Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Моментално имам МАНН ама демек Мале или Бош биле подобри, па затоа реков да прашам.
Ако не земаш ОЕМ, земи си филтрон, поарно тоа него нешто во кина произведено со штампа бош или мале....веројатно истиот филтер е само различно името.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335
Ако не земаш ОЕМ, земи си филтрон, поарно тоа него нешто во кина произведено со штампа бош или мале....веројатно истиот филтер е само различно името.
сакаш да кажеш дека бош ќе се брука да штампа фалц филтри? Бош и Ман се каде каде поквалитетни од било каков филтрон. И не е битно тоа колку тежи, него колку си ја врши работата
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Слободно купувајте филтри мејд ин чајна и мислете дека се квалитетни затоа што имале некое име наштампано на нив...тоа името стварно помага во филтрација, не тоа колку е тежок (т.е. колку има филтер хартија во него)
 

Ron0n

The Mercedes Guy
Член од
16 август 2009
Мислења
351
Поени од реакции
198
Филтри за уље како бренд, кои се квалитетни?
Јас на мерцедесите користам Knecht > Mann > Bosch. Единствено знам да направам исклучок за филтер за полен - барам само да биде карбонски, доколку нема од омилените брендови, може и некој друг кој е исто така квалитетен. Генерално 90% од времето филтри и уље купувам од сервисот на Макаутостар.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596
Mnogu pobitno e da se krati servisniot interval nego da se gleda markata na filterot. Ne veruvam deka premnogu otskoknuvaat vonkvalitet filtrite sto možat da se najdat po prodavnici

I dobro cuvan motor i ne pravi kojznae kolku strugotini za 7-8 000 km kolku što e servisniot interval

Utre ako imam poveke vreme ke pisam što imam najdeno vo motor od Ford Kapri pred mnogu godini
 
Член од
28 јуни 2014
Мислења
720
Поени од реакции
694
Поздрав друштво!
Пред некој ден при моторно кочење на удолница (при влагање во лев завој) од 5та во 4та брзина колата почна да трокира.Кумплугот се пушта по малку и стигнува до онаа точка кадешто почнува моторното кочење и почнува да трокира доста силно....и после од 4та во 3та пак истото,трокирање само со помал интензитет,можеби зошто патот веќе беше рамен.
После тоа пак удолница но при истата постапка ништо не се случува.
Пред некој ден пак се случи но со помал интензитет(не многу стрмна удолница) и пак на завој кон лево?
Што би можело да биде?
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
А дали колата ви беше товарено? И што модел е колата бидејќи се зависи што модел е колата и типот на моторот и менувачот (обични замаеци или варијабилни) ?? Инаку не би знаел што би можел да е ,освен ламелата може да е истрошен или друго ?
Патем при многу удолнини не се става 5 и 4 брзина туку 3 брзина ,а ако е малку удолнина само 4 и 3 брзина и не се става 5 и ниту 6 брзина

Sent from my SM-T720 using Tapatalk
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.229
Поени од реакции
7.039
,,Ѓушот,, мој кога ја продаваше фелицијата пред 6-7 години....го извадивме акумулаторот Топла кој беше подобар од мојот на малиот Цитроен, и ги сменивме едноставно. Фелицијата ја продадовме со полошиот акумулатор.

Подобриот Топла сеуште го возам на Цитроенот....но по продавници ми кажуваат дека денешните немаат врска со тие од пред 7-8 години
Не е толку до акумулаторот колку што е со се поголемата електроника кај поновите автомобили. Фелицијата немала ни Е од електроника па нормално со еден "посовремен" акумулатор ќе иде подолго (аналогната километража не влече струја). Е сеа новите коли со централна брава, електрична километража, аларми, сензори, автоматско уклучување на фарови, бришачи, паркинг сензори, абс, есп, подршка на стенд бај на цела таа електроника и микрочипови нормално дека ќе лапа струја и на мотор во мирување.
Автоматски споено мислење:

Како ќе се погоди.
Кај мене Вартата не се погоди, едвај изгура дури траеше гаранцијата. Exide издржа најдолго, ама беше купен од претходниот газда од Италија (6 и кусур години).
KBK ако догура уште оваа зима ќе биде арно, уште првата зима ме остави на ладното да не запали.

