Квалитетен дрвен шах со дрвени фигури каде може точно да се најде?
Ова ти е единствена продавница за шаховски реквизити во земјава:
https://m.facebook.com/chess.shop.mk/. Неможеш да најдеш поквалитетни и поубави сетови кај нас. Е сега нормално квалитетот си повлекува и цена. Доколку не ти се даваат толку пари за дрвен сет, пластичните/гумирани фигури им се исто така фантазија и не се скапи. Можеш да бираш отежнати (со разни тежини и тегови во фигурите) а имаат и обични. На крај краева доколку не се одлучиш за ништо од тука, на бит-пазар имаш дрвени сетови (со различни величини) за евтини цени, но и квалитетот не е ист. Исто така во затворот во Идризово памтам се продаваа многу убави дрвени сетови, рачна изработка, меѓутоа не знам дали продаваат уште, последен пат кога поминав беше празно. И за крај нешто квалитетно надвор од земјава:
https://www.svezasah.rs/. Се работи за српска продавница и имаат што ти душа сака, и во секаков стил (доколку си нов во ова постојат фигури со различен стил на изработка). Ако се договориш со нив прилично сум сигурен дека праќаат и во странство. Тоа е на кратко, за жал како земја сеуште сме неразвиени во овој поглед. Се надевам помогнав, поздрав.