Nudes (интимни фотографии / Јавна соба)

Член од
28 август 2013
Мислења
4.471
Поени од реакции
13.644
Има ли процентуална застапеност на државотворниот народ у таа соба?

Или тие не се замараат да си праќаат фотки со чупињата и си креваат наталитет?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.661
Поени од реакции
37.637
ај да напишам и јас нешто,
прво ќе кажам околу претходните коментари околу членот @Govinda под претпоставка за учество во „Јавна соба“,
...иако со Говинда овде на форумов имав лично помалку и повеќе непријатни ситуации и конфронтации, сепак ќе кажам дека дури и во смисла на забава и хумор кажано од некои членови тука, дека можеби тој бил админ на ,,Јавна соба,, не е баш вкусно, членот е долго време на форумов и треба да му го знаете неговиот хумор, отварањето на чакри, медитација и малку повеќе заебанции, но ваква споредба апосолутно Говинда не ја заслужува,
... Говинда членот колку непријатен и несакан, толку обожаван и симпатичен токму поради неговата отвореност и директност, без разлика дали некогаш малку повеќе претерувал, знаел кога да се повлече од женската особа токму на време, а не пак споредба дека имал врска со малолетните девојчиња во „Јавна соба“, тоа ниту на шала не смее да се спомне, затоа што некој може да прочита и токму како кажувате тука по барање на ИТ адресата да „го побараат“ поради вакво пишување тука, па да има непријатности од чиста мира,

... инаку, ова е време на Нет, ајфони и селфие и камери и нормално да има вакви проблеми во пубертетот, доволно е една малолетничка да го стори тоа и како домино сите ќе ја следат, а сето тоа ќе го злоупотребуваат токму тие кои имаат психолошки проблеми и хиперсексуални нагони и фетиши на војаерство, следење, заканување,
... и не само кај малолетничките туку кај сите жени тоа се случува без разлика на годините сакале признале сакале не, како што и мушките добиваат нагон да си ги покажат своите атрибути, тоа е тоа, нема тука што може да се направи се додека постои интернет и социјални мрежи и смарт телефони, не постои особа која не сака внимание, било женска било машка, само тоа некој претерано ја нагласува јавно, а некој ја преќутува, но сепак ја посакува и кај да е ќе се придружи,

... јас не гледам решение на ваква појава, затоа што таков е векот сега, а ниту полицијата не е на терен на секоја улица присутна дење и ноќе да патролира при вакви девијантни појави на напад на малолетнички, па и жени,
... единствено машките се попаметни од жените во тие експлицитни слики и испраќањето, што не си го покажуваат својот лик, туку само експлицитниот дел (половиот орган), додека жените сите експлицитни слики се попратени со својот лик целосно отркивајќи го својот визуелен личен идентитет,

... и околу свиркањето, довикувањето, погледнување и вртење на поглед од мушка страна кон жената, доколку тоа го прават здрави мушки индивидуи (а не со проблем во психолошкиот развој) го гледам како репер дека женската особа се потрудила да се дотера, се потрудила да ја одржи кондицијата, виталноста, елегантноста што го привлекува вниманието на спротивниот пол, а богами и од истиот пол, лично секогаш се загледувам не само во добар дисциплиниран телесно мушкарац, туку и во добра елегантно дотерана жена,
... така да јас барем лично, ако никој не реагира на мене кога идам на пат, тогаш тоа го гледам како нешто негативно, значи нешто не е во ред со мене, а не да ми пречи што некој ќе се сврти или свирне од спротивниот пол!
 
Член од
10 декември 2019
Мислења
77
Поени од реакции
222
Од тоа што читам, полицијата една година вршела истрага за претходната “Јавна соба.“
Кој беше лишен од слобода во меѓувреме и зошто никој?
Што сработила полицијата во меѓувреме?

Од шест илјади и кусур членови на групата, денес лишени од слобода биле четворица.
Ова ми изгледа како одличен начин за освета врз политички неподобни за власта личности и за да се покаже дека нешто како демек работат, а со прикривање на педофили експонирани во јавноста кои се од партиите на власт.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.298
Поени од реакции
84.434
... така да јас барем лично, ако никој не реагира на мене кога идам на пат, тогаш тоа го гледам како нешто негативно, значи нешто не е во ред со мене, а не да ми пречи што некој ќе се сврти или свирне од спротивниот пол!
Tебе лично, може да не ти смета што ти свиркаат и тоа е во ред, но, таа постапка е некултурна и непримерна. Таман и сите жени да ја сметаат за океј, пак е селска постапка.
ја не би ја праел ни тогаш, можат жените да мислат што сакаат.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
Хипокризија и лицемерие.
Не дека вреди за некоја си боранија инфлуенсерка да си трошам време, нити пак ме интересира конкретниот случај. И нема да се фиксирам за истиот.

