да влезете во истиот бизнис како мене, анализа на Питерсон е битна, пред се прво да се има некаков инкам, да не се избрзува со емотивни испади што ќе ви го скратат изворот на егзистенција, да се почека сопствената емотивна интелигенција да се доразвие, за да може бул шитот што ќе го продавам да има тежина и да ми носи кеш до крај на живот.
Како што вика Херметичкото Ез Абав, Соу Билоу и ние во Мк отсликуваме голема макро слика на микро ниво, како што Гоце Арнаудов беше македонскиот Мик Џегер, така мислам дека
@Botko има големи шанси да стане македонскиот Сем Харис.
Ја работам на подобар - оригинален англиски пронансиејшн, дали Ботло ти веќе го совлада, дали имаш поткаст, ако не дали ти е во план?