Верона со најдобрата одбрана прими 3 гола за 9 минути. Можеби и на нас ни се посреќи, кога викаат секој шут гол, Али важно победија...
Пелегрини доби жолт и нема да игра со Јуве, Али дојде Шарави, ги имаме спремни Мхтаријан, Педро и Перез, па дури и Пасторе од вчера е во опција за да игра, после 100 години
Е сега не знаеме каква е повредата на Смолинг, изгледа дека истегнат мускул, а ако е така нема да игра 2-3 недели. Но овој Ибањез имам приметено кога го ставиш на позицијата на Смолинг во средина игра многу јако, вчера беше ѕвер. Тој и странично Манчини и Кумбула, шта је ту је ..
Младиот десен бек Рејнолдс пристигна од САД, за кого се тепаа со Јуве за неговиот потпис, па да видиме дали вреди толку..
Мајорал игра одлично за шансите кои му се пружаат, веќе има 9 голови и 6 асистенции, веќе е изедначен со неговата најдобра сезона во Леванте, кога постигнал 9 гола, но сега сме на полусезона..
Се убаво, Али имаме огромен проблем на релација Џеко-Фонсека и незнам како ќе се разреши. Најлошо сценарио е да остане во Рома, а Фонсека да не го пушта до крај на сезона, а ние до вечер да не земеме шпиц, најдобро е кога би се помириле и Џеко да продолжи со нас до крајот на сезоната. Среден исход е до вечер да го трампаат со некој друг шпиц како позајмици до крај на сезона..