Ако имало сељачини што се иживувале врз девојкава (во стил на апла вознемирување), треба да си одговараат без дилеми.
Дека постојат сељачишта невоспитани, постојат. Но, дека постојат жени-змии, да не кажам кучки, мислам нема што да живееме во заблуда ако некој негира.

Најголемиот проблем е во хипокризијата и поделеноста околу ова прашање, пред се во поглед на реакциите што ги добива случајот.

Да не звучам многу дежа ву, ама страшно негативно изненаден од нашава феминистичка sjw "елита".

Заштити ја ќерка ти.
Едуцирај го син ти.

Сериозно? Стварно? Мислам нормални се со ова?
Демек не треба да се заштити/едуцира ќерката? Демек ние и само ние сме сељачишта? Која е поентата со вакво детско плачипичкарење и вперување на прст само кон една страна? До кога вака црно-бело ќе гледаме?
Како може еднострано да гледаат бе не ми се јасни. Како у трето оделение, ајде машки против женски. Детињаст памет.
Со ова погоре, тие поборници за женски права, рамноправност и слободи само додаваат масло на оганот, директно насочувајќи ја вината кон машкиот пол, кога проблемот е ЗАЕДНИЧКИ. Со вакви catchy сликички и бљувотини само се ствара уште поголема радикализација и уште повеќе ќе зазема страна а проблемот е очигледно обостран.

Директно напаѓаат цел еден пол пази... и после се чудат како така испровоцирани пишувале по социјални мрежи. Па нормално дека ќе пишуваат така, не се тоа луѓе со IQ од 100+ бе. Кога ќе го окривиш некој таков и ќе створиш драма на црно-бело гледишта, скроз предвидливо е како ќе реагира истата орка, и тоа нема да биде со интелектуални зборови, теории и фрази него со погрдни зборови.

Каде беа бе сите овие феминистки да креваат ваква галама по однос на жената која и извадија матка и х-други органи ради лекарска грешка во факинг НЕЛЕГАЛНА ГИНЕКОЛОШКА ОРДИНАЦИЈА? Каде?
Верувале или не, случајов наиде на пошироко медиумско внимание од куртон медиум како Сител, и после беше пренесено од дузина други. Ниедна од овие само-проповедани борци, интелектуалки и авангардни фаци не искочија А да кажат, него си продолжија business as usual, гивавеј кампањички и рекламни постчиња.

Каде се истите кога илјадници жени се ЕКСПЛОАТИРАНИ и РЕАЛНО малтретирани на дневно (не преку dick picks, туку реално, многу посериозно вознемирување)? Пред се алудирам на текстилните работнички кои се десетици илјади, верувам добар процент од нив имале искусено РЕАЛНО малтретирање. Да се изразам метафорички, тие текстилни работнички би сакале да бидат "вознемирувани" со слики од машки полови органи, каква РЕАЛНА и ВИСТИНСКА тортура и кршење доживуваат на дневно ниво...

Каде се истите да излезат и гласно да зборуваат и со ваква пасија да се заангажираат за сеопштата угнетеност на жените во државава? Или истите автоматски се вклучуваат во моментот кога ќе се јави јавна платформа да си споделат колку они се прогресивни, слепо мислејќи дека СПОДЕЛУВАЊЕ на фејсбук/инстаграм статус може да направи нешто или некаква промена. Ама тоа е, тоа стана инструмент за чистење на образот, помодарство и олицетворение ниската свест а доста големо его. Еве им аплауз/тапшање по рамо/ едно браво за тоа колку се прогресивни. Ама и слепи хипокрити во исто време.

Тоа е, знаеме дека нема social media juice и кеш во тие реални тематики и вистински угнетувања од трет свет, пошто сакаат полумозоците инстаграмџиски голотија, луксуз, убавина, напумпани усни, фини сликици, giveaways, слики од тераса на вила, некоја креативна фотка, добар аутфит... никако проблеми од трет свет. Такви ствари го дисруптираат матриксот. Секако, малце и ние да сме во тренд со регионов и Холивуд, додека живееме во вукојебштина и жабокречина од епски пропорции.

