Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Колеги ве молам некој ако е запознаен со паѓањето од државна во приватна квота. Од летен семестар немам положено 50% од предметите но рачунав за во јануарскава да ги положам и ги имам спремано, ама денеска кога отворив на iknow за да ги пријавам предметите ми дојде известување дека поради неисполнување на условот за ЕКТС мора да преминам во Кофинансирање.Може некој да ми објасни?
Како предупредување е тоа, ако не ги положеш сга ќе паднеш у приватна, ако положеш ќе си останеш државна.
 
АОК некој база или испитни ако има да сподели :)
 
Што се случува кога ќе се запише семестар само со дипломска за бранење, може ли да се одбрани за брз период или ќе треба да се почека некое време за одреден термин?
 
Што се случува кога ќе се запише семестар само со дипломска за бранење, може ли да се одбрани за брз период или ќе треба да се почека некое време за одреден термин?
Јас така запишав. Нема правила. Се договараш со професорот(менторот) за тема, па од тебе зависи кога ќе сработиш и одбраниш. Тоа можеш да го направиш уште првата недела на почетокот на семестарот, а можеш и последната од рокот (до 20 март 2022). Ќе го почекаш професорот можеби 5-10 дена за да ти ја провери текстуалната документација (дипломскиот труд), па откако ќе ти прегледа може ќе имаш дополнителни поправки, а доколку сѐ е во ред, ти договара термин за бранење (нормално, со твоја согласност).

Од мене совет е да не чекаш до средина на ноември, бидејќи ќе треба празен семестар да запишеш (нелогичен трошок, но финки правило...)
 
Што се случува кога ќе се запише семестар само со дипломска за бранење, може ли да се одбрани за брз период или ќе треба да се почека некое време за одреден термин?
Јас ја завршив, ми ја одобрија и ми кажа професорот дека ќе ме извести кога ќе се договорат за термин. Еве веќе 20 дена чекам.
 
Јас ја завршив, ми ја одобрија и ми кажа професорот дека ќе ме извести кога ќе се договорат за термин. Еве веќе 20 дена чекам.

Колега чекаше 2 месеци, во тие 2 месеци немаше никаков контакт со професорот (ко да испарил од земјата) и 5-6 дена пред последниот рок му соопштуваат термин. Со среќа инаку :)
 
Вината е во студентите што не се упорни. Ако чекаш професорот да го диктира темпото, секогаш се чека до последен рок.

п.с. Професорите имаат редовно онлајн консултации, ништо не ве кошта да се појавите на наведениот термин и да ги замолите што поскоро да ви договорат :D
 
Дечки едно реално прашање - кој може да помогне за испит да реши АОК?
Значи не пишувајте коментари од тип:
-седни научи, можеш ти тоа,зарем не ти е тешко ИТН ИТН.
и онака нее за мене туку за колешка од колега едно добро дело :P
Секако, со паричен надомест. Позз
 
Здраво колеги,
Дајте коментари зошто да се земе, а зошто да не се земе Вештачка Интелигенција во 4 семестар.
Начин на полагање, тежина на материјал и теми на изучување исто доколку пишете би било добро.
Позз
 
Здраво, дали некој што слушал лани Бази на Податоци кај Велинов се сеќава колку беше границата за положување теорија?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom