Ме интересира како е поекономично и попаметно, дали:
1) На вечер да се остави климата на минимална температура ( 16 степени )
Или
2) Да се остави климата на малку повисока температура, како 18-19 степени
Да бидам искрен, не обожавам баш премногу да ми брчи климата додека спијам, па најчесто практикувам да ја оставам на 16-17 степени се со цел да не работи ( а сепак да е вклучена ) за подобар сон, но ме интересира дали така повеќе ќе потроши наредното утро кога ќе се пушти во споредба со ако работела/ модулирала вечерта на неколку степени плус.
Gree Fairy 3.5kw
Наместена во стара куќа каде што живеат баба и дедо, собата е околу 23 квадрати, без изолација ( само еден прозор е ПВЦ, другиот е железен, и влезната врата е железна ) и климата одлично ја загрева собата ( наместена на 22-24C, на вечер на 20C ), за сега се е во ред.
И уште едно мислење за втората клима, Tosot Muse Eco од 18к, наместена е во 15 квадрати соба со ПВЦ прозор, 10cm таванска изолација тервол, 8cm надворешен стиропор, и за сега сум презадоволен. Брзо загрева, не е нешто многу гласна, и за парите би рекол дефинитивно вреди, јас многу помалку очекував за клима од 18 000 денари.
I meni se nocria juce malo glasnije nego inace, prvi put da je cujem onako. Umela je ponekad ona plastika za zadnje strane malo da se cuje ali cim sam je stisao rukom vise se nije culo. Sada se smirila.
Ова е превземено од друг форум колку да се види дека и за поскапите клими се има забелешки на бука и крцкања што не значи дека се лоши климите.
Викендов малку ја пратев работата на Hisense TQ35 колку можев во присуство на повозрасните ,му го наместив и мерачето за Т на издув.Веке пишав дека е многу тивка при работа внатрешната/надворешната и е погодна за некого кои би спиеле во истата просторија. Издувот на надворешни ~+ 6С идеше оклолу 50-51 и тоа во втора брзина на вентилатор(немам податоци за количина),а за соодветниот простор каде што климата е сосема доволен да одржува ефикасно и на моменти дури да изгаси на 10-20 минути. Најмногу ми се допадна работата на аутофанот во комбинација Ifeel кој е без проблем ги шалта издувите по потреба од надополнување на Т во просторот.Прашањето си останува како работи на Т испод 0С* и при голема влажност.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.