Не ми е јасно како у ера на интернет, локални бациња ви се релевантни за некои ствари за кои апсолутно немаат поим. Ваш избор е секако, дали ќе користите традиционален тутун, електронска или iqos.
Но, информирајте се најпрвин убаво и темелно, а не преку рекла-казала муабети. Имате милион искуства по интернет, најдете си НЗС.
Јас користам електронска цигара (вејп) веќе 2.5 години. Претходно пушев 5 години цигари (цирка 10-20 цигари дневно, зависи, еве 15 просечно на ден).
И сеа, 2.5 години после "switch-oт", колку само штеточини од луѓе (пушачи) ми објаснувале дека тоа било поштетно од традиционалните цигари... не можам да ви опишам. И тоа ми пренесувале/цитирале објави од доказ.мк или популарно.мк тип на медиуми.
Истите као под набој "што се замишљаш (what, you think you're better than me?)" даваат негативни коментари и едноставно одвраќаат. Такви сме, сакаш нешто добро да смениш, цело време некој како со камчиња да мава од страна.
Но нејсе, јас ќе кажам од мое лично искуство иако е релативно кратко во поглед на iqos (индиректно преку девојка ми). Цигарите се далеку најштетни и тука нема дилеми. Мислам дека iqos е доста подобро со помалку штетни ефекти. Девојка ми користеше таков сличен механизам и можам да кажам дека пак ги има оние ефектите од цигари (шлајм и онаа тегоба на плуќа), многу намалени секако... додека пак со електронска цигара истите скоро и да ги нема, и да, според моето искуство и од она на девојка ми, можам да кажам дека електронска цигара е најдобро и најздраво решение. Секако, ова не го тврдам како научен факт, туку субјективно искуство кое не е во траење од неколку денови, него подолг период.
Башка што има еден тон различни вкусови, а не само ментол или чери ко што е пример со ајкос и тн.
Секако, електронска цигара е нова технологија и не се знаат долготрајните ефекти од истото, како и што е случај со ајкос. Но, од лично искуство можам да кажам дека да, навистина е МНОГУ, МНОГУ поздраво и помалку штетно од цигари. За истото, да чукнам у дрво, можам и објективно да сведочам преку систематски преглед и подобрен капацитет на плуќа, иако можеби тој параметар не е најрелевантен.
Некогаш знам мортус пијан во овие 2.5 години да запалам 1 цигара, мислам дека 2 дена после тоа ми тежи на плуќа.
Во поглед на цената, со вејп апарат, дури и да купувате течности готови од да речеме амбрела, нема шанси повеќе од 1500 денари месечно да трошите на течности, и тоа ако вејпате некој моќен апарат. Ако користите електронска цигара од оние долгите, со 700-800 денари ќе го истерате месецот лаганини.
Ако сами си ја подготвувате течноста со бази и со засладувачи и течен никотин, цената драстично опаѓа на месечно ниво, за вејп апарат зборам.
Незнам со ајкос како е точно, ама пак е поскапо од електронска цигара (сепак зависи до човекот), иако самиот апарат кај електронската е поскапичок, и има други давачки како на пример менување греачи и еднаш годишно нова батерија што треба да се купи.
Како и да е, трагично е во 21 век воопшто да се пуши било што освен (чист) канабис, а уште потрагично е покрај сиот спектар на ОБЈЕКТИВНО поздрави алтернативи дали ајкос или електронски цигари некој уште да пуши цигари.