Рекламен материјал со големина помала од кутија цигари (во вид на визит карти). Две такви пратки, во пликоа. Вредност - ти кажи, али како и да е, многу е помала од твојата.
Шемата им е следна: Ти се јавуваат сабајле у девет, да речеме. Ти викаат пратката ви е задржна на царина, дајте ни овластување ние да ја цариниме, ама мора одма сега, иначе ќе остане за утре. Ние за инат најбрзо, истиот момент им доставуваме документи, али ете после ни се јавуваат дека сепак за утре останало царинењето. Утре, истиот муабет - дека поради икс причини не можела да се царини, па ај за задутре.
Ни доаѓа сметка од DHL 7000 и нешто! За тие две пликоа со два триесет картици и плус некои врвци за да се закачат картиците на врат!
Ја глеаш сметката и глеаш дека за царина има помалку од пола од сумата, а за DHL поголемиот дел, од кој најголем дел е за лежарина, што лежела стоката кај нив у магацин, дур дошла на ред за царинење.
Оваа финта ја праат DHL у договор со царина. Пошто ниту пратката е за царинење, ниту беше потребно да лежи кај нив у магацин толку време. Вака им извлекуваат нелегално пари на фирми повеќе, ама ете гледам и на поединци.
Затоа после две вакви слични искуства, преземавме нешто и сега најнормално си стигаат глупите пратки, со глупиот рекламен материјал, како да сме у нормална земја.
Со пошта има сличен проблем, во кој исто така игра улога тој што е најпаметниот човек на светот, кој треба да одлучи дали нешто и колку ќе се царини. Тука нив ги боли кур за тоа како е според закон, него некад слушам базука, панда и сиријски бегалци поминуваат без ништо, а некад хартиени марамчиња ги царинат со 2000 денари.