место Серафимов да биде прв избор на десен они го земаа гревон Потиќ, на среден наместо македонско дете уше еден пензиќ Тарабокија
Ај кажи кое македонско дете?
Тарабокија не ни изигра нешто многу во Металург, прв избор беше Стефан Додиќ, на кого му беше понудено македонско државјанство но тој одби.
Многу е глуп тој наратив Вардар не форсирал македонски играчи па немаме сега репрезентација, а кој таленти ги имавме во тој период па не добиле шанса во Вардар, Стефан Трпчевски? Енего кај заврше во ебана Финска Лига, толку од квалитетот негов.
Факт е дека македонските играчи додека играја во Металург и репрезентацијата играше на повисоко ниво, нешто шо сега го гледаме со репрезентацијата на Португалија.
Ама шо е крив Самсоненко со проектот Вардар?
Дури и на почеток сите македонски играчи кој беа достапни во тој момент ги имавме во Вардар, Филип Лазаров, Стоилов, Петар Ангелов, Самсоненко лично го бараше и Кирил Лазаров во Вардар, донесен беше дури и Манасков ко "македонско дете " и покрај испадите кој ги имаше.
Вината е кај Минчо Јорданов, не ни имаше мадиња директно да му кажит на играчите на Металург дека толку од проектот, него со не плакање на плати ја растуре таа атмосвера во нивниот тим во најбитната година кога имавме најголема шанса да се пласираме на олимписки игри.
Капак на се македонските медиуми веќе не имаа пласирано во Рио, па после во репрезентација носеа психолози од Словенија за да се сносат со притисокот, и на крај се постраја со Тунис, ја изиграја најможната лоша утакмица шо можеше да се изиграт.
Ете колку Минчо Јорданов мислел добро за македонскиот ракомет, егзодусот кој наеднаш се десе беше најголема причина и за падот на играта во репрезентација.