Pa najmnogu selfinja vo teretana pravat bacinja so kratki vratovi. Ama toa e ok, tie se VISTINSKI fitnes instruktori. Ne se glupi zenski so sakaat da privlecat vnimanie vo teretana.
Za nekoj vezbi treba da go natrtis gazot. Sho znaci toa, deka pola teretana napaleni mazi moze da pocne da go drka poso ti gi provociras? Sepak ti ne si fitnes instruktorka, so majka baras vo teretana. Sigurno imas +26 godini i si pocnala da odis vo teretana za da najdes nekoj ergen.
Јас се извинувам, но изгледа рефлексивно ми имаш искоментирано и не ги знаеш моите ставови на темата или едноставно не ги имаш прочитано.
Те почитувам како форумски лик бидејќи не се нафрлаш на луѓе и им се обраќаш со почит, затоа ќе ти одговорам што е суштината на овој проблем.
Емка, не треба да генерализираме и да се напаѓаме. Јас како машко да ја држам мојата страна и ти како женско твојата. Така само допринесуваме до развлекување на дискусијата.
Никаде немам потенцирано ова што ти го напиша дека е во ред, НАПРОТИВ јас тоа го осудувам. Зошто?
Едноставно е.
Теретаната е теретана и таму секој оди да вежба.
Доколку било кој пол биди таму коментиран од спротивниот пол и има појава на недолично однесување - тоа е = на сексуално вознемирување и тука да сме начисто.
НО, моето потенцирање во цитатите со чолисимо беше дека теретаната НЕ е место каде ти треба да одиш и својот мобилен телефон да го користиш како скапа техника за фотосесија и да направиш едно 20 селфиња и 50 слики. Истите да ги објавиш на социјални мрежи каде имаш 4000 - 5000 следбеници и потоа да дојдеш и да бараш социјална правда т.е. да изиграваш Марија Дева.
НЕ, се извинувам, но машките и женските кои одат во теретана да се сликаат не се таму со цел да се одржаваат телесно и духовно (во здраво тело здрав дух, нели) туку со други некои цели, па истите НИТУ најмалку не ги оправдувам, ниту ќе барам сила во себе да ги бранам доколку на сликите по социјални медиуми бидат „нападнати“ со коментари од типот:
ЛЕЛЕ колкав ти е .... бицепсот де, хаха
аууу маче како тоа ти добро го правиш...
УФ која форма, топ си :* <3
Се разбираме?
Значи мора да разграничиме што е да си го бараш со боринче, а што е да одиш во теретана за да вежбаш, да одиш на годишен одмор за да одмориш, да одиш во кафана, кафич, клуб за да си поминеш убаво - НЕ за фотосесија и НЕ за потоа твоите полуголи фотографии да ги објавиш на инста профил каде имаш 5000 „ѕиркачи“.
Јас во приватниот живот немам 5000 пријатели, немам 2000, немам ниту 1000, ниту пак 500. Социјална мрежа е за да се социјализирам, да се дружам со тие кои ги познавам, да разменувам пораки, да се нашалам, да научам нешто, да споделам интереси и можеби понекоја приватна слика - можеби.
АКО веќе си „инфлуенсер“ и ги користиш социјалните медиуми за реклама на производи, за себереклама и себепромоција, за да истакнеш дека си инструктор по фитнес, дека си човек кој се занимава со здрава исхрана па продаваш свој вид на диета преку нет или слично ТОГАШ ОКЕЈ. Во тој случај си под будното око на јавноста, сите твои споделени слики се ЈАВНИ (ако ти е јавен профилот) и секако треба да очекуваш и позитивни и негативни коментари.
Ние во обидот да се препукуваме и да завземиме машка и женска страна упорно замижуваме на реалниот проблем, а тоа е декаденцијата која е создадена прво во домот и потоа пренесена врз социјалните мрежи.
Јас следам фитнес инструктори, брачен пар. Сакаш да ти ги пратам видеата или инста профилот?
Се бават со фитнес и со здрава исхрана. НУЛА од сексизам на ниовниот ИГ профил, Н У Л А.
Не продаваат „производ“ под максимата
Sex sells туку се бават со фитнес и здрав живот - не ги интересира ништо друго. Нормален начин на рекламирање, ништо извитоперено.
Секоја друга девијација од ова погоре е за осуда. Јас тоа во секој случај го осудувам без разлика од кој пол доаѓа и врз кој пол е рефлектирано. Тоа е тотално сеедно. Прекршокот е прекршок.