Плус зависи и дали ја чувате колата на отворено или во гаража, дури ја гаражирав сите акумулатори ми издржаа подолго.
Не се погодила пошто ти увалиле акумулатор којшто е стар или пак не одговарал со спецификациите на твоето возило. Си сакал варта, немале соодветен на лагер и тој ти го увалиле со помала моќност. Заинтересирај се со кои спецификации треба да биде твојот акумулатор и ќе видеш :)
Автоматски споено мислење:

сакаш да кажеш дека бош ќе се брука да штампа фалц филтри? Бош и Ман се каде каде поквалитетни од било каков филтрон. И не е битно тоа колку тежи, него колку си ја врши работата
Филтрон е во сопственост на Mann. Со оглед на тоа како функционира денешниот свет. Нема да ме чуди и ако оригиналниот Mann се прави во Полска кај филтрон за да намалат трошоци. Јас би земал филтрон и сигурно ќе биде подобар него ли некој "голем" бренд кој ќе биде made in China, designed in USA.
 
Последно уредено:

BONDEK

ТHE DEVIL
Член од
18 април 2006
Мислења
751
Поени од реакции
30
Имам проблем , ми тече уље и антифриз од некаде, стално надополнувам на секои две недели ..........за постара кола се работи . Некој добар мајстор за вакви работи кај да најдам ????
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Имам проблем , ми тече уље и антифриз од некаде, стално надополнувам на секои две недели ..........за постара кола се работи . Некој добар мајстор за вакви работи кај да најдам ????
Уххх и уље и антифриз заедно? По колку дотураш уље и антифриз на две недели?
За што кола се работи?
Може да е од многу места. Прво и основно како дефиниција.....испери мотор и гледај после тоа.....ќе остави траги (уљето ќе остави своја трага, антифризот исто во боја каков што имаш....црвен, плав, итн).
Може и внатрешно да согорува (дихтунг на глава, карики....итн)
Надворешно.....семеринзи, поклопец на вентили (уље), црево, стега, скапана заштитна штопна, водна пумпа (антифриз)......итн, итн.
 

BONDEK

ТHE DEVIL
Член од
18 април 2006
Мислења
751
Поени од реакции
30
Уххх и уље и антифриз заедно? По колку дотураш уље и антифриз на две недели?
За што кола се работи?
Може да е од многу места. Прво и основно како дефиниција.....испери мотор и гледај после тоа.....ќе остави траги (уљето ќе остави своја трага, антифризот исто во боја каков што имаш....црвен, плав, итн).
Може и внатрешно да согорува (дихтунг на глава, карики....итн)
Надворешно.....семеринзи, поклопец на вентили (уље), црево, стега, скапана заштитна штопна, водна пумпа (антифриз)......итн, итн.


suzuki swift 1996- 1.6 мотор , ставам литро уље најефтиното од 140-150 денари на секои две недели , антифриз купувам 3-4 литри разреден и за та давам мозе 300-350 денари и ми трае еден месец. Не е нешто голем трошок ама ете почна да ме нервира . Ако е некој поефтин квар би го направил , ама па специфицна работа е ова па не секој мајстор знае да испита квалитетно. Капачето кај што ставам уље одозора е стално прљаво од уље , а бев и нешто ауспухот го местев и тој ми каза од доле негде ми капело уље да си го средам.... Исто и има поголеми вртежи колата дур да загрее околу 1500 после се намалува на 800
 
Последно уредено:
Член од
28 јуни 2014
Мислења
720
Поени од реакции
694
А дали колата ви беше товарено? И што модел е колата бидејќи се зависи што модел е колата и типот на моторот и менувачот (обични замаеци или варијабилни) ?? Инаку не би знаел што би можел да е ,освен ламелата може да е истрошен или друго ?
Патем при многу удолнини не се става 5 и 4 брзина туку 3 брзина ,а ако е малку удолнина само 4 и 3 брзина и не се става 5 и ниту 6 брзина

Sent from my SM-T720 using Tapatalk
Citroen Saxo 1.1 ,1999г. бензинец и не беше товарено...
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Не се погодила пошто ти увалиле акумулатор којшто е стар или пак не одговарал со спецификациите на твоето возило. Си сакал варта, немале соодветен на лагер и тој ти го увалиле со помала моќност. Заинтересирај се со кои спецификации треба да биде твојот акумулатор и ќе видеш :)
Според фабричната спецификација беше избран нема како да ми увалат послаб, инаку беше модел Varta Silver Dynamics купен од Матадор во Прилеп, демек не беше стар датумот на лепенката беше 3-4 месеци пред денот на купување.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom