Некој како да сака или работи да се случи таа забрана за трансфери. Не сакам неосновано да набедувам било кого, но не бил воопшто изненаден во едно такво сценарио.
Не би се согласил со тебе и некои други дека идејата на Комити е без капацитет на реализација. Можеби не 30.000 карти, но 10.000 е сосем остварлива цифра со една добра кампања, во која би била вклучени поранешни вардарови играчи, одредени ликови од јавниот живот. Поентата на муабетот ми беше друга. Дека не може ти како група да планираш и да најавуваш виртуелна продажба на карти во ситуација кога Вардар сеуште не стартувал со подготовки и нема ни таква најава. Се скока редоследот на чекори кои треба клубот да ги направи...