Сакаме холивуд а најбазичните ствари ни стојат несредени, игнорирани и гнијат се повеќе и повеќе. Тешко лицемерие.

Тие самите се објективизираат, а очекуваат да не бидат објективизирани од други, што есенцијално ги боли уво за "феминистичките" чувства на девојката што на крај од ден сама себе се (делумно или целосно) објективизира. Со тој пристап самите си пукаат во колено, и кон себе и кон движењето за еманципација и рамноправност. Девојки, токму тие инфлуенсерки себе-објективизирачки ви се најголем непријател, и навистина ми е жал што паѓате под нивно влијание, пошто (во фудбалски термин ќе се изразам) навивам за вас, ама главните играчи и капитенот ви се тиња и треба да играат општинска лига некаде...

Имаме реални проблеми во државава во поглед на родовата еднаквост... ова се во најмала рака минорни ствари кои се средуваат и адресираат подоцна во еволутивниот развој на едно општество.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.347
Поени од реакции
30.707
Да се изразам метафорички, тие текстилни работнички би сакале да бидат "вознемирувани" со слики од машки полови органи, каква тортура и кршење доживуваат на дневно ниво...
Nekade vo Stip

- Mamo sho ima za jadenje
- Eve sine slika od kur sho mi prati na instagram eden petkostojmenovski67
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.927
Поени од реакции
19.285
Да не нема вакво нешто и од ваша страна? :icon_lol: Секако не зборам за педофилија и слично, ама вакви дојави ко за девојката од Кавадарци никој не може да ме убеди дека не постојат и кај жените.

Па иначе како ќе стане инфлуенсерка? :icon_lol:
Еве денеска одма ја викнале да гостува на точка.ком небаре она е тешка жртва ко таа актерката од Србија.

Ме изиритира тоа нејзино излагање во јавноста и од сите 7 минути колку што збори со неспремен текст и изјава, она едно добри 6 минути ја промашува поентата на нејзината слика објавена на таа платформа.

Од друга страна, лесно е да спинуваш со муабет `абе што ти е гајле тебе кој што објавува на соц.мрежи`
Не ми е гајле. Ама, која е потребата ти да објавуваш такви слики а притоа не си селебрити, не си манекенка, сликата не е од некоја еротска, полуеротска фотосесија и слично. Која е потребата ти да објавиш слика каде си по гаќи со кренати нозе и проѕирна маичка каде урлаат брадавиците? На отворен профил. Зошто го правиш тоа? Инфлуенсерство? Сакаш да бидеш позната?
Епа ќе бидеш бе сестро, на ваков начин, Северина кариера напраи така, Кардашијан исто.
Или ќе станеш селебрити со мозок ко милион успешни жени, или ќе бидеш ваква ефтина ко овие ваквите.

Као демек она е жртва пошто некој напраил скриншот од нејзина слика и ја пратил со нејзин број и дојава дека е лесна девојка и се дава после една вечера. *не ни проба да го демантира истото.
Епа што да ти кажат бе златна, еве ја девојкава книга пишува и работи на научен труд од областа на нуклеарна физика.
Нема.
Заклучи си го профилот и селектирај си го следачите, а не да прифаќаш и шуто и рогато и после абе сликава ми ја шернале.
-Само не ми коментирајте злоупотреба на приватност и слично.

Уште еднаш, честитки на инфлуенсерството.
И си во право и не си.
Точно, штом профилот ти е паблик се знае дека секакви манијаци можи да ти ги злоупотребат сликите, ама зошто побогу ако јас ставам слика на инста по костим за капење тоа мора да значи дека сум ефтина дроља и се е.ам за пари ?
Што по сликите ќе му судиме на луѓето ? Демек види ја оваа слика по купачи стави и се е.е, а шо да стави на плажа бе, мантија ?
На муабетот ќе го постирам ова тука :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.661
Поени од реакции
37.637
Tебе лично, може да не ти смета што ти свиркаат и тоа е во ред, но, таа постапка е некултурна и непримерна. Таман и сите жени да ја сметаат за океј, пак е селска постапка.
ја не би ја праел ни тогаш, можат жените да мислат што сакаат.
...ај биди искрен, ете како мушко, кој денес свири кон женско? може пред 100 години, ама денес сигурно - Не!
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.298
Поени од реакции
84.434
...ај биди искрен, ете како мушко, кој денес свири кон женско? може пред 100 години, ама денес сигурно - Не!
има
ама поретко е
свиркање, дофрлување...

Прошетај се у албански средини, па ќе збориме.
Автоматски споено мислење:

И си во право и не си.
Точно, штом профилот ти е паблик се знае дека секакви манијаци можи да ти ги злоупотребат сликите, ама зошто побогу ако јас ставам слика на инста по костим за капење тоа мора да значи дека сум ефтина дроља и се е.ам за пари ?
Шерувањето на твојата јавно објавена слика е една работа. Шерувањето на твојата јавно објавена слика, пропратено со такви лаги за тебе, или такви недолични коментари, откривање на информации, е друга работа.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.927
Поени од реакции
19.285
...ај биди искрен, ете како мушко, кој денес свири кон женско? може пред 100 години, ама денес сигурно - Не!
Аха не, има секакви, заостанати се во 2001, не само што свиркаат и дофрлаат зборови.
Сум била сведок седи со девојка му, поминува згодна девојка и вратот ќе го искрши, на широк сокак седни едно кафе пиј кај 13/14 часот и ќе наидиш на секакви будали кои по цел фен пијат кафе и оговараат за секоја жена шо ќе помини, сите се курви, сите се ебат за пари според нив.
А помини девојка така дотерана, средена одма знаат тие дека таа има спонзор инаку од кај пари да се облекува така, обично на тие таквите жените им се најголеми меракливки ама тоа е друга тема на муабет.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.459
Поени од реакции
16.668
Од тоа што читам, полицијата една година вршела истрага за претходната “Јавна соба.“
.., денес лишени од слобода биле четворица.
Ова ми изгледа како одличен начин за освета врз политички неподобни за власта личности и за да се покаже дека нешто како демек работат, а со прикривање на педофили експонирани во јавноста кои се од партиите на власт.
ако имало злоупотреба на малолетни лица, до сега некој ќе беше осуден..а вообичаено е и притварање на лица за закана за објава на интимни слики од полнолетно лице ако тоа го направиле како средство за изнуда или уцена, имаше доста такви случки со правна завршница... а само објава на слика и или тел.број на друго полнолетно лице без негова дозвола е предмет на граѓанска парница... а да потсетам дека и објава на туѓи телефонски разговори по медиуми без дозвола исто е казниво по закон, ама гекретарот на ГРОМ, кој граѓански го тужеше СДСМ за објава на негов приватен разговор , а тужбата беше отфрлена од основен суд Куманово, со образложение дека разговорот е објавен како и сите други бидејќи така решил ЦК на СДСМ :facepalm: ...
А што пак да се каже за објава на измислени работи, почнувајќи од Трако Вељановски, сега по изјавата на Фетаи да земе да поднесе кривични пријави проти дузини партиски тролови на ФБ, ќе превземе нешто МВР ?? Па имаше скоро на ФБ, се жали Бонева дека и измислиле секс скандал, а да потсетам и на ех председателката на Хрватска,Колинда, а која со години беше мета на објави на невкусни лажни фотографии.....
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Аха не, има секакви, заостанати се во 2001, не само што свиркаат и дофрлаат зборови.
Сум била сведок седи со девојка му, поминува згодна девојка и вратот ќе го искрши, на широк сокак седни едно кафе пиј кај 13/14 часот и ќе наидиш на секакви будали кои по цел фен пијат кафе и оговараат за секоја жена шо ќе помини, сите се курви, сите се ебат за пари според нив.
А помини девојка така дотерана, средена одма знаат тие дека таа има спонзор инаку од кај пари да се облекува така, обично на тие таквите жените им се најголеми меракливки ама тоа е друга тема на муабет.
Битола бе.....
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.298
Поени од реакции
84.434
Сум била сведок седи со девојка му, поминува згодна девојка и вратот ќе го искрши, на широк сокак седни едно кафе пиј кај 13/14 часот и ќе наидиш на секакви будали кои по цел фен пијат кафе и оговараат за секоја жена шо ќе помини, сите се курви, сите се ебат за пари според нив.
А помини девојка така дотерана, средена одма знаат тие дека таа има спонзор инаку од кај пари да се облекува така, обично на тие таквите жените им се најголеми меракливки ама тоа е друга тема на муабет.
седење у кафана и оговарање, гледање по жени,...

Све тоа што го опиша е скроз легално да се праи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom