Хипокризија и лицемерие.
Не дека вреди за некоја си боранија инфлуенсерка да си трошам време, нити пак ме интересира конкретниот случај. И нема да се фиксирам за истиот.
Ако имало сељачини што се иживувале врз девојкава (во стил на апла вознемирување), треба да си одговараат без дилеми.
Дека постојат сељачишта невоспитани, постојат. Но, дека постојат жени-змии, да не кажам кучки, мислам нема што да живееме во заблуда ако некој негира.
Најголемиот проблем е во хипокризијата и поделеноста околу ова прашање, пред се во поглед на реакциите што ги добива случајот.
Да не звучам многу дежа ву, ама страшно негативно изненаден од нашава феминистичка sjw "елита".
Заштити ја ќерка ти.
Едуцирај го син ти.
Сериозно? Стварно? Мислам нормални се со ова?
Демек не треба да се заштити/едуцира ќерката? Демек ние и само ние сме сељачишта? Која е поентата со вакво детско плачипичкарење и вперување на прст само кон една страна? До кога вака црно-бело ќе гледаме?
Како може еднострано да гледаат бе не ми се јасни. Како у трето оделение, ајде машки против женски. Детињаст памет.
Со ова погоре, тие поборници за женски права, рамноправност и слободи само додаваат масло на оганот, директно насочувајќи ја вината кон машкиот пол, кога проблемот е ЗАЕДНИЧКИ. Со вакви catchy сликички и бљувотини само се ствара уште поголема радикализација и уште повеќе ќе зазема страна а проблемот е очигледно обостран.
Директно напаѓаат цел еден пол пази... и после се чудат како така испровоцирани пишувале по социјални мрежи. Па нормално дека ќе пишуваат така, не се тоа луѓе со IQ од 100+ бе. Кога ќе го окривиш некој таков и ќе створиш драма на црно-бело гледишта, скроз предвидливо е како ќе реагира истата орка, и тоа нема да биде со интелектуални зборови, теории и фрази него со погрдни зборови.
Каде беа бе сите овие феминистки да креваат ваква галама по однос на жената која и извадија матка и х-други органи ради лекарска грешка во факинг НЕЛЕГАЛНА ГИНЕКОЛОШКА ОРДИНАЦИЈА? Каде?
Верувале или не, случајов наиде на пошироко медиумско внимание од куртон медиум како Сител, и после беше пренесено од дузина други. Ниедна од овие само-проповедани борци, интелектуалки и авангардни фаци не искочија А да кажат, него си продолжија business as usual, гивавеј кампањички и рекламни постчиња.
Каде се истите кога илјадници жени се ЕКСПЛОАТИРАНИ и РЕАЛНО малтретирани на дневно (не преку dick picks, туку реално, многу посериозно вознемирување)? Пред се алудирам на текстилните работнички кои се десетици илјади, верувам добар процент од нив имале искусено РЕАЛНО малтретирање. Да се изразам метафорички, тие текстилни работнички би сакале да бидат "вознемирувани" со слики од машки полови органи, каква РЕАЛНА и ВИСТИНСКА тортура и кршење доживуваат на дневно ниво...
Каде се истите да излезат и гласно да зборуваат и со ваква пасија да се заангажираат за сеопштата угнетеност на жените во државава? Или истите автоматски се вклучуваат во моментот кога ќе се јави јавна платформа да си споделат колку они се прогресивни, слепо мислејќи дека СПОДЕЛУВАЊЕ на фејсбук/инстаграм статус може да направи нешто или некаква промена. Ама тоа е, тоа стана инструмент за чистење на образот, помодарство и олицетворение ниската свест а доста големо его. Еве им аплауз/тапшање по рамо/ едно браво за тоа колку се прогресивни. Ама и слепи хипокрити во исто време.
Тоа е, знаеме дека нема social media juice и кеш во тие реални тематики и вистински угнетувања од трет свет, пошто сакаат полумозоците инстаграмџиски голотија, луксуз, убавина, напумпани усни, фини сликици, giveaways, слики од тераса на вила, некоја креативна фотка, добар аутфит... никако проблеми од трет свет. Такви ствари го дисруптираат матриксот. Секако, малце и ние да сме во тренд со регионов и Холивуд, додека живееме во вукојебштина и жабокречина од епски пропорции.
Сакаме холивуд а најбазичните ствари ни стојат несредени, игнорирани и гнијат се повеќе и повеќе. Тешко лицемерие.
Тие самите се објективизираат, а очекуваат да не бидат објективизирани од други, што есенцијално ги боли уво за "феминистичките" чувства на девојката што на крај од ден сама себе се (делумно или целосно) објективизира. Со тој пристап самите си пукаат во колено, и кон себе и кон движењето за еманципација и рамноправност. Девојки, токму тие инфлуенсерки себе-објективизирачки ви се најголем непријател, и навистина ми е жал што паѓате под нивно влијание, пошто (во фудбалски термин ќе се изразам) навивам за вас, ама главните играчи и капитенот ви се тиња и треба да играат општинска лига некаде...
Имаме реални проблеми во државава во поглед на родовата еднаквост... ова се во најмала рака минорни ствари кои се средуваат и адресираат подоцна во еволутивниот развој на едно